FOTELJA na dimenzija поправена 1

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 49

Стево Павловски

ФОТЕЛЈА
Издавач БОМАТ Графикс

Уредник. Зоте Богданоски

Компјутерска и техничка обработка БОМАТ Графикс

Печати. БОМАТ Графикс

Илустрација на корица: Глигор Васков

Лектор: Весна Грозданова

Тираж: 100

CIP - Каталогизација во публикација Национална и


универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Скопје

821.163.3-2

ПАВЛОВСКИ, Стево
Фотелја / Стево Павловски. - Скопје : БОМАТ Графикс,
2023. - 50 стр. ; 21 см

ISBN 978-608-4825-13-5

COBISS.MK-ID 62266373

Фусноти кон текстот - Белешка за авторот: стр. 50


Стево Павловски

ФОТЕЛЈА

Скопје, 2023
Ликови:

БОГДАН - сметководител во државна фирма


БОСИЛКА - негова сопруга, технолошки вишок
ПАНЧЕ - средношколец, 19-годишен
РИСТО - другар на Панче, маалски дилер на марихуана
ПЕРО - сосед на Богдан, пелтечи додека зборува
Г. СТОЈАНОВСКИ - генерален директор
МАЈА - негова ќерка
ЈАГОДА - пријателка на Босилка
КРАЛИ МАРКО - има долги бркови
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
КОМИТА 1 - Бошко
КОМИТА 2 - Ленче
КОМИТА 3 - Доне
ПРВА СЦЕНА
Дневна соба во стан. На една страна се вратите за спалната и
за детската соба. На другиот дел од станот е влезната врата,
а спроти неа е тоалетот. Богдан седи на стара фотелја и чита
весник. До фотелјата е поставено мало округло масиче на кое
има пепелник, тутун, ризли и машинка за виткање цигари.
Неговата сопруга Босилка, на трепезариската маса сече
кромид. Повремено си ги брише солзите од очите.

БОГДАН: (Чита на глас.) Саем во саем! (Пауза.) Искористете го


најголемиот попуст во нашите продажни салони. Гарнитура за
само петнаесет илијади денари. Кревет клик-клак, девет илјади
и петстотини денари. Аголна гарнитура со фотелја - дваесет
илјади денари. Кожена фотелја за триесет и три илјади денари!
БОСИЛКА: (Престанува со сечкањето. Ги брише очите.) А,
бре, човек! Ние едвај го крпиме месецот, а ти читаш понуди за
мебел.
БОГДАН: (Револтиран.) Да ти ебам цената, да ти ебам! Фотелја
- триесет и три илјади денари! Со мојата плата можам да купам
само пола фотелја. Денес и парите се луксуз!
БОСИЛКА: (Налутено.) Доста веќе! Не зборувај ми за пари. Во
куќава секој ден слушам само пари, пари, пари! Како во животот
да се најважни само парите?!
БОГДАН: (Иронично.) Не се најважни, но најнеопходни се,
душо! Да имавме доволно...
БОСИЛКА: Што? Ќе ја купиш фотелјата? Кожените фотелји се
само за богаташите, а не за нас смртните луѓе!
БОГДАН: И?
БОСИЛКА: И, што ќе ти е кожена фотелја? Да ти се поти газот
кога ќе седиш? (Продолжува со готвењето.) Добра ти е и оваа.
БОГДАН: За три години мојот генерален смени три фотелји.
Секоја година поразлична и поскапа од претходната. Минатата
недела му стаса нова од Италија, со вграден масажер. Си ги
нарачува како фирмата да е од татко му.
БОСИЛКА: Што да ти правам кога не сакаше да се зачлениш во
некоја партија. Можеби и ти досега ќе седеше на таква фотелја,
а не на оваа со дупка.
БОГДАН: Човек да пукне од мака. Копиљ, со купена диплома од
Тетово. Партиско заморче! Од обичен службеник, го назначија
за генерален директор. Кога бев кај него, ми вели: (Го менува
гласот и го имитира директорот.) „Колега, седнете Ве молам.
Ќе се напиеме ли по една чашка“. Јас му велам: „Не, благодарам,
директоре, не пијам“. А, тој стана од фотелјата, ми става виски и
глуми лудило. Се прави љубезен, а од очите му читам дека сака
да направи некоја ујдурма со финансискиот извештај. И
замисли...
(Некој ѕвони на вратата. Ѕвони втор пат, трет пат. Богдан
полека станува.)
БОГДАН: Кој ѕвони вака упорно?
БОСИЛКА: Сигурно некој извршител?
(Богдан стои пред вратата и не сака да отвори. Ѕвонењето
продолжува.)
БОГДАН: Да отворам или да не отворам? Можеби е поштарот?
(Се мисли. Ѕвонењето не престанува.)
БОСИЛКА: Веднаш отвори ја вратата! (Зборува гласно и
налутено. Богдан ја отвора вратата. Перо без да биде поканет
влегува внатра. Тој веднаш оди кај Босилка. Богдан го гледа, ја
затвора вратата и влегува во тоалетот.)
ПЕРО: (Зборува брзо и пелтечи.) Времето надвор е мно...многу
облачно. Си ре...реков да прошетам, ама кога из...излегов ми
зас...ту...ту...де. И за...за...замисли, Босилке, се враќам назад во
згарадата и...и...и!
БОСИЛКА: И, што бе, Перо? Што се случи?
ПЕРО: Па...па стојам пред станот, са...сакам да ја о...о...отворам
вратата, и...и заклучено. Си викам кој...кој ме заебал и ми
за...а...аклучил!? (Ги вади очилата и ги брише. Си ја чеша
главата и размислува.)
БОСИЛКА: (Вознемирено.) Ау, Перо! Веднаш да се јавиме во
полиција? Сигурно некој ти провалил во станот. (Ги брише
рацете и од престилката го вади мобилниот телефон.)
ПЕРО: Н...не...не. Не јавувај се. Ми текна!
БОСИЛКА: Што ти текна?
ПЕРО: Ми текна дека ѕ...ѕ...ѕвонев, ѕвонев и...и...и (Богдан
излегува од толает.)
БОГДАН: И...и...и Богдан ти ја отвори вратата, ама од својот
стан, а не од твојот! (Богдан седнува на фотелјата. Си витка
цигара од тутунот. Пуши.)
БОСИЛКА: Да не пукнеш бре, Перо, ме преплаши! Јас си реков
дека некои ајдучишта те начекале и ти влегле во станот!
ПЕРО: (Среќен.) Ф...ф...ала, Богдан, што ми ја отвори вратата.
Не...нема никогаш да ти за...за...боравам за ова. (Доаѓа кај Богдан
и се ракува со него.) Мене се...сега ми текна дека су...сум го
згрешил станот.
БОГДАН: Нема врска, Перо. И јас понекогаш заборавам. Па,
наместо во својата канцеларија, одам кај мојот генерален
директор за да се измасирам на неговата ултрамодерна фотелја.
ПЕРО: А...а...а и по ф...ф...фотелјата ми те...текна. (Гледа во
фотелјата.) Бо...о...гдан, види! На за...задниов дел
фо...о...телјата има ду...дупка. А сега извинете, ја...јас морам да
си одам. (Набрзина излегува од станот.)
БОГДАН: У пичку матер! Луѓево после коронава се сè полуди и
полуди. (Ја допушува цигарата, станува од фотелјата и ја гаси
во пепелникот. Погледнува на часовникот на раката.) Панче сè
уште го нема! (Од масичката зема кутија со тутун и машинка
за виткање цигари.)
БОСИЛКА: Ручекот е готов.
БОГДАН: Тогаш постави ја масата и јави му се на мангупот.
БОСИЛКА: Ќе дојде, каде и да е.
БОГДАН: Досега ќе дојдеше и од Битола со возот што патува
десет часа во еден правец.
БОСИЛКА: (Го зема мобилниот. Врти.) Не се јавува. (Врти
повторно и чека.) Ало! Ало, Панче, ме слушаш? (Пауза.) Каде
си, бе, мајка? (Пауза.) Со татко ти те чекаме за ручек. (Богдан си
ја полни чинијата со храна и почнува да јаде). Добро, мајка. Ама
требаше да ни се јавиш. (Пауза.) Добро.
БОГДАН: Каде е копукот?
БОСИЛКА: Отишол кај другар му Ристо. Таму јадел. Ајде ние да
јадеме. (И таа става храна во чинијата. Јадат.)
БОГДАН: (Налутено.) Денешниве деца се посебен случај!
БОСИЛКА: И ние сме биле деца.
БОГДАН: Сигруно не вакви.
БОСИЛКА: И да не заборавам да ти кажам дека стаса писмо од
училиштето на Панче.
БОГДАН: Зошто?
БОСИЛКА: Утре во десет часот нè викаат на разговор во
психолошката служба. Ќе мора да одиш ти, бидејќи јас нема да
можам.
БОГДАН: Е, баш сега не можеш! Зошто?
БОСИЛКА: Па нели имам закажано интервју за нова работа. Си
заборавил?
БОГДАН: Од динамичниов живот човек ќе заборави и како се
вика.
БОСИЛКА: Млад си да забораваш. (Се смее.)
БОГДАН: (Богдан станува и носи шише вино и две чаши.) Не
можам да разберам! И ние сме биле деца, ама за нас од училиште
не испраќле покани до нашите родители. Ќе го скршам од ќотек
ако направил нешто! (Седнува покрај масата, го отвора виното
и сипува во чашите.)
БОСИЛКА: Види, види. Да нè славиме за нешто? (Се
насмевнува.)
БОГДАН: Се разбира, сакана моја. Славиме за твојата нова
работа и за мојот утрешен срам во училиштето. (Се насмевнува.
Наздравуваат и пијат од виното.) Патем, кога сме веќе сами,
може малку и да се отпуштиме.
БОСИЛКА: Тебе изгледа виново почна да ти дејствува.
БОГДАН: Па, нели сум млад? (Станува, ја соблекува блузата,
го зема виното и оди во спалната). Те чекам, драга.
БОСИЛКА: Во виното е вистината, а не во фотелјата. (Се смее.
Ги зема чашите и оди по него.)

