ХРОНО ИСХРАНА БР 1

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

ХРОНО ИСХРАНА- РЕСТРИКЦИЈА

-Три оброка: доручек, ручек и вечера


-Временско растојание помеѓу оброците е од 4-6 саати (идеално 5,5 )
- Се пие само вода, лимонада(без шеќер), чај(само билни) и кафе (без млеко и шеќер)
до две дневно и тоа 30 минути после доручек и 30 минути после ручек. Исто така и вода,
чај, лимонада не се пијат пред оброк и после оброк половина час.
-Сокови и газирани пијалоци НЕ се дозволени.
Кисела вода може до две чаши на ден.
-Мастики и бомбони ЗАБРАНЕТИ!
-Наутро на празен стомак се пие топла лимонада или билни чај, па после пола саат следи
доручек.
-После оброците 2 часа НЕМА спиење.
-Количините на храна се НЕОГРАНИЧЕНИ, така да јадете колку сакате. Но не заборавајте
дека умереноста е клуч на се.
-Алкохол не е дозволен, освен црвено вино до 4 чаши неделно заедно со ручек (но не е
страшно ако се земе понекогаш и со вечера).
-Секаков вид на шеќер НЕ Е ДОЗВОЛЕН, исто така и овошје не се јаде.
-Авокадо смее да се јаде во сите 3 оброци.
- Стевиа може да се користи како засладувач, но само онаа која во составот пишува 100%
или 99% стевиа.
-Бело (пченично) брашно не е дозволено!
-Брашна кој се користат во рестрикција се: Овесно, Хељдино, Спелта, Р’жано, Јачменово и
сите теста се користат исклучиво за доручек.
-Житарици од цело зрно се дозволени (за доручек): Хељда, Просо, Јачмен, Овес (овесни
снегулки не се јадат).
-Сусам, Ленено семе, Ким, Сончоглед (непечен) се користат наутро за доручек кога месите
леб.
-Дозволени купечки лебови се: Манастирски р’жан на Златец (овој леб не се тостира пред
употреба), Тонус (обавезно тостирање), Био на Фурна Диме ( обавезно тостирање).
Лебовите се тостираат затоа што содржат квасец, а квасец во Хроно е забранет.
-Масти кој се дозволени за припрема на храна се: свинска маст, кокосово, од грозје,
путер, маслиново за салати.
-Путерот спаѓа во масти, така да можете да го комбинирате со млечни производи за
доручек.
-Млечни производи се јадат само за доручек до 3 пати неделно. Дозволени се: кисело
млеко, млада моцарела, фета сирење, а павлака и урда многу ретко максимум 2 пати во
месецот. Млеко и јогурт не се дозволени! (Млеко е дозволено само бадемово домашно).
-Јајцата се доста здрави. Цело јајце се користи за доручек, а белките за ручек и вечера.
-Јајца и млечни производи не се мешаат.
-Месни преработки се јадат само за доручек: печеница, свински врат, пршута, чварки,
колбасици од една врста на месо... и нив можете да ги комбинирате со јајца, како и со
млечни производи.
-Црвено месо се јаде за ручек.
Дозволени се сите црвени меса: свинско, јунешко, говедско... тие спаѓаат во во тешки
протеини и се јадат само за ручек, но за ручек можете да јадете и бело месо или некоја
помасна риба.
-Од зеленчук се јаде се и на сите можни начини, но најубаво е како салата. За ручек се
јаде секој зеленчук, а за вечера само зелен и бел. Цвекло, морков, целер се јадат само
свежи, никако готвено.
-Компир, Грашак, Боранија, Грав, Ориз, Леќа НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ во рестрикција.
-Оцет НЕ се користи, наместо него салатата ја конзумираме со Лимон.
-Пилешко бело месо, Риба, Белки, Печурки се јадат за вечера со зелено-бела салата.
-Никако да не се мешаат две врсти на месо во еден оброк.
-Не смеат два исти оброка на ден. Пример ако за ручек јадеш пилешко, за вечера ќе јадеш
белки, или печурки, или риба. (ова важи за дозволените работи што се поклопуваат за
ручек и вечера, мора оброците да се разновидни да не се поклопуваат).
-Зачини: Обична сол не се користи, се користи Хималајска или Морска, Вегета не се
користи. Останатите зачини се во ред.

You might also like