Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Национална гастрономска кујна од осоговскиот регион

Ментор Кандидат Благица Ташова


Проф. д-р. Горан Антониевски број на индекс 177081

Штип, ноември 2023


Содржина
Краток извадок......................................................................................................................................3
Abstract.....................................................................................................................................................5
Вовед........................................................................................................................................................6
1. Осоговски регион- краток опис...................................................................................................7
2. Гастрономски туризам во Осоговскиот регион.....................................................................8
3. Карактеристична гастрономска понуда....................................................................................9
Заклучок.................................................................................................................................................13
Користена литература.......................................................................................................................14

1
НАЦИОНАЛНА ГАСТРОНОМСКА КУЈНА ОД
ОСОГОВСКИОТ РЕГИОН

2
Краток извадок

Гастрономија е наука за соодносот помеѓу културата и храната. Честопати


поимот гастрономија погрешно со поврзува исклучиво само со готвењето, но тоа е
само мал дел од оваа дисциплина: не секој готвач е и гастроном. Гастрономијата
изучува различни културни компоненти со храната како точка на фокус. Така, таа е
сродна на убавите уметности и општествените науки, па дури и на природните
науки во контекст на варењето на храната во човековото тело. Главните
активности на гастрономот се откривање, испробување, искусување храна,
вршење истражувања за храна, утврдување на наученото и пишување за истата.
Затоа гастрономијата е интердисциплинарна активност.

Источниот плански регион, покрај оризот има и други автентични


полновредни и здравствено безбедни гастрономски производи кои успешно можат
да се пласираат на туристичкиот пазар. Постоечките потенцијали воопшто не се
искористени во насока за развој на туризмот. Неопходно е да се направи
мапирање на производите, нивна заштита и промоција. Исто така, неопходна е
едукација во насока на развој на гастрономскиот туризам.

Клучни зборови: култура, готвење, производи, туризам

3
NATIONAL GASTRONOMY KITCHEN OF THE OSOGOV
REGION

4
Abstract

Gastronomy is the science of the relationship between culture and food. Often
the term gastronomy is mistakenly associated exclusively with cooking, but this is only a
small part of this discipline: not every cook is also a gourmet. Gastronomy studies
various cultural components with food as the focus point. Thus, it is akin to the fine arts
and social sciences, and even to the natural sciences in the context of the digestion of
food in the human body. The main activities of a gastronome are discovering, trying,
experiencing food, doing food research, determining what has been learned and writing
about it. That is why gastronomy is an interdisciplinary activity.

The eastern planning region, in addition to rice, has other authentic full-value and
health-safe gastronomic products that can be successfully marketed on the tourist
market. The existing potentials have not been used at all in the direction of tourism
development. It is necessary to map the products, their protection and promotion.
Education in the direction of the development of gastronomic tourism is also necessary.

Keywords: culture, cooking, products, tourism

5
Вовед

Гастрономијата како наука во Македонија речиси воопшто не е развиена и


постојат многу мал број пишани материјали од оваа област. Гастрономијата и
туризмот се неодвоиво поврзани.Секој турист сака да истражува вкусови кои се
различни од вкусовите кои може да ги вкуси во својата средина.

Автентичната и органски произведена храна, како и пијалаци претставуваат


значаен сегмент на секој туристички производ кои влијаат за развојот на
туристичката дестинација. За жал, тие во Македонија не се доволно валоризирани
и затоа автентичната храна и пијалаци не се користат како компаративна
предност. Гастрономскиот туризам претставува дел од културниот туризам каде
преку храната се истражува и открива културата и историјата на одредена
средина. Покрај културниот туризам кој својата основа ја има во старите
традиционални јадења, гастрономскиот туризам се заснова и на одредени
традиционални пијалаци, како што е винскиот туризам. Значењето на
автентичните, специфичните и органски производи е големо и може да придонесе
на развој како на туризмот така и на земјоделието, индустријата на храна и многу
други гранки, со еден збор да придонесе за економски развој. Гастрономскиот
туризам се разликува од агро-туризмот бидејќи претставува подгрупа на
културниот туризам, а агро-туризмот е подзбир на селскиот, но и на
гастрономскиот туризам. Во секој случај, гастрономскиот и агротуризмот се
нераскинливо поврзани. Македонија, а и Осоговскиот регион располагаат со низа
специфични и автентични јадења за чија подготовка се користат автентични или
органски одгледани билки и животни.

Посебно интересна земјоделска култура за Осоговскиот регион е оризот.