Мрак
СЦЕНА ВТОРА

Истиот простор. Во станот влегува Панче, а по него и Ристо.


Панче влегува во друга соба. Ристо го остава својот ранец на
троседот и седнува.

ПАНЧЕ: Брат, вчера си поминав одлично!


РИСТО: (Се смее.) И?
ПАНЧЕ: Што и! Сигурнo не везевме гоблени.
РИСТО: Значи, си научил нешто ново? (Се смее. Панче влегува
во дневната. Не носи маица.)
ПАНЧЕ: (Возбудено.) Секој сексуален чин е нешто ново. И,
замисли, додека уживавме во нејзината спална, телефонот не
престана да ми ѕвони. Ми се јави мајка ми за да ме праша каде
сум. Ме чекале за ручек. (Пауза.) А, јас, така напален, ѝ велам:
„Кај Ристо сум, мамо, јадевме“. Потоа продолжив со акцијата.
(Се смеат двајцата.)
РИСТО: Брат, сега за губењето невиност треба да честиш пивце.
ПАНЧЕ: Јас морам да одам да се истуширам затоа што за еден
час ќе имам нова акција. Пиво има во фрижидерот. Слободно
земи си сам.

Панче влегува во тоалетот. Ристо станува, оди во кујната и од


фрижидерот зема пиво. Го отвора со нож. Го вклучува
телевизорот на музички канал и седнува на старата фотелја.
Пие пиво. На малото масиче ги забележува тутунот, ризлите и
машинката за виткање цигари. Го остава пивото и станува.

РИСТО: Брат, готов ли си?


ПАНЧЕ: (Од тоалетот.) Се бричам! Ти треба нешто?
РИСТО: Не! Уживај. Си зедов пиво.
Ристо го зема ранецот од троседот и повторно седнува на
фотелјата. Вади кеса со марихуана. Зема од ризлите на Богдан
и со машинката набрзина почнува да прави џоинт. Од масичето
зема една празна кутија од цигари и направените џоинти ги
става внатре. Занесен во работата, ќе се преплаши кога ќе го
слушне ѕвоното. Веднаш станува од фотелјата и избезумен не
знае што да прави. Ѕвонењето не престанува. Слуша како некој
од надвор тропа на вратата и со прекин во зборувањето го
повторува зборот полиција. Избезумен, кесичката со марихуана
ја зема од масичето и ја става во панталоните. Кутијата со
направените џоинти му паѓа под фотелјата.

ПАНЧЕ: (Вика од тоалетот.) Ристо, отвори ја вратата, зашто


некој ќе ја скрши!
(Ристо доаѓа до влезната врата, која се наоѓа веднаш спроти
тоалетот. Ѕвонењето не престанува.)
РИСТО: (Исплашено.) Кој е? Кој е?
ПАНЧЕ: Брат, отвори! Ѕвончето ми ги пробуши ушите.
(Ристо е преплашен, но полека ја отвора вратата. Перо влегува
внатре.)

ПЕРО: По...полиција! (Ристо застанува пред Перо и ги крева


рацете.)
РИСТО: Се предавам!
ПЕРО: А...а, кој си ти, што се пре...пре...даваш? (Пауза.) Ти си
некој кра...кра...дец. Се...се...га ќе ги ви...викнам
по...полицајците од надвор. (Сака да излезе, но во тој момент
од тоалетот, со пешкир околу половината, излегува Панче.)
ПАНЧЕ: Перо, брат, врати се! Ова е другар ми Ристо.

(Ристо сè уште стои избезумен. Перо се враќа и гледа во


двајцата. Го гледа Панче полугол, а потоа го гледа и Ристо во
панталоните.)
ПЕРО: А...а...ај. П...п...Панче! И...и...ти ли?
(Повторно погледнува во панталоните на Ристо, па се врти кон
Панче. Ристо сфаќа што помислува Перо и рацете ги спушта
во пределот каде што е кесата со марухуана.)
ПАНЧЕ: Што и јас, бре, Перо? Денеска нешто многу си расеан и
чуден! И не стој тука, влези и затвори ја вратата!
РИСТО: (Гледа во Перо и полека се враќа во дневната.) Брат,
човеков вели дека е полицаец!
ПАНЧЕ: Не бе, брат. Ова е Перо, нашиот најомилен сосед од
горниот кат.
ПЕРО: А...а ти се плашиш од по...по...полиција? Надвор имаше
два...двајца по...по...лицајци, и ба...а...раа некого.
(Ристо малку се отпушта, набрзина ја вади кесичката со
марихуна и ја става во ранецот. Седнува на фотелјата, ги
испржува нозете и до искап го пие пивото.)
ПЕРО: Па...па...Панче! Не сум зна...знаеел дека са...са...са...
ПАНЧЕ: Што са...са...са?
ПЕРО: Сакаш мажи!
(Ристо се засркнува од пивото и исплукува. Почнува да се смее.)
РИСТО: А, братот Панче сега е топол брат. (Се смее на глас.)
Освен тоа, веќе е и невин.
ПАНЧЕ: Ристо, ај не треси зелени. (Се врти накај него и му прави
фаци.) Перо, другар ми Ристо премногу се возбуди.
ПЕРО: В...в...видов дека беше возбуден. (Прави фаца.)
ПАНЧЕ: Кога ќе го слушне зборот „полиција“ премногу се
возбудува. Сигурно има некои трауми од детството. Така е,
Рики?
РИСТО: (Сè уште е вознемирен, па затоа изгледа отсутно.)
Што тоа?
ПАНЧЕ: Перо, моите не се дома. Јас морам да се средам, бидејќи
со Ристо за кратко ќе излегуваме. Ако ти требаат, дојди подоцна.
ПЕРО: (Стои и ги гледа зачудено.) Добро. И у...у...убаво да си
поминете! (Ја отвора вратата и излегува набрзина.)
ПАНЧЕ: Брат, зошто се преплаши од човеков? Блед си, како да
си видел дух!
РИСТО: Не бе, брат. Малку ме збуни Перица, да му ебам ликот,
да му ебам! (Пауза). Со тоа по...по...по...! (Се смее.)
ПАНЧЕ: Одам да се облечам и веднаш излегуваме. Не сакам да
доцнам кај малата. (Влегува во спалната.)

(Ристо го отвора ранецот и ја мести марихуаната. Одеднаш


му текнува дека му ја нема кутијата. Повторно го отвора
ранецот. Бара околу фотелјата. Вознемирено оди низ дневната.
Клекнува на подот и бара насекаде. Во дневната влегува Панче.)

ПАНЧЕ: Подготвен сум. (Го забележува Ристо како клечи на


подот.) Брат, бараш нешто?
РИСТО: (Збунето гледа во Панче. Станува и го зема ранецот од
фотелјата.) Некаде ми паднал приврзокот што го имав закачено
на ранецот. Нема врска. (Го става ранецот на грб.) Да одиме,
зашто мачката со нетрпение те очекува.
ПАНЧЕ: (Става парфем.) И да не заборавам да купам
презервативи. Вчера сите ги потрошв. (Двајцата се смеат и
излегуваат од станот.)

Мрак
СЦЕНА ТРЕТА

Истиот простор. Во станот влегува Босилка, која е


вознемирана. Ја остава чантата до фотелјата. Ги брише
солзите. Сипува вино. Седнува на фотелјата, а чашата ја
остава на малото масиче. Почнува да плаче на глас. Ѝ ѕвони
мобилниот. Го зема од чантата, ги брише солзите и се јавува.
Разговара на „вајбер“ со вклучена камера.

БОСИЛКА: (Со растреперен глас.) Здраво!


