Professional Documents
Culture Documents
ЖФК Љуботен -Statut- 2017.
ЖФК Љуботен -Statut- 2017.
ЖФК Љуботен -Statut- 2017.
ЉУБОТЕН - Тетово
С ТАТУТ
на здружението
08.08.2017 година
Врз основа на член 16,18 и 23 од Законот за Здруженија и фондации
(Службен весник на Република Македонија бр.52/10 и 135/11) и според
член 10 став(1) од Законот за спортот (“Службен весник на Република
Македонија”29/02,66/04,81/08,18/11,51/11,64/12,148/13,187/13,42/14,13
8/14,177/14 и 72/15) и одредбите од Статутот на Здружението на
женскиот фудбалски клуб ЉУБОТЕН – Тетово, Собранието на Здружението
на Клубот ( во понатамошниот текст: ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово, на
основачкото собрание, одржано на ден 08.08.2017 година донесе:
С Т А Т У Т
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Здружението на граѓани ќе го носи името: ЗДРУЖЕНИЕ ЖЕНСКИ
ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН (во понатамошниот текст скратено име
ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово).
Член2
Седиштето на Здружението на граѓани ЖФК ЉУБОТЕН е во
Тетово на ул „Иво Лола Рибар“ бр.226. Здружението ќе дејствува на
територијата на Република Македонија и пошироко.
Член 3
Здружението ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово е здружение формирано со
слободно здружување на граѓаните, заради остварување и
усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и
активности со цел за подобрување на физичката
кондиција,спортскиот дух, натпреварување во фудбалските лиги на
ФФМ, како и остварување на економски, социјални, културни, стручни,
технички, хуманитарни, образовани, спортски и други права и интереси
во согласност на уставот и позитивните законски прописи на Република
Македонија.
Член 4
Граѓаните се здружуваат во Здружението ЖФК ЉУБОТЕН – Тетово заради
остварувања на поширок општествен интерес преку што се задоволуваат
потребите од стручен и друг аспект на помош.
Член5
Здружението ЖФК ЉУБОТЕН – Тетово своите цели,задачи и дејности
ќе ги остварува согласно Уставот на РМ, овој статут, статутот на ОФС
Тетово и статутот на ФФМ, како и други законски норми кои ја
уредуваат и регулираат материјата од оваа област.
Член 6
Член на здружението на ЖФК ЉУБОТЕН – Тетово може да биде секој
полнолетен граѓанин-државјанин на Република Македонија, кој доброволно
2
ќе пристапи кон здружението со давање на писмена изјава.
Зачленувањето во здружението се врши со пристапница, односно со
издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на
членувањето во здружението, задолжително се враќа.
Здружението ЖФК ЉУБОТЕН – Тетово за своите членови води регистар
на членство, кој се ажурира еднаш годишно.
Член 7
Членот има право да биде биран во органите и телата на здружението,
да учествува во работата на здружението и да придонесува во развојот
и популарноста на истото.
Член 8
Обврски на членовите на здружението се:
-редовно да ја плаќаат членарината;
-да присуствуваат на состаноците;
-да земаат активно и конкретно учество во спроведување на програмата
за дејствување на здружението.
Член9
Здружението ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово го претставува и застапува
претседателот избран од редовите на членовите.
Член 10
Здружението на ЖФК ЉУБОТЕН – Тетово е правно лице.
Здружението на ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово, има свој печат и штембил.
Член 11
Работата на здружението ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на
членовите на здружението на граѓани-членови за сите облици на работење
со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување
извештај за работење, со редовно одржување на состаноци на целото
членство, навремено известување за сите одржани случувања а воедно
и информирање за предвидените активности во блиско време,
информирање за постигнатите резултати и коментари околу
задржување на успехот или подобрување на резултатот, навремено
објавување во печат на засегнатата јавност за постигнатите резултати
и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавнос се користи средствата
за јавно информирање (електронски и пишани), како и стручно
информативните списанија на ОФС Тетово и ФФМ.
3
ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ
Член 12
Цели на ЖФК ЉУБОТЕН Тетово се:
- Социјално воспитување на членството, хуманизација на
меѓучовечките односи, збогатување на содржината на
искористување на слободното време;
- Собирање на што поголем број на членови, фудбалери,
симпатизери на фудбалот;
- Грижа за нормално работење и обезбедување на нормални и
потребни услови за екипите во рамките на клубот;
- Развивање на пријателски и спортски односи со други фудбалски
клубови во општината и републиката како и од други земји во
рамките на усвоените принципи и спогодби на тековна соработка;
- Формирање на пионерска, кадетска, младинска и сениорска екипа;
- Спроведување на одлуките и ставовите и заклучоците на сите
спортски форми од областа на спортот, особено на фудбалот;
- Подигнување на свеста кај младата популација за значењето
на фудбалот како спорт и нивно поголемо вклучување во
фудбалскиот клуб.
- Обезбедување услови за одвивање на тренинзите и
претстојните натпревари со максмилен ангажман за развивање на
спортскиот, а воедно и тимскиот дух и развивање на чувството за
тимска работа и колектив.
ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА
Член 13
Здружението ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово остварува средства од: членарина,
донации, спонзорства и од други поводи и начини.
Член 14
Користењето и располагање со средствата на здружението, добиени по
основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој статут и
останатите законски норми.
