Правила во Хроно исхрана

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Правила во Хроно исхрана (рестрикција)

Од 1986 година до сега хроно исхраната се менувала и усовршувала. Др.


Ана Гифинг како голем подржувач и промотор на овој вид на исхрана, за
своите пациенти вовела покрај останатото и фаза која е наречена –
Рестрикција. Тоа е период во кој телото се чисти и организмот се
прилагодува на нов начин на исхрана. Токму во оваа фаза најмногу се
намалува телесната тежина.
Трите основни принципи на кои се базира исхраната се: 1. Создавање
на алкална средина во организмот (обезкиселување) затоа што
закислувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни
заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.) 2. Правилен
временски распоред на дневните оброци – задолжителни се три главни
оброци во денот (доручек, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6
часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна, дозволен е внес
на вода и чаеви од билки 3. Глуциден индекс (ГИ) – брзината со која
одредени храни го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта (гликозата)
односно примена на така наречени спори шеќери, т.е. сложени
јагленихидрати во исхраната. Подолу може да ги најдете најважните
правила: • Периодот на рестрикција е задолжен. Минималниот период на
рестрикција трае 28 дена и е период во кој телото се прилагодува на
исхраната. Рестриктивниот период се применува се додека не се дојде до
посакуваната тежина, после тоа се преминува на вон рестриктивен режим.
• Во Хроно исхрана количините не се мерат, се јаде додека сме гладни, три
пати на ден во период од 4 до 6 часа, најправилно е 5,5 часа. • 30 минути
пред и по оброк не се дозвоелни течности (вода, чај, лимонада) • Кафе се
пие само 2 пати дневно и тоа 30 минути после доручек и ручек. Кафето не
е задолжително. Дозволено е какао 2 до 3 пати неделно. • Не се
комбинираат два протеина (риба и белки), два вида месо, два млечни
производа и јајца со млечно. Забрането е користење на: • Забранети се
секакви видови на сокови и засладени напитоци. Дозволена е минерална
вода до две чаши дневно. • Забранет е внес на шеќер, мед, натрен и други
засладувачи. Од засладувачи, дозволена е само Стевиа. • Забранети се сите
видови на млеко, освен домашно бадемово млеко. • Овошје не смее да се
јаде во рестрикција освен лимон и авокадо. • Забранет е маргарин.
Дозволен е путер и маст. • Забранет е секаков вид на оцет, дури и
домашен. Како замена се користи лимон. • Во рестрикција e забранет
мешункаст зеленчук како: грашок, пченка, компири, грав, ориз, боранија •
Забранети се соја и соини производи • Од алкохол дозвоено е само црно
суво вино, до 4 чаши неделно.
Појадок (jагленихидрати, протеини и масти)
Дозволени намирници: Житарки и намази: леб, мафини, палачинки,
јајца (до 8 цели јајца неделно, белките се неограничени), ајвар, хумус,
намаз од авокадо Сувомесни производи (протеини): сланина, пршута,
домашни сувомесни производи, чварки (поретко) Млечни производи
(протеини и масти): путер (до 20 гр. дневно), кисело млеко, грчки
јогурт, урда, фета сирење, домашно младо сирење, моцарела, кајмак
(ретко) Зеленчук: црвен и црн (домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж
морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена зелка); бел
(карфиол, печурки, стар кромид, лук); зелен (пиперки, тиквички,
краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад
кромид, прокељ) Правила за појадок: • Наутро прво се пие билен чај
(овошните чаеви не се дозволени) или млака вода со лимон. Половина час
после тоа може да се појадува. • Само за доручек се јаде леб и тоа
направен од некое од дозволените интегрални брашна од: ‘рж, хељда,
јачмен, овес и поретко спелта. Може да се прават палачинки, мафини,
вафли од интегрални брашна и дозволени намирници. • Само за доручек се
дозволени млечни производи, до 4 пати неделно. • Не е дозволено мешање
на два млечни производи или млечно со јајца. Јогурт не е дозволен. •
Кефир не е дозволен во рестриктивниот период. • За доручек може
домашно суво месo, пршута или сланина. • Од семки смее сончоглед, лан,
чиа, сусам. Неделно се дозволени вкупно 100 гр. семки • За доручек се
јадат цели јајца (белка и жолчка) во секаков облик, за ручек и вечера се
дозволени само белки. Идеи за појадок: • Рецепти од членовите на Хроно
Исхрана • Рецепти од HronoHrana • Избор на рецепти од Хроно готвачот
на др. Ана Гифин - http://bit.ly/hronogotvac
Ручек (протеини и зеленчук)
Дозволени намирници: Протеин: свинско месо, телешко месо,
мисиркино месо, пилешко месо, лосос, печурки Зеленчук: црвен и црн
(домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан, црни
маслинки, роквица, црвена зелка); бел (карфиол, печурки, стар кромид,
лук, ); зелен (пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата,
зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ, ) Правила за ручек: • За
ручек се јаде некое помасно месо со салата може и зелена и црвена •
Зеленчукот како цвекло, пашканат, морков, целер се јадат само свежи
Идеи за ручек: • Рецепти од HronoHrana • Избор на рецепти од Хроно
готвачот на др. Ана Гифин - http://bit.ly/hronogotvac
Вечера (протеини и зеленчук)
Дозволени намирници: Протеин: риба, пилешко, мисиркино, печурки
или белки Зеленчук: бел (карфиол, печурки, стар кромид, лук, ); зелен
(пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени
маслинки, брокула, млад кромид, прокељ, ) Правила за вечера: • За вечера
се консумира лесен протеин, како пилешко месо, бела риба, белки и само
зелен и бел зеленчук. • За вечера не е дозволено да се готви на путер или
маст. • Дозволени се крем супи од зеленчук во комбинација со протеин, со
исклучок на тоа кога имаме крем супа од печурки не се комбинира со друг
протеин, бидејќи е забрането мешење на два протеина како месо и
печурки. Идеи за вечера: • Рецепти од членовите на Хроно Исхрана •
Рецепти од HronoHrana • Избор на рецепти од Хроно готвачот на др. Ана
Гифин - http://bit.ly/hronogotvac
Хроно производи од маркет:
• Лебот во ХИ треба да биде домашен, но во исклучителни ситуации може
да се користи Тонус (било кој вид) и истиот треба да се тостира заради
квасецот кој го содржи во себе. Дозволен е и Манастирски Леб (Златец
oд ‘ржано брашно) кој не е потребно да се тостира. • Стевиа засладувач,
може да се најде во Зегин. • ‘ржано, јачменово интегрално брашно oд
брашнарата во Чаир. Брашната се пакувани по 5 кг. и чинат 160 ден. за
вреќичка. Интегрално пченично се продава по 120 ден. за 5кг. Брашнарата
се наоѓа на “Цветан Димов” бр. 90 и работи 17 часот. Може да го
контактирате чичко Љупчо (газдата) на 071 377 519 или 02 2612 421. • Од
ајвари дозволени се: Домашен ајвар на ВаВа, Баш Ајвер на Дием-ГП,
Домашен ајвар на Пајдаков, Домашен ајвар на Мама’с • Dijon senf
Maitre Marcel го има во Веро.
1000 зошто, 1000 затоа:
• Зошто кафето во Хроно e дозволено да се пие 30 мин после оброк?