ЈАГОДА: Срцка, што е работата? Што се случило?
БОСИЛКА: Ништо страшно не се случило. (Почнува да плаче.)
ЈАГОДА: Те молам не излудавај ме! Да не имате проблеми со
Богдан?
БОСИЛКА: (Ги брише солзите.) Не.
ЈАГОДА: Да не има нешто со Панче?
БОСЛИКА: Не.
ЈАГОДА: Е, добро, бе, Босилке! (Нервозно.) Тогаш зошто
плачеш?
БОСИЛКА: Се вознемирив од интервјуто за работа!
ЈАГОДА: Ооо! Со среќа, драга! Конечно најде работа?
БОСИЛКА: Сакаа да ме примат, но јас не прифатив.
ЈАГОДА: (Збунето.) Е, сега не те разбирам. Не ја прифати
работата?!
БОСИЛКА: Да! Не ја прифатив?
ЈАГОДА: Ти не си нормална! Те примиле во една од најдобрите
фирми, а ти не си прифатила! Зошто, ма?
БОСИЛКА: Затоа што фотелјата за која аплицирав има голема
цена! (Пие од виното.)
ЈАГОДА: (Налутено.) За каква цена зборуваш, црна Босилке? Ти
не отиде да купуваш фотелја! Аплицираше во секторот за
менанџмент и за односи со јавноста! Нели ми рече дека ако те
примат, ќе имаш своја канцеларија и добра плата? Каква врска
во сето ова има фотелјата за која зборуваш?
БОСИЛКА: (Почнува повторно да плаче, но брзо се смирува.) За
да седиш на скапа фотелја треба скапо да платиш.
ЈАГОДА: Не си ми јасна. Те молам не филозофирај! Смири се и
раскажи ми што ти се случило.
БОСИЛКА: (Се мести убаво на фотелјата и гледа во
телефонот.) Утрово отидов на интервју полна со надеж дека,
конечно, ќе најдам работа според моето факултетско
образование. Влезот, рецепцијата, лифтовите, канцелариите... сè
беше луксузно. За миг си помислив дека во мојот живот ќе се
случи голема промена. Додека љубезната госпоѓа ме водеше до
канцеларијата на маркетинг-директорот, си помислив дека сум
во светот на бајките. Ентериерот во неговата просторија беше
како од американските филмови. Скапи кожени фотелји...
ЈАГОДА: Ало, жено, освести се! Не раскажувај ми приказни за
скапи кожени фотелји. Зошто не ја прифати работата? Тоа кажи
ми. Премини на главното!
БОСИЛКА: (Ги брише солзите.) Извини, драга. Малку се
занесов. (Пауза.) Не ја прифатив, бидејќи...(Пауза.)..бидејќи, не
сум курва. (Почнува повторно да плаче.)
ЈАГОДА: (Налутено.) Е, сега, жено, навистина претера. За да
работиш во реномирана компанија не треба да бидеш курва?!
(Строго.) Не разбирам! Не си отишла во јавна куќа. Те молам,
веднаш да престанеш да плачеш и сè да ми објасниш.
БОСИЛКА: (Ги брише солзите.) Во ред. Еве, се смирив. (Пауза.)
ЈАГОДА: Така е, срцка. Само храбро! Нели се бориме за правата
на жените? (Пауза.) Те слушам.
БОСИЛКА: Откако влегов внатре, маркетинг-директорот,
љубезен маж на околу четриесет и петгодишна возраст, ми рече
да седнам. Културно ми се обрати и истакна дека од сите
пријавени кандидати јас најмногу сум ги исполнувала условите.
Половина час по строго професионалниот разговор, беше
воодушевен и ми рече дека личност како мене е потребна за
нивната компанија. Стана, ги зеде документите и пред да излезе
ме извести дека главниот збор за вработување, сепак, го имал
сопственикот.
ЈАГОДА: А, бе, ти како да си аплицирала за работа во НАСА.
(Се смее.) И што ти рече сопственикот?
БОСИЛКА: За неколку минути влезе постар човек, кој сигурно
имаше околу шеесетина години. Седна на фотелјата спроти мене.
(Почнува да плаче. Пауза.) Се претстави дека е сопственикот на
фирмата. Одредено време гледаше во мене без да рече ниту еден
збор. Потоа се насмевна и рече дека јас сум вистинскиот избор
за тоа работно место.
ЈАГОДА: И што има тука страшно, бе, Босилке?
БОСИЛКА: Што има страшно?! Неговата следна постапка беше
одвратна и гнасна. Стана од фотелјата и со рацете почна да си ги
допира гениталиите. Поцрвенев од срам. Ја наведнав главата и
си помислив дека стариот има некој здравстевен проблем.
ЈАГОДА: Сигурно го мачи простатата. (Се смее.)
БОСИЛКА: Го мачи болниот, первезен ум. Дојде до мене и ми
рече дека фотелјата на која седам е создадена само за мене. Ми
честиташе дека сум примена. Се доближи уште поблизу и почна
да се трие од моето тело. Ми рече дека копнеел за ваква жена,
која ќе биде одговорна за маркетинг-секторот.
ЈАГОДА: И ти, Босилке, што направи?
БОСИЛКА: Уште ме прашуваш што направив?! (Гласно и
дрско.) Станав, му залепив силна шлаканица и си излегов. Јас не
сум курва, бе, Јагода! (Почнува да плаче на глас.)
ЈАГОДА: Браво, бе, срцка! Права амазонка си. Ама требало уште
една да му залепиш. Така се брани женската чесност.
(Некој ѕони на вратата. После второто ѕвонење, внатре
влегува Перо.)
ПЕРО: Ко...ко...кој у...умрел, Босилке? (Пауза.) Зо...зошто
пла...а...чеш? (Ја прегрнува.) Ка...ка...жи, де!
БОСИЛКА: (Ги брише солзите.) Никој не умрел, Перо. Сè е во
ред.
ПЕРО: Че...чекај ќе ти до...донесам вода. (Оди во кујната и ѝ
носи шаша со вода.)
БОСИЛКА: (Го зема мобилниот.) Јагода, се слушаме подоцна.
ЈАГОДА: Бакнежи, драга! (Исклучиваат.)
ПЕРО: (Ѝ дава вода.) Сми...смири се, Босилке. До...до...дека
стоеев пред вратата слу...ушнав дека не...не...не си ку...у...рва!
Не...не си, нели?
БОСИЛКА: Не, бре, Перо! Само имав лош ден. Немам никаков
проблем. Не заморувај се.
ПЕРО: Ти си многу до...добра жена.
БОСИЛКА: Благодарам, Перо. Ти си нашиот најдобар сосед.
ПЕРО: И не се не...нервирај. Во нашата др...држава сè е
о...отидено во...во...
БОСИЛКА: Во бестрага, Перо. Безредие и хаос. (Пауза.)
ПЕРО: Еве и Па...Панче. Со Ри...Ристо.
БОСИЛКА: Среќа што Панче го има Ристо.
ПЕРО: (Изненадено.) Сре...е...ќа?
БОСИЛКА: Има пријател на кого може да му верува.
ПЕРО: (Прави гримаса.) Да, да. На Ри...и...сто сигурно може.
БОСИЛКА: Ај да оставиме филозофиите. Сакаш да пиеме кафе?
ПЕРО: Може.

Мрак
СЦЕНА ЧЕТВРТА

Истиот простор. Босилка и Перо седат на троседот, пијат


кафе и разговараат. Во станот влегува Богдан.

БОГДАН: (Нервозно.) У пичку матер! Сè е отидено бестрага!