Развојот на културниотгастрономски туризам преку патеките на оризот
претставува конкурентна предност на Осоговскиот регион. Виното, храната и
туризмот се нераскинливо поврзани, но дури од неодамна улогата што тие ја
играат во привлекување на туристите во одредена дестинација е експлицитно
признаена.

6
1. Осоговски регион- краток опис

Осоговските Планини, односно Осоговскиот регион е најголемиот планински


масив во источниот дел на Македонија. Планините се богати со шуми, извори,
растенија и вкусни шумски плодови. Осоговските Планини во своите пазуви
чуваат многу тајни, ендемични видови, па дури и скриено богатство. Осоговијата
изобилува и со рекреативно-излетнички места погодни за разонода:

 Калин Камен, туристичко-рекреативен центар Пониква;


 Цепен Камен, каде има рибници со пастрмки;
 Бела Вода, каде што се одгледува органска храна;
 Станечки водопади заобиколени со високи карпи погодни за алпинизам;
 Врв Чупино Брдо; и
 уште многу други за коишто ќе ви раскажат мештаните на осоговските села
од разбиен тип.

Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што може


да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух и во
лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови. Предностите на
Осоговијата ги сознале уште припадниците на армијата на кралството на
Србите, Хрватите и Словенците, кои таму изградиле санаториум и за
рехабилитација на српските војници ранети во Балканските војни и во Првата
светска војна. Дел од тие објекти сѐ уште постои, раштркани по благите
падини на Осоговските Планини, а некои се урнале.

7
2. Гастрономски туризам во Осоговскиот регион

Користа од гастрономскиот туризам за Осоговкиот регион вклучува:

• Зголемена побарувачка за земјоделските производи и гастрономски


специјалитети;

• Градење бренд;

• Маркетиншки информации за производителите и добавувачите (непосреден увид


во вкусовите на потрошувачите);

• Едукативни можности за посетителите, но и за локалното население;

• Регионална и локална дистрибуција и потрошувачка;

• Заштита на интелектуалната сопственост.

Осоговскиот регион, покрај оризот има и други автентични полновредни и


здравствено безбедни гастрономски производи кои успешно можат да се
пласираат на туристичкиот пазар. Постоечките потенцијали воопшто не се
искористени во насока за развој на туризмот. Во креирањето, обликувањето,
развојот и организација на гастрономските потенцијали на Осоговскиот регион
мораат да учествуваат како институциите така и сите туристички субјекти.
Неопходно е да се направи мапирање на производите, нивна заштита и
промоција. Исто така, неопходна е едукација во насока на развој на
гастрономскиот туризам.1

1
Н. Панов, Основи на туризмот, Скопје, 2004 год.;

8
3. Карактеристична гастрономска понуда

„Пивтијада“

„Пивтијада“ е манифестација којашто се одржува на 19-ти јануари на


православниот христијански празник Богојавление - Водици. На овој настан се
изложуваат голем број порции на пивтии со најразлични декорации.(сл.1) Целта
на оваа манифестација е одбележување на празникот и зачувување на
традицијата од ова поднебје. Организатор: Општина Крива Паланка2

Слика 1: „Пивтијада“ – Крива Паланка


Figure 1: The Aspic Festival – Kriva Palanka

„Василичен коктел“

Овој коктел бил организиран под покровителство на претходната прва дама


на Пробиштип, Марина Тоневска. Настанот се одржува на денот на Василица, 14-
ти јануари, и се плаќаат карти за влезници, а собраните пари се донираат. На
коктелот се делат погачи во кои има паричка за избор на кума на наредниот

2
Антониевски, Г. (2012) Национален источен готвач. Штип: 2-ри Август

9
„Василичен коктел“, а програмата е надополнета со културноуметнички содржини.
Организатор: г-ѓа Марина Тоневска.

„Зелникот на баба“

„Зелникот на баба“ е манифестација што се одржува во Пробиштип и има


цел да го промовира специјалитетот карактеристичен за македонската
гастрономија – зелникот.(сл.2) Најразлични видови зелници карактеристични за
овој предел се изложуваат, а воедно настанот има и натпревар во брзо сукање.
Се печат и зелници под вршник. На овој настан има учесници од повеќе општини
од Северна Македонија, Република Бугарија и од Република Србија. Организатор:
Општина Пробиштип.

