Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Жените и мажите во иднината

Еднаквоста помеѓу мажите и жените воспоставува основни права за сите


и основни вредности за секоја демократија. Со цел да биде остварено, ова
право не само што треба да биде легално препознатливо, туку и ефективно да
биде применето на сите сфери од животот: политичката, социјалната,
економската и културната.
И покрај бројните примери на јавна препознатливост и постигнат напредок,
еднаквоста помеѓу половите сèуште не е реалност во секојдневиот живот. Во
пракса мажите и жените не ги уживаат истите права. Сèуште постојат
социјални, политички, економски и културни нееднаквости, како на пример
нееднаквост на платите и нееднаква политичката застапеност.
Меѓународната организација на трудот во својот извештај од 1993
година ,базиран врз анкета спроведена во 41 држава , заклучи дека на жените и
се потребни уште 1000 години за да можат да и парираат на политичката и
економската сила на мажите.
Ваквите нееднаквости се резултат на социјалниот менталитет наметнат поради
бројни стереотипи присутни во рамките на семејството, образованието,
културата, медиумите, работната средина, организацијата на општеството. Има
толку многу области во кои може да се делува со наметнување на нов пристап
и правење на структурни промени. Пекиншката декларација од септември 1995
година ги обврзува државите членки на Обиденетите нации за подобрување на
статусот на жените во јавниот и приватниот живот.
Доколку сакаме да изградиме заедница што се базира на еднаквост, многу е
битно локалните и регионалните органи на власта целосно да ја земат во
предвид половата димензија и да ја вметнат во своите правила на управување,
организација и практично работење. Во денешницата и во иднината,
вистинската еднаквост помеѓу мажите и жените е исто така клучот за нашиот
економски и социјален успех - не само на европско и национално ниво, туку и
во нашите региони, градови и општини.

Изработил:
Елена Јакимовска

You might also like