ПЕРО: До...добар ден, Бо...о...гдан и на тебе.
БОГДАН: Ништо не е добро во оваа наша држава, Перо!
Фотелјаши, криминалци, наркомани, курви, а сега јавно
парадираат педери и лезбијки! (Застанува пред Босилка.)
Што ти е, Босилче?
БОСИЛКА: Ништо не ми е.
БОГДАН: Мила, те знам дваесет години. Зошто си плачела?
ПЕРО: Па...па ја вознемирил ста...а...риот.
БОГДАН: (Налутено.) Кој стар, Босилке?
БОСИЛКА: Перо, те молам да прекинеш!
БОГДАН: Перо, ти наредувам веднаш да кажеш кој стар ја
вознемирил!
(Перо станува од троседот и се упатува кон вратата за да
излезе, но Богдан не му дозволува. Го фаќа за рака и го враќа
назад.)
БОСИЛКА: Остави го човекот!
БОГДАН: (Смирено.) Перо, ајде кажи што знаеш!
ПЕРО: Па, па некој ста...а...р си ги фа...а...аќал! (Пауза.)
БОГДАН: Што фаќал?
ПЕРО: Па, ја...ја...јајцата!
БОГДАН: (Исплашено.) Босилке, да не те нападнал некој?
Денеска во градов имаше „Парада на гордоста“! Еден куп старци
донеле од други европски држави за да пополнат број.
БОСИЛКА: Никој не ме нападнал.
ПЕРО: Не тие од па...ра...радата. Туку со...сопстевникот на
ко...о...мпанијата.
БОГДАН: (Изреволтиран, оди во кујната и го зема најголемиот
нож.) Е, сега ќе одам да му ја ебам мамата на тоа копиле! Ќе го
кастрирам и ќе го лежам. Преку тасета ми е веќе од
искомплексирани фотелјаши!
БОСИЛКА: (Почнува да плаче.) Те молам, Богдан, смири се. Јас
веќе го средив.
ПЕРО: (Иако испаничен, сепак, успева да го земе ножот од
Богдан.) Вие седете, ја...јас ќе ти сва...а...рам кафе и тебе, Богдан.
(Перо вари кафе. Босилка и Богдан седнуваат на троседот.)
БОСИЛКА: На копилето му залепив една шлаканица! Сигурно
ќе ме памети цел живот.
БОГДАН: Добро си му направила. А тој, што ти направи?
БОСИЛКА: Ме навреди! Искомплексираното старо ѓубре мисли
дека секоја жена во оваа држава си ја продава својата чест за
слава и за пари.
БОГДАН: (Ја прегрнува Босилка и ја бакнува. Перо носи кафе.
Седнува на троседот.) Ти си мојот херој, љубов моја. (Станува.)
Но, јас, сепак, да одам да му ја ебам мамата на копилето!
(Во станот влегува Панче. Има слушалки на уште. Ранецот го
остава на фотелјата.)
ПАНЧЕ: О, добар ден!
БОГДАН: (Сè уште нервозен.) О, дојде господинот Панче!
(Се затрчува кон него да го тепа. Панче бега околу маста.
Босилка и Перо стануваат за да го одбранат Панче.)
БОСИЛКА: Аман, бре, Богдан! Што ти стана сега?
БОГДАН: (Застанува.) За господинот Панче, јас денеска морав
да се црвенеам кај училишниот психолог. Цела недела бегал од
часови, а има и единици.
ПАНЧЕ: Другите имаат и по четири единици. Јас само две.
(Продолжуваат со брканицата.)
БОГДАН: Само три. Сека ќе те скршам! А, зошто си пуштал
музика на часот по хемија?
БОСИЛКА: (Изреволтирана.) Панче, веднаш да застанеш!
ПАНЧЕ: (Исплашено.) Ќе ме убие, мамо!
ПЕРО: (Гласно.) Сто...стојте сите! (Пауза.) Бо...о...гдан, застани.
Ве слу...у...шаат сите со...о...оседи.
БОСИЛКА: Така е. (Оди до Богдан и го фаќа за рака.) Панче,
веднаш да си седнал! (Панче седнува на столот, а пред него
стои мајка му. Перо стои пред Богдан.) Панче, дали е вистина
ова што го кажува татко ти?
ПЕРО: Да. Ви...вистина е?
БОГДАН: (Наулутено.) Од каде знаеш ти, Перо, дека е вистина?
(Сите гледаат во него.)
ПЕРО: Па, па, не знам. Ама знам де...е...дека Па...а...нче сака
ма...а...а...а..
БОСИЛКА: Престанете сите! (Налутено.) Панче, те прашав
нешто?
ПАНЧЕ: (Ја наведнува главата.) Професорката ме навреди дека
сум бил неписмен ученик, кој ништо не знаел за своите години.
БОГДАН: Молам?
БОСИЛКА: Тоа не ти дава за право да се однесуваш така на час.
Имате служба. Зошто не си отишол да пријавиш?!
БОГДАН: Очигледно немал време, бидејќи таа прва го
пријавила.
ПАНЧЕ: Ама, тато. Зарем јас сум виновин за сè?
БОСИЛКА: А, за бегањето, кој е виновен?
БОГДАН: (Нервозно.) За бегањето и за недоличното однесување
на часот по хемија му се изрекува опомена од директорот. (Го
повишува тонот и повторно се упатува кон Панче. Перо и
Босилка успеваат некако да го задржат.) Но, нашиот ученик
добива и опомена пред отстранување од училиште!
ПЕРО: Зо...о...што така, бе, Панче?
БОСИЛКА: (Налутено.) Е, сега јас ќе те испотепам. (Перо ја
спречува.)
БОГДАН: Ајде, слико, раскажи што направи кај директорот!
ПАНЧЕ: Добро, ама ако ме ислушате! Без закани.
БОГДАН: Ем шуто, ем боде! (Се смирува и седнува на
фотелјата.)
БОСИЛКА: Те слушаме, зборувај!
(Панче застанува пред фотелјата на која седи татко му.)
ПАНЧЕ: (Сериозен.) Изостаноците ги направив бидејќи се
гледав со мојата девојка. (Перо се закашлува. Останатите
погледнуваат во него.) Музиката на хемичарката ѝ ја пуштав
бидејќи ме навредуваше.
БОГДАН: А, со директорот?
ПАНЧЕ: Од психолошката служба ме испратија на разговор кај
него поради инцидентот со професорката. Кога влегов, тој си
седеше на својот кожен, модерен директорски стол. Додека му ја
раскажував случката со професорката, отпуштено си се
клацкаше и си јадеше фастаци и бадеми. Ми рече дека сум се
однесувал невоспитано кон повозрасните, одлика на моето
домашно воспитување. И така, клатејќи се го искрши столот и
како полна вреќа од 120 килограми се струполи на подот. (Сите
во собата почнуваат да се смеат.) Е, па, зошто се смеете сега и
вие?
ПЕРО: Ка...како да не се сме...е...ме! (Продолжува да се смее.)
БОСИЛКА: Бидете сериозни. Сè кажа, само не објасни зошто си
казнет од него?
ПАНЧЕ: Затоа што и јас почнав да се смеам. Ете затоа. Уште
повеќе се смеев кога се обидов да му погнам да стане. Фастаците
и бадемите беа насекаде на подот. Се обидував да го кренам, ама
ај сам крени елегантно пополнет човек!
БОГДАН: (Почнува да се смее на глас.) Во нашево општество
никому не треба да му подадеш рака откако ќе те навреди. Сите
фотелјаши се менуваат уште во мигот кога ќе седнат на
волшебното место. Фотелјите на кои седнуваат се како
хируршки столови на кои се врши промена на мозочната маса.
(Перо и понатаму прдолжува да се смее.)
БОСИЛКА: И само затоа што се смееше ќе ти биде изречена
педагошка опомена пред отстранување од училиштето?
ПАНЧЕ: За настанот раскажав на сите во училиштето!
БОСИЛКА: (Иронично.) Е, браво, бе, синко! Така те
воспитуваме, нели?
БОГДАН: Босилке! Ај, не тормози го детето. Што друго би
можел да направи во таква околност? Детето било жртва на еден
училиштен систем, со кој раководи лице кое заслужило да биде
исмеано.
ПЕРО: Ле...ле, Панче!
БОГДАН: Не лелекајте! Седнувајте сите на маса да се напиеме
по една ракија во чест на дебелиот директор и на неговата
фотелја. (Се смее на глас.)

Мрак
СЦЕНА ПЕТТА

Истиот простор. Панче и Маја седат на торседот. Се гушкаат


и повремено се бакнуваат.

ПАНЧЕ: Ми недостасуваше овие денови.