Слика 2: „Зелникот на баба“ - Пробиштип


Figure 2: Grandmother´s zelnik – Probishtip

„Велигденска традиција“

Оваа манифестација се одржува во Крива Паланка на третиот ден од


Велигден. Манифестацијата е посветена на велигденските обичаи и традицијата
поврзана со чествувањето на големиот христијански празник Велигден. Се
поставуваат велигденски трпези, се дегустираат слатки и солени специјалитети од

10
овој крај, а се изложуваат и велигденски изработки и украсени велигденски јајца
приготвени од учесниците од најразлична возраст. Настанот има натпреварувачки
карактер: за најубаво украсено велигденско јајце, за најубава рачно изработена
декорација со велигденски мотиви и натпревар за најцврсто јајце. Овој настан има
и хуманитарен карактер. Организатор: Градска установа Музеј на Крива Паланка и
Општина Крива Паланка.

„Пијанечки денови на сливата“

Овој настан се одржува во општина Делчево во септември и целта е


промоција на сината слива којашто е карактеристична за Пијанечкиот Регион. На
настанот се прикажува начинот на кој се произведуваат сите традиционални
производи од слива, а се карактеристични за Пијанец како што се: сливова ракија,
мармалад и слатко од сливи, а се изложуваат и традиционалните производи
подготвени според старински рецепти, но и според модерни рецепти. Истите
можат да се купат и да се дегустираат на самото место. Карактерот на овој настан
е натпреварувачки и тоа во делот кој ќе произведе „највесела“ ракија, највкусен
мармалад и најубаво украсен штанд. Програмата е надополнета со културно-
уметнички изведби. Организатор: Општина Делчево.

„Денови на кочанскиот ориз“ – септември/октомври

Оваа манифестација е една од најстарите и за првпат се одржала во 1992


година. Целта на оваа манифестација е да се следи оризот од нивата до
трпезата, т.е. да се промовира целиот процес на одгледување на оризот и
исхраната од оризот. Целата манифестација е во знакот на традицијата и
македонската култура (преку народната носија, некогашното македонско
стопанство итн.). Овој настан со тек на времето има прераснато во тридневен
фестивал во кој има различни активности. Меѓу централните активности се:
изборот на жетварска убавица, зажнејување и вршидба на површини на
Земјоделскиот институт во Кочани, како и богато културно – уметничка и музичка
програма. Овој настан има и меѓународен карактер бидејќи учество земаат и
фолклорни групи од Бугарија, Србија, Турција, Украина, Словенија и БиХ.
Организатор: Општина Кочани.

11
„Самун ем татлија“

„Самун ем татлија“ е манифестација која трае три дена. Истата се одржува


секоја есен во Радовиш на неколку локации во градот. Меѓу многуте радовишки
гастрономски специјалитети централното внимание е секако на двата - самунот и
татлијата. Угостителските објекти се тие кои со своите производи (самун и татлија)
го прават овој настан значаен за промоцијата на гастрономската култура во С
Македонија. Целата манифестација е придружена со изведба на естрадни
уметници, фолклорни ансамбли, разни забавни активности итн. Настанот
започнува со промоција на најголемиот сомун и најголемата татлија. Во 2016
година, по повод Светскиот ден на туризмот, оваа манифестација ја има освоено
титулата „Златна плакета“ за најуспешна манифестација доделена од
Министерството за економија. Се проценува дека за оваа манифестација 80.000
посетители имаат престојувано во Радовиш. Организатор: Општина Радовиш.3

3
Grigorova, Z. and et al., (2016). Rural Food Tourism. Balkan and Near Eastern Journal of Social Sciences, 32-41.

12
Заклучок

Овој регион се простира по течението на реката Брегалница. И тука има


убавини кои можеме да му ги понудиме на добронамерниот патник: археолошки
локалитети како Виничкото Кале и Баргала, минерални извори и термални води –
Истибања и Кежовица, да се искачите до Пониква, до попатни манастири, да
прошетате по Осоговските или Малешевските Планини, или, пак, Плачковица. Ова
е регион што се помни по кочанските оризови полиња, по лесновските
воденичарски пештери, по „малата Швајцарија“, по кротките планини, по
штипската пастрмајлија.

13
Користена литература

1. Алачки, А. (2010) Македонски традиционален готвач: од моето срце за Вашата


трпеза. Скопје: Винсент Графика.

2. Огненовски, В. (2015) Модерна македонска кујна. Скопје: Трипле С Гроуп

3. Цуцулески, В. (2009) Интернационална гастрологија. Охрид: УКЛО.

4. Шаревска, И., Даскаловска, А., Вражиновски, Т. (2018) Вкусовите на Македонија.


Скопје: АППТРМ

5. Johnson Morgan, M. (2005). Food Festivals, Food Marketing and the Reinvention of
a Rural Community. Journal of New Business Ideas & Trends, 13(2), pp. 57-72.

14

You might also like