Член 15
Користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на
здружението согласно со надлежностите утврдени со овој статут, кои
преземаат мерки и активности за економско целесообразно користење на
средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
Член 16
Здружението, донесува годишен финансиски план за приходите и расходите
на здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 13 од
статутот, како и расходите за општествената активност, за плати на
вработените, хонорари на тренери, нивни помошници, играчи и за тековно
работење, за заедничка потрошувачка на вработените и тренерско-
играчкиот кадар, материјални трошоци за работа на здружението и други
4
расходи сврзани со работата.
УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 17
Со здружението, управува организирано членството на здружението
непосредно и преку свои претставници во органите и телата на
здружението.
ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 18
Органи на Здружението се:
1. Собрание;
2. Управен Одбор;
3. Надзорен Одбор
4. Претседател.
Член 19
Член 20
Седници на собранието свикува претседателот на здружението.
Претседателот на здружението го избира собранието на здружението.
Мандатот на претседателот на здружението трае 4 години, со можност за
повторен избор.
Седница на собранието се свикува и по предлог на Управниот Одбор на
здружението или на една петтина од вкупниот број на членовите на
собранието.
Ако претседателот на здружението во рок од 14 дена од денот на дадениот
5
предлог не свика вонредна седница на собранието, седницата ја свикува
Управниот одбор или иницијаторите на истата.
Седница на собранието може да се свика и по предлог на Надзорниот одбор.
Начинот на свикување на седницата на собранието на здружението се
определува со деловникот за работа на собранието.
Член 21
Член 22
Член 23
Управниот Одбор на здружението е извршен орган на собранието во кој
секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и
развојот на здружението во согласност со статутот.
Член 24
Управниот Одбор на здружението, брои 5-7 члена.
Управниот Одбор го сочинуваат претседателот на здружението и 4-6 члена
кои ги избира собранието.
Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години, со можност за
повторен избор.
6
Член 25
Во надлежност на Управниот одбор се:
- ги спроведува статутарните и програмските задачи на
здружението, како и одлуките и заклучоците на собранието;
- донесува и реализира годишна програма за работа;
- предлага измени и дополнувања на статутот;
- донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува
договори;
- свикува седници на Собранието и припрема материјали;
- Именува и разрешува секретар на Здружението;
- донесува одлуки за формирање на постојани и привремени
комисии и ја насочува нивната работа;
- организира и активно учествува во организирање на разни
акции и манифестации;
- донесува одлуки за награди,пофалници и признанија;
- донесува одлуки за набавка и отуѓување на основни средства;
- дава согласност на правилникот за организација и
систематизација на работата и работните задачи, односно работните места
на стручната служба на Здружението
- донесува одлуки по приговори и жалби;
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на статутот
на здружението.
Член 26
Управниот одбор за својата работа е одговорен пред собранието на
здружението.
Управниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.
Седницата на Управниот одбор ја свикува претседателот.
Предлог за свикување на Управниот одбор може да поднесе една половина
од Управниот одбор, една третина од претставниците на собранието, по
предлог на Надзорниот одбор.
Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство
член на кој ќе му се даде таа улога и должност од Управниот одбор.
Управниот одбор полноважно може да работи ако на седницата присуствува
мнозинството.
Управниот одбор по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови
од присутните членови на седницата.
Член 27
Член 28
За извршување на административно-стручни,помошни и на нив слични
работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на
здружението, се формира стручна служба на здружението.
Член 29
Правата и одговорностите за работа на вработените во стручната служба ги
утврдува секретарот на Здружението, во согласност со законските норми и
статутот.
Член 30
Средствата за работа на стручната служба се определуваат со финансискиот
план секоја година.
Член 31
Со стручната служба на Здружението раководи секретарот.
Секретарот го именува и разрешува Управниот одбор.
Секретарот за својата работа е одговорен пред Управниот одбор.
Член 32
Права, обврски и надлежности на секретарот се:
- секретарот на стручната служба раководи со работата на
стручната служба;
- секретарот е одговорен-работоводен орган и ги извршува сите
права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи и
колективните договори;
- секретарот може да биде потписник на сметката на
Здружението,како и претседателот, доколку така одлучи Управниот одбор;
- секретарот се ангажира во извршувањето на финансискиот план
и програма за работа;
- секретарот се грижи за благовремено извршување на одлуките и
заклучоците донесени од собранието и Управниот одбор;
- во правниот промет, секретарот презема дејствија и мерки во
име и за сметка на ЖФК ЉУБОТЕН - Тетово се грижи за правилната
примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши
здружението;
склучува договори, спогодби во име за сметка на здружението, доколку го
овласти Управниот одбор.
Член ЗЗ
Здружението во правниот промет и во контакти со јавноста ќе го
претставува и застапува претседателот на здружението.
ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 34
Член 35
Одлука за престанок на здружението донесува собранието со двотретинско
мнозинство од сите членови на собранието.
Член 36
Член37
Член 38
Измени и дополнување на овој статут се вршат по иста постапка, како и за
негово донесување.
Член 39
Овој статут влегува во сила со денот на донесувањето, донесен на ден
08.08.2017 година.
.
ЖФК ЉУБОТЕН-Тетово
Претседател,
Александар Пишовски