МАЈА: И ти мене.
ПАНЧЕ: Те сакам!
МАЈА: Јас повеќе те сакам! (Пауза.)
ПАНЧЕ: (Ја бакнува.) Сакаш утре да одиме на жур?
МАЈА: Не знам. Дома ме притискаат да учам за државната
матура.
ПАНЧЕ: (Се смее.) Да учиш? Па кој учи за матура?
МАЈА: И јас истото им го кажувам, ама залудно.
ПАНЧЕ: Кажи им дека матурата е процес на снаодливост, а не
на знаење. Ако те бидува за препис, добиваш пет, а ако учиш,
можеби ќе добиеш и три. (Се смее.) Јас затоа не учам. (Некој
ѕвони на врата.)
МАЈА: Ќе отвориш? Можеби се твоите!
ПАНЧЕ: Не се моите. Сигурно е Перо. Не отворам. (Ѕвонењето
продолжува. Панче станува и ја отвора вратата. Внатре
влегува Ристо.)
РИСТО: Здраво, брат! (Ја гледа Маја.) О, Маја, па и ти си била
тука! (Маја седнува пристојно.)
МАЈА: Рики, доаѓаш без да се најавиш.
РИКИ: Што има страшно во тоа да дојдам кај другар ми
ненајавен?
МАЈА: Ништо, се разбира. (Рики седнува на фотелјата.)
РИСТО: Брат, ако ме види татко ти дека седам на неговото свето
место, ќе ме убие. (Се смее.)
ПАНЧЕ: Уживај, стариот е на работа.
РИСТО: Јас дојдов на пивце. Но, ако пречам, можам да си одам!
ПАНЧЕ: Не, бе, брат! Како ќе си одиш. Седи! (Оди да донесе
пиво. Маја гледа налутено во Рики.)
МАЈА: Се разбира дека не пречиш.
ПАНЧЕ: Друштво, јас морам да слезам долу до маркетот. Знаете,
пивото кај нас е како вода.
РИСТО: Не мора, брат, ќе пиеме кафе.
ПАНЧЕ: А бе и мене ми се пие! Уживај. (Го зама паричникот и
излегува. Пауза.)
МАЈА: (Маја станува од троседот) И зошто дојде?
РИСТО: А ти, зошто си дошла? (Ја гушка, а Маја се трга.)
МАЈА: Тргни се, Ристо. Сакаш да нè види.
РИСТО: Нели рече дека ќе му кажеш?
МАЈА: Не е така едноставно!
РИСТО: Седи, бе! Не било едноставно.
МАЈА: Ми треба уште малку време.
РИСТО: Јас можам да му ја покажам снимката и пред време.
МАЈА: (Нервозно.) Прекини! Ти ветив дека ќе раскинам со него.
РИСТО: Маја, те сакам. Не можам без тебе.
МАЈА: Ти си само една скапа грешка во мојот живот!
РИСТО: (Се смее цинично.) Срцка, поскапа грешка ќе биде ако и
татко ти дознае дека ќерка му гола се снимала со момчето во
неговото џакузи.
МАЈА: (Му удира шлаканица.) Ѓубре едно! Ќе ме уценуваш.
Слепо ти верував. (Ја зема чантата, вади пари од парилникот и
му ги дава.) Еве, земи ги и батали ми се од животот!
РИСТО: (Се обидува да ја бакне.) Јас тебе те сакам, а не твоите
пари!
(Некој ѕвони на вратата. Маја веднаш седнува на троседот и се
обидува да се смири.)
МАЈА: Оди отвори му и да не си проговорил! (Ристо ја отвора
вратата. Внатре влегува Перо.)
ПЕРО: Па...ак ти!
РИСТО: Здраво!
МАЈА: (Збунето гледа во Перо кој доаѓа накај неа.) Здраво. Јас
сум Маја.
РИСТО: Девојката на Панче.
ПЕРО: Од ко...о...га? (Се смее.)
РИСТО: Од сега. (Се смее.)
МАЈА: Вие сигурно сте соседот Перо од горниот кат?
ПЕЏА: Да! А...а, каде е Панче?
МАЈА: Сега ќе дојде. Отиде до маркет.
ПЕРО: (Ѝ се обраќа на Маја) А, а ти зна...аеш за Панче и за
о...овој тука?
МАЈА: Што да знам? (Пауза.)
ПЕРО: Па де...де..ка о..о..ни се.... (Влегува Панче со лименки
пиво.)
ПАНЧЕ: Најдобри другари од детството, Маја! (Пауза.) Перо,
моите не се дома. Кажи што ти треба?
ПЕРО: Са...акав да му кажам на Бо...огдан дека на И...и...нтернет
видов оглас за про...одажба на но...нова фотелја.
ПАНЧЕ: Ок, Перо. Ќе му пренесам кога ќе се врати. (Му ја
отвора вратата. Перо заминува.) Ликов е како дух. Само се
појавува од некаде.
РИСТО: Брат, батали го Перо и дај ги лименките за да се
освежиме малку. (Панче им дава по една лименка и седнува до
Маја. Ја гушка. Ристо седи на табуретка и гледа во Маја.)
МАЈА: (Му ја трга раката на Панче.) Топло ми е.
ПАНЧЕ: Од мојата рака? (Ја трга раката.)
РИСТО: (Пие пиво, па подригнува.) Упс!, се извинувам!
МАЈА: Многу некултурно.
РИСТО: Се согласувам, Маја, некултурен сум. Ама затоа Панче
е културен. (Се смее.)
ПАНЧЕ: Ајде, бре, луѓе! Што ви е денес и на двајцата?!
РИСТО: Оставете култура! Да ви кажам што му се случло на
еден познајник, минатата недела?
ПАНЧЕ: Што!
МАЈА: Мене не ме интересира!
РИСТО: Значи, два спрема еден сме, па затоа ќе ви кажам.
(Седнува на фотелјата.) Сиротиот смотанко фатил некоја добра
риба. Се затрескал во неа до уши. А таа си фатила и друг дечко.
(Пауза.)
ПАНЧЕ: Таа, брат, сигурно е некоја мераклика штом има двајца.
(Ристо и Панче се смеат, а Маја гледа во мобилниот.)
РИСТО: Ама тоа не е сè. Вториот бил опасен. Малата го однела
во нејзината хациенда и додека имале секс во џакузи, тој успеал
да сними сè со мобилниот.
МАЈА: (Пребледува.) Тој сигурно е умоболно копиле!
ПАНЧЕ: Има секакви манијаци.
РИСТО: За приказната да биде уште пострашна ѝ се заканил дека
ако не раскине со момчето, снимките ќе ги прати на татко ѝ, кој
бил некој богат директор.
ПАНЧЕ: Е, ставрно има одвратни копилиња! (Маја вкочането
гледа во Ристо.) Ама и таа си го барала. Го изневерувала
момчето, па после друг ѝ бил виновен.
МАЈА: (Нервозно.) Приказнава за твојот другар ми е навистина
одвратна. Класичен мобинг. За такви работи кривично се
одговара!
РИСТО: Зошто, бе, Маја. Не е лошо човек да учи од туѓи грешки.
ПАНЧЕ: Така е, брат. Сите треба да бидеме претпазливи.
(Повторно ја гушка Маја.) Срцка, девојката е виновна. Што не
раскинала со првиот, па потоа да се сплетка со друг?
РИСТО: Сигурно и двајцата ги сакала! Претпоставувам на
различен начин.
ПАНЧЕ: Јас не толерирам вакви перверзни изневерувања.
РИСТО: А замсилете видеото да го виделе нејзините!
МАЈА: Ристо, значи, не нè интересира твојата приказна.
ПАНЧЕ: А, типката му раскинала на другар ти?
РИСТО: Искрено не знам. Ама набрзо ќе дознаам и ќе ве
информирам. (Се смее гласно.)
(Маја добива нагон за повраќање, станува од троседот и оди во
тоалет. По неа истрчува Панче.)
РИСТО: (Го пие пивото до искап. Зборува тивко за да не го
слушнат.) Ќе повраќаш кога имаш секс без заштита. (Се смее и
си заминува.)

Мрак
СЦЕНА ШЕСТА

Во станот влегува Богдан. Нервозно ја остава чантата и го


соблекува костумот. Оди во тоалетот. По кратко време се
враќа. Носи само боксерки. Зборува нешто неразбирливо. Му
ѕвони мобилниот. Го зема од чантата, го исклучува и го остава
на масата.

БОГДАН: (Нервозно.) Ајде сега најди ме! Цел ден ме дупчиш на


работа, па сакаш и мирот во домот да ми го земеш. (Се фаќа за
половиот орган.) Само овој може да ми го земеш, криминално
педерче, алчно за пари. (Зема пиво и седнува на фотелјата.) Ќе
ме тераш да измислувам тендери за ти да се богатиш, а јас да
одам во затвор. (Пие пиво.) Е, ќе си го прашам! Мамата лоповска
да ви ја заебам на сите! Вие ќе си играте со животот на чесниот
граѓанин. (Од масичето зема кутија со цигари, но, откако ќе
види дека е празна, ја фрла.) Немам ни тутун, ни цигари,
хохштаплери преварантски! (Станува и бара цигари во
чантата, но не наоѓа.) Сè малер до малер. Да ви се наплукам на
фотелјите за кои и газот ќе си го продадете! (Застанува во
собата и се мисли.) Вчера направив дваесет цигари. Кутијата ја
оставив на масичето, а сега ја нема!

Го разгледува просторот околу фотелјата и масичето.


Клекнува на колена и под фотелјата наоѓа кутија со цигари.
Седнува, пие пиво, а потоа пали една цигара. Вовлекува дим и се
закашлува. Повлекува уште еден дим и повторно кашла.

Кој кур ми е сега од цигариве! Од нервоза и грлово ми се исуши.

Пие пиво и повлекува уште еден дим. За кратко време се


отпушта на фотелјата. Почнува да се смее. Повлекува уште
еден дим и ја гаси цигарата.
Што ми се замаглува видот?! (Се смее. Слуша звуци на коњ.) Од
каде сега ми се појави коњ во станот? (Ги трие очите. Се
обидува да стане, но не може.) Ау! Што малер ме снајде?! (Се
загледува накај влезната врата. Почнува да халуцинира. Гледа
како влегува некој човек.)