Шопинг листа за
старт
MAJA VOJNOSKA·SUNDAY, 30 OCTOBER 2016

Житарки и брашна - интегрално ‘ржано брашно - интегрално


хељдино брашно - интегрално јачменово брашно - интегрално
спелтино брашно - овес - киноа - просо Масла - маслиново масло
- масло од семки од грозје - ладно цедено сончогледново масло -
сусамово масло - свинска маст - путер Месо - пилешко свежо
месо - мисиркино свежо месо - телешко свежо месо - свинско
свежо месо - риба - туна конзерва во вода или во маслиново
масло Сувомесно - печеница - сланина - пршута - домашни
колбаси - домашен кулен - свински врат
Млечно - моцарела - фета - кајмак - кисело млеко - јајца - урда
Семки - чиа - сусам - лен - ким - сончоглед - бадеми
Зачини - оригано - кари - босилек - куркума - бибер - кориандер -
црвен пипер - магданос
Зеленчук - црвен и црн (домати, црвен пипер, свежо цвекло,
свеж морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена
зелка) - бел (карфиол, печурки, стар кромид, лук, ) - зелен
(пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата,
зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ, ) Овошје -
лимон - авокадо
Друго - химaлајска сол - псилиум - сода бикарбонa - засладувач
Stevia - Dijon сенф - aјвар

You might also like