КРАЛЕ МАРКО: (Влегува во дневната. Зборува гласно.) Што си


се заковал за фотелјата?
БОГДАН: (Исплашено.) Кој си ти? Крадец си штом влегуваш без
некој да ти отвори!
КРАЛИ МАРКО: А, ти, демек, не ме познаваш? Крали Марко
сум. Последниот крал на Македонија.
БОГДАН: Каков Марко, каков крал? Сега ќе станам и ќе викнам
полиција. (Се обидува да стане, но не може.)
КРАЛИ МАРКО: Лично и персонално! Кралот на Македонија.
Син на Волкашин и на Евросима.
БОГДАН: Што сакаш, човеку, од мене?
КРАЛИ МАРКО: Ништо не сакам. Дојдов да си ја одбранам
татковината од Црна Арапина.
БОГДАН: А, ти, бе, Марко, токму си или нешто ти фали?
КРАЛИ МАРКО: Ми фали! Ми фали слободата на мојата земја
за која се борев.
БОГДАН: (Се смее.) Си ја згрешил земјата, брат! Моментално се
наоѓаш во Република Северна Македонија. Коњот те зезнал. Ааа!
(Пауза.) Коњот што ми претрча во собава, значи, твој бил! (Пие
пиво.)
КРАЛИ МАРКО: Го виде Шарец?
БОГДАН: Не видов комарец.
КРАЛИ МАРКО: Ти, пријателе, сигурно живееш во некој
паралелен свет?
БОГДАН: Живеам во посран, корумпиран свет.
КРАЛИ МАРКО: За тоа си виновен ти!
БОГДАН: А, коњот каде ти се скри?
КРАЛИ МАРКО: Јас ќе го најдам коњот, ама државата ти тоне,
брат.
БОГДАН: Еден ден сите фотелјаши ќе ги фатам за врат.
КРАЛИ МАРКО: Ја зезна државата ти и останатите како тебе.
БОГДАН: Не ме заморувај, брат, а другите кој ги ебе!
КРАЛИ МАРКО: Кога ќе се освестиш, ќе ти биде касно.
БОГДАН: Ми се повраќа од општествово гнасно. (Ги трие
очите.) А, бе, Марко, каде отиде? Избега! Е, Марко, Марко!

(Пали втора цигара. Вовлекува. Во собата има густ чад. Ги


отвора очите и гледа човек облечен во костум, бела кошула и со
црвена вратоврска.)

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Ај, здраво-живо!


БОГДАН: Ти не си Марко?! Имаш пократки бркови и си се
дотерал.
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Не сум Марко.
БОГДАН: Е, па, тогаш кој си, бе, брат?
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Гоце Делчев!
БОГДАН: Ајде, бе! Оној претходниот бил Крали Марко, а ти сега
си Гоце Делчев! (Хистерично се смее.)
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Лично и персонално. Гоце, македонскиот
национален херој.
БОГДАН: Хероите кај нас се ендемски видови. Сигурно и ти си
некој крадец?
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Не сум крадец. Јас сум деец и апостол на
револуционерната организација.
БОГДАН: Добро. Еве ти верувам. (Повлекува дим од цигарата и
почнува повторно да се смее. Пауза.) А, што бараш, бе, Гоце, ти
од мене?
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Не барам ништо. Бегам!
БОГДАН: Од кого бегаш?
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Од фотелјашите што сакаат да ме продадат.
БОГДАН: Што зборуваш, брат?! Не знаев дека и кај нас е
развиена трговијата со луѓе!
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Политичка трговија. Бизнис на новата ера.
БОГДАН: И зошто да те продадат баш тебе?
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Брат, не знам ниту јас.
БОГДАН: (Се смее.) Тебе ти нема спас.
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Сакаат да ме направат Бугар, а јас, замисли,
немам ни бугарски пасош!
БОГДАН: А, не! Не прифаќај! Ако те продаваат, барем нека ти
дадат американско државјанство.
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Не сакам.
БОГДАН: Тогаш нека те продадат во Русија.
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: А, бре, не сакам. Ќе умрам, ама националноста
не си ја менувам.
БОГДАН: (Повлекува дим и хистерично се смее.) Ти, бре, Гоце
да не си ѝ другар на Цвета. И таа не сакаше, па на крај ја заебаа.
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Кутрата си умре патриотски.
БОГДАН: Леле, што кажа сега! А, бре, патриотите кај нас одамна
замина. (Хистерично се смее. Гоце Делчев си заминува.) Каде си,
брату Гоце? Ете и ти замина! (Пауза. Во собата влегуваат
тројца комити.)
КОМИТА 1: Ти си Богдан?
БОГДАН: Кој прашува?
КОМИТА 1: Бошко.
БОГДАН: Од кој затвор си избеган?
КОМИТА 2: Дојдовме поради огласот за да ја видиме фотелјата.
БОГДАН: Кој оглас, бре, арамии едни! Ако сте дошле да ме
ограбите, тука ништо нема да најдете.
КОМИТА 1: Не, бе, Богдан! Не сме лопови. Трајко, таткото на
девојка ми Ленче, сака да купи удобна фотелја за својот
лихварски газ.
КОМИТА 2: Од сликата во денешниот оглас, оваа фотелја ни се
виде дека е најидеална за него.
БОГДАН: Не, не! Грешка сте! Мојата фотелја не е за продажба.
КОМИТА 1: Според адресата, Google maps ни ја даде оваа
локација.
БОГДАН: Тој Гугал ви дал грешна локација.
КОМИТА 2: Ако не најдеме фотелја, ќе ни се згреши и животот.
БОГДАН: А, бре, вие двајца да не сте од обратнине?
КОМИТА 1: Не бе, брат.
БОГДАН: Како не, кога овој рече за вашиот живот.
КОМИТА 1: Овој е, всушност, таа.
БОГДАН: Леле! Не знаев дека и комити можеле да си бираат род
по желба.
КОМИТА 2: Чекајте! Погрешно нè разбравте.
БОГДАН: Убаво ве разбрав. Сакате да оформите семејство како
родител 1 и родител 2. Срамота! А твојов другар, или што и да
ти е, уште лаже дека бара фотелја за таткото на девојка му.
КОМИТА 1: Не лажам. Ова е девојка ми.
БОГДАН: Ужас!
КОМИТА 2: (Ги вади брковите и капата. Ја пушта долгата
коса.) Јас сум Ленче.
БОГДАН: Трансвестит?
КОМИТА 2: Не. Чистокрвна жена. (Го откопчува елекот и ги
истакнува градите.) Ленче, драго ми е!
БОГДАН: Силикони! Транџа! Лудило! Ми се умира!
КОМИТА 1: Ќе умреш како хомофоб. Ама знај дека ние сме
нормална љубовна двојка. Ленче е само облечена како комита.
БОГДАН: Ајде! А зошто невестата ти се облекла како машко?
КОМИТА 1: Затоа што бега од дома.
КОМИТА 2: Татко ми не дозволува да бидам со Бошко. А, јас го
сакам само него.
КОМИТА 1: Трајко е скопски тајкун.
КОМИТА 2: Колекционер на фотелји.
БОГДАН: (Пие пиво.) И каква врска имам јас со вашата љубовна
приказна?
КОМИТА 1: Ти немаш, ама твојата фотелја има.
БОГДАН: Што сте запнале за мојата фотелја! Ај баталете се!
(Пауза.) А, овој ќелавиов кој ви е?
КОМИТА 3: Јас сум Доне. Доне Совичанис. Мене фотелја не ми
треба. Јас само им правам друштво.
КОМИТА 1: Доне има интересна животна историја. Сакаат да го
избркаат од нашата земја.
КОМИТА 2: Сиротиот не е ни крив ни должен.
КОМИТА 3: Замисли, сакаат да ме прогласат за личност што не
постои. Да ме избришат од македонската историја. Да бидам
личност без идентитет.
БОГДАН: Е, па, и ти. И мене сакаат да ме избркаат од работа,
ама можат само да ми се фатат. (Се смее.) Упс! Ѝ се извинувам
на дамава. А зошто сите тројца сте се маскирале како комити.
КОМИТА 1: Не сме маскирани. Јас и Ленче веќе подолго време
имаме комитска должност. Доне ни се придружи пред извесно
време.
КОМИТА 2: Преку ден си ги извршуваме секојдневните
обврски, а навечер се собираме во нашата комитска
организација.
БОГДАН: И таму што правите?
КОМИТА 2: Развиваме стратегија како да ги купиме сите
фотелји во оваа држава за да ги зафркнеме фотелјашите.
КОМИТА 1: Кога ќе седнат на обичен стол, сакаме да видиме
дали ќе можат да се чаталат.
КОМИТА 3: (Се фаќа за задникот.) Нека видат и тие што се
хемороиди.
КОМИТА 2: Кога нема да постојат скапи фотелји, сите ќе бидеме
рамноправни!
КОМИТА1 : Ете, со тоа се занимава нашата организација.
(Некој ѕвони на вратата. Богдан ги става дланките на ушите,
бидејќи звукот од ѕвонењето му пречи. Тројцата комити
исчезнуваат.)
БОГДАН: Запрете ги камбаните! (Се обидува да стане, но не
може. Ѕвонењето продолжува.) Каде отидовте, бре, комити?
Спасете ме од малеров што ме убива! (Во собата влегува Перо,
кој е облечен во црна облека. Почнува да кашла од лошиот
мирис. Забележува дека Богдан не се чувствува добро.)
ПЕРО: (Испаничен.) Богдан, што ти се слу...у...чило?
БОГДАН: Поп! Кој викнал поп во мојот стан?! Леле, мајко, јас
сум умрел. (Со рацете почнува да се допира по телото.)
ПЕРО: Ја су...сум, Пе...е...ро. Не сум поп!
БОГДАН: Ти си малер! Ѓавол си. (Перо набрзина зема вода и го
прска.)
ПЕРО: О...освести се, чо...о...веку!
БОГДАН: А, знам кој си! Ти си мојот генерален и си дошол да
ме малтретираш зашто не ти ги потпишав документите за
наместениот тендер.
(Перо го прска со вода, а потоа му удира две шлаканици. Богдан
за миг престанува да зборува и заспива.)
ПЕРО: Бо...бог да чува! Луѓево се...секој ден се м...м...мрднуваат.
(Нозете му ги става на табуретката и си заминува.)

Мрак
СЦЕНА СЕДМА

Босилка и Панче појадуваат.

ПАНЧЕ: Правиш најубав омлет.


БОСИЛКА: Сигурно си многу гладен, па затоа ти е вкусно. (Се
насмевнува.)
ПАНЧЕ: Не, бе, мамо! Јас секогаш ја кажувам вистината.
БОСИЛКА: Е, кога сме кај веќе кај вистината, дали ги поправи
слабите оцени?
ПАНЧЕ: Како што ветив. Ги поправив, а и редовен сум на
настава. Замисли, вчера професроката по хемија ме пофали. (Се
смее. Во дневната влегува Богдан. Околу главата има ставено
крпа, а под очите има големи подочници.)
БОГДАН: Браво, синко! Штом хемичарката те пофалила, од тебе
ќе биде нешто. (Седнува на масата и пие кафе.)
ПАНЧЕ: Што ти е на очите?
БОСИЛКА: (Исплашено.) Леле, Богдан! Си се видел во
огледало? Страшно изгледаш!
БОГДАН: Денеска многу ме боли глава. Цела ноќ сонував нешто
без врска.
БОСИЛКА: Па затоа не одиш работа?
ПАНЧЕ: О, тато! И ти почна да ескивираш. (Се смее.)
БОГДАН: Ќе одам подоцна. И онака ми се гади кога сум таму.
ПАНЧЕ: Е како така! Нели ме советуваше дека треба да се
прилагодуваме на секоја ситуација!
БОГДАН: Мојата ситуација е комплицирана. (Некој ѕвони на
вратата) Е, од овој Перо, човек не може спокојно да појадува.
Нека ѕвони, не отворајте! (Ѕвонењето продолжува.)
БОСИЛКА: (Станува.) Ќе одам да отворам, можеби не е Перо.
ПАНЧЕ: Во девет наутро, освен Перo, кој друг би можел да
биде?! (Се смее. Босилка отклучува и ја отвора вратата.)
БОСИЛКА: Повелете!
Г. СТОЈАНОВСКИ: (Учтиво.) Извинете што ве вознемирувам
рано. Дали е ова станот на Богдан Петровски. (Богдан ќе се
преплаши кога ќе слушне со кого зборува Босилка. Веднаш
станува од масата и оди во другата соба. Панче го гледа и се
чуди. Станува и оди по него.)
БОСИЛКА: Да.
Г.СТОЈАНОВСКИ: Јас сум Оливер Стојановски, неговиот
директор. (Босилка ќе се изненади.) Богдан дома е?
БОСИЛКА: Да, да. Нешто не му беше добро утрово, па затоа
доцни на работа. Повелете влезете. (Влегуваат внатре.
Стојановски седнува на троседот.) Ќе се напиете нешто? Кафе,
сок, ракија? Или ако не сте појадувале, повелете, поставено е на
масата.
Г.СТОЈАНОВСКИ: Не, Ви благодарам! Немам многу време. Ќе
Ве замолам да го викнете Богдан. (Пауза.)
БОСИЛКА: Веднаш. (Оди да го викне сопругот. Богдан доаѓа
облечен во костум.)
БОГДАН (Љубезно.) Добро утро, директоре! (Се поздравува со
него, па седнува на троседот.) Се извинувам што не Ви се јавив
да Ве известам дека ќе задоцнам на работа.
Г.СТОЈАНОВСКИ: Во ред е, Богдан. Јас бев на поминување, па
реков да наминам до кај тебе.
БОГДАН: Да Ве послужиме со нешто?
Г.СТОЈАНОВСКИ: (Го менува тонот на зборување.) Не,
благодарам. Нема потреба ништо да ме послужите.
БОГДАН: Да не има некаков проблем на работа?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Не. Нема проблем. Тука сум приватно.
БОГДАН: (Зачудено.) Приватна работа со мене?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Не со тебе. Со твојот син!
БОСИЛКА: Со Панче! (Зачудено.)
БОГДАН: (Малку го повишува гласот.) Каква врска има мојот
син со вас?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Вашиот син нема врска со мене, но има со
мојата ќерка!
БОГДАН: Молам?
БОСИЛКА: Со Вашата ќерка? (Зачудено.)
Г.СТОЈАНОВСКИ: Да, да! Љубовна врска со мојата ќерка. Тоа
го разбрав вчера. (Го повишува тонот. Разговорот преминува во
кавга.)
БОГДАН: (Со повишен тон.) И што е толку страшно ако мојот
син е во љубовна врска со Вашата ќерка?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Не е страшно. Престрашно е! Веднаш
викнете го љубовџијата! (Во собата влегува Панче. Се чувствува
непријатно и збунето.)
ПАНЧЕ: Добар ден! (Сака да се поздрави, но Стојановски е
многу нервозен и одбива да се поздрави.)
Г.СТОЈАНОВСКИ: Ти ли си тој неранимајко што сака да ѝ го
уништи животот на ќерка ми?!
БОСИЛКА: Аман, господине Стојановски! Што ѝ направил
Панче толку страшно на Вашата ќерка? (Некој ѕвони на
вратата. После второто ѕвонење, влегува Перо. Стои
настрана и ја следи расправијата. Другите не забележуваат
дека е внатре.)
Г.СТОЈАНОВСКИ: Ме прашувате што направил?! Толку сте го
воспитале овој ништожник. Поради него, мојата ќерка сакаше да
се самоубие!
БОГДАН: (Се воздржува да не предизвика тепачка.) Директоре!
Ве молам да не го навредувате мојот син! Ако Вашата ќерка има
психички проблеми, за тоа не е виновен Панче.
Г.СТОЈАНОВСКИ: (Дрско.) Маја, нема никакви психички
проблеми. Вашиот син сега ќе има проблеми. Мажиште големо.
Затруднел осумнасетгодишна девојка!
БОСИЛКА: (Изненадена и вознемирена.) Дете?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Да, дете госпоѓо. Овој овдека ѝ направил
дете на ќерка ми. Бремена е! (Станува и сака да му удри
шлаканица на Панче, но Богдан му ја фаќа раката.)
БОГДАН: Да не си се осмелил да го допреш син ми, зашто ќе те
лежам! (Го потурнува.)
БОСИЛКА: Дали сте Вие сигурен во ова што го зборувате?
Г.СТОЈАНОВСКИ: Повеќе од сигурен!
ПЕРО: (Гласно.) С...с...стојте! (Му се обраќа на г. Стојановски.)
Панче, не е т...т...таткото.
Г.СТОЈАНОВСКИ: Кој си, бе, сега ти да ми кажуваш кој е
таткото?
ПЕРО: Си...и...гурно не е тој. (Сите се смируваат и гледат во
Перо.) П...Панче не сака же...же...жени. Тој е г...г...г...геј!
(Босилка не се чувствува добро и седнува на троседот. Богдан
е изненаден.)
БОГДАН: Перо, и од тебе ми е преку глава. Какви глупости
зборуваш? (г.Стојановски почнува да се смее.)
ПЕРО: Да, г...геј е. Ги имам фа...а...тено со другар му во
ста..а...нов голи. (Панче ѝ дава вода на Босилка.)
Г.СТОЈАНОВСКИ: (Се смее.) Со кого сум дошол јас да се
расправам. Неспособен татко може да направи само
понеспособен син!
(Богдан не се воздржува. Доаѓа до Стојановски и му удира два
бокса. Стојановски паѓа на земјата. Перо се обидува да ги
раздели, но не може)
БОГДАН: (Нервозно и гласно.) Еве ти, копиле едно, да видиш кој
е неспособен!!!(Со нога го удира во стомакот.) Криминалец
еден! Ме дупиш еден месец да ти потпишувам лажни документи
за тендери, па сега сакаш да ми го малтретираш и семејството.
(Панче доаѓа и го трга татка си. Босилка почнува да плаче.
Перо му помага на Стојановски да стане и го носи накај
вратата.)
Г.СТОЈАНОВСКИ: За ова те чека една тужба и отказ од работа!
(Богдан се затрчува и успева да му удри уште еден бокс. Перо
застанува пред него.)
ПЕРО: Бо...о..гдан! Смири се!
БОГДАН: Отказ сам ќе си дадам, фотелјашу еден корумпиран. А
тужба и ти ќе си добиеш за сите измами што ти ги знам.
БОСИЛКА: Богдане, престани! Перо, те молам изнеси го
човеков надвор!
БОГДАН: Ќе скапеш во затвор како куче! Газот нема да ти седи
на кожена фотелја, ама сигурно секоја вечер ќе те боли. Па тогаш
слатко ќе се смееш!
(Перо му помага на Стојановски да излезе надвор.)
БОСИЛКА: Што направи, човеку?
БОГДАН: Го направив тоа што сакав да го направам уште
одамна.
БОСИЛКА: Сега сигурно ќе те пријави во полиција.
БОГДАН: Не грижи се, Босилче. Нема криминалец што оди во
полиција да пријавува, па ниту овој лигуш нема да го стори тоа.
ПЕРО: Леле, Богдан! Го у...утепа чо...чо...човеков. Одвај
сто...стоеше.
БОГДАН: Перо, те молам веднаш да си одиш. Морам да се
смирам.
(Богдан зема пиво и седнува на фотелјата. Пали цигара.)

Мрак
СЦЕНА ОСМА

Босилка лежи на троседот со врзана крпа околу главата. Панче


игра на мобилниот телефон.

ПАНЧЕ: За нашиов скандал сè уште никој не дознал.


БОСИЛКА: Да се чудиш.
ПАНЧЕ: Два дена молк. Ама до утре, можеби, веста ќе екне како
атомска бомба.
БОСИЛКА: Панче, те молам. Многу ме боли главата. Остави ја
сега таа работа. (Влегува Богдан.)
БОГДАН: Поднесов отказ во фирмата.
БОСИЛКА: И сега што ќе правиме ако те тужи?
БОГДАН: Кој да ме тужи?! Директорот?
БОСИЛКА: Да.
БОГДАН: Тој мрсул не оди на работа. Отворил боледување. Во
лицето бил како модар патлиџан. (Се смее.) Знае дека газот не му
е чист. На секретарка ѝ рекол кога ќе дојдам веднаш да го
извести.
БОСИЛКА: И?
БОГДАН: Кога ги оставив документите, таа беше многу љубезна
со мене. Ми вели: „Директорот рече да размислите дали сакате
да дадете отказ“. (Му се обраќа на Панче.) Панче, донеси пиво,
сакам да поразговараме.
БОСИЛКА: Значи и тој се плаши?
БОГДАН: Кој криминалец не се плаши да не биде откриен!
(Панче станува и носи две пива. Сите тројца седнуваат на
троседот.)
ПАНЧЕ: (Наздравува со татко му.) Јас најдов работа во едно
кафуле. Следната недела завршувам со матурскиот испит и
веднаш ќе почнам да работам.
БОГДАН: (Пие пиво.) Тоа е твој избор. Работи ако сакаш.
БОСИЛКА: Е зошто да работиш?
ПАНЧЕ: Мамо! Некои мои другари работат уште од втора
година. Секој млад човек во оваа наша држава си го заработува
својот џепарлак.
БОСИЛКА: За жал, така е. Јас поднесев документи за работа во
еден маркет. Чекам наскоро да ме викнат.
БОГДАН: Кога сме кај работата и вработувањето, малку
воздржете се.
БОСИЛКА: И сите тројца да седиме дома и да се молиме парите
да ни паднат од небо.
БОГДАН: Ова е нешто сериозно. Се надевам дека ќе ме
поддржите!
ПАНЧЕ: Тато, јас секогаш сум „за“! (Се смее).
БОСИЛКА: Што ќе ни кажеш сега?
БОГДАН: Аман, бре, Босилке! Не вознемирувај се. Уште додека
ме малтретираше копилето на работа, јас поднесов документи за
работа во Германија.
ПАНЧЕ: Германија? Што зборуваш, тато?!
БОСИЛКА: Каква Германија, Богдане?
БОГДАН: Да, Германија. Добив работа во Минхен. (Станува и
од чантата вади некои документи. Ѝ ги додава на Босилка.) Ова
е мојата работна виза.
БОСИЛКА: (Возбудено.) Не знам што да кажам. (Богдан ја
гушка.)
ПАНЧЕ: Тато е способен човек. (Се смее.)
БОГДАН: Со помош на Перо.
БОСИЛКА: Перо?
БОГДАН: Да, со помош на Перо. Неговиот брат работи во
германската амбасада во Скопје. Кога ги поднесував
документите ме препозна. Ми рече дека за најдобрите соседи на
неговиот брат ќе помогне колку може.
ПАНЧЕ: Значи, наш Перица е вистински цар. Без него ништо не
правиме!
БОСИЛКА: А, таму како ќе се снајдеме?
БОГДАН: И тоа е средено. Кратко, сè додека не најдам стан ќе
бидам сместен кај некои пријатели на Перо. Потоа ќе ве
повлечам и вас.
БОСИЛКА: Не ми се верува. Пресреќна сум. Повеќе се радувам
за Панче. Ќе живее во држава во која се почитуваат моралните
вредности, способноста и трудот што го вложува секој човек.
БОГДАН: Сите тројца ќе живееме во држава каде, наместо
фотелјата, работата е пресудна за успехот и за кариерата. (Ѝ се
обраќа на Босилка.) Патем, најдовме работа и за тебе. Во хотел
на рецепција.
ПАНЧЕ: И јас ќе си најдам работа. Сигурно ќе ме примат во
некој ресторан за брза храна. Тато! А како ќе се разделиш од
својата фотелја? (Се насмевнува.) Сигурно нема да ја земеме со
нас!
БОГДАН: Синко. Фотелјата е само предмет. На неа може да
седне кој било. Таа не може да те направи да бидеш секогаш
среќен, исполнет, чесен.
ПАНЧЕ: Но, затоа може да ти го испере мозокот и да те направи
монструм. (Пауза.)
БОСИЛКА: Панче. (Пауза.) Со татко ти разговаравме и сакаме
нешто да те прашаме.
БОГДАН: Сине, само те молам да бидеш искрен!
ПАНЧЕ: Слушам!
БОСИЛКА: Да знаеш дека ние не ти се мешаме во твојата
сексуална определба, но...
ПАНЧЕ: Не сум геј ако е тоа прашањето. Да бев, без проблем ќе
ви кажев. И така во денешно време кај нас хомосексуалноста е
во тренд. Денес младите или се анксиозни или сакаат да
експериментираат со партнер од ист пол.
БОГДАН: (Зачудено.) Ама нели Перо ве начекал?
ПАНЧЕ: Перо ме виде кога излегував од бањата со пешкир околу
половина после туширањето. Јас се подготвував за средба со
Маја, ќерката на твојот најдобар пријател. (Се смее.) Ристо беше
кај нас и ме чекаше.
БОСИЛКА: Значи, Перо погрешно разбрал?
ПАНЧЕ: Од А до Ш. Ристо, се шегуваше со него и Перо наседна
на тоа.
БОГДАН: Добро. А дали е вистина она за што те обвини мојот
директор.
ПАНЧЕ: Се разбира дека и тоа не е вистина. Со ќерка му имавме
сексуални односи исклучиво со заштита.
БОСИЛКА: Па како тогаш девојката останала бремена?!
ПАНЧЕ: Замисли, ме изневерувала со Ристо. Најдобриот другар
ми заби нож во грб. Перо ми кажа дека ги видел заедно. А може
ме изневерувала и со други. Не знам.
БОГДАН: И не треба да те интересира.
БОСИЛКА: Сега фокусирај се на Германија.
БОСИЛКА: И на убавите Германки.
БОГДАН: За да најдеш нова љубов, почни да учиш германски.
(Се смее.)
ПАНЧЕ: Ја, ја, натурлих!

Мрак
СЦЕНА ДЕВЕТТА

Во дневната соба има неколку куфери. Босилка зборува на


мобилен, Богдан ги проверува документите за патување, а
Панче го полни ранецот.

БОСИЛКА: Ти благодарам, срцка! Ќе ги поздравам. (Им се


обраќа на Панче и на Богдан.) Ве поздравува Јагода и ни
посакува среќен пат. (Пауза.) И тие те поздравуваат. (Некој ѕвони
на вратата. Босилка зборува и оди да отвори.) Бакнежи, драга!
Се слушаме штом ќе слетаме. Кис!
(Ја отвора вратат и влегува Перо. Носи шише со ракија.)
ПЕРО: Гу...гу...гутен мор...мор...
БОГДАН: Добро утро и тебе! (Се смее.)
ПАНЧЕ: Guten Morgen, Перо! (Го прегрнува и ја зема ракијата.)
Нè испраќаш со ракија?
ПЕРО: Ра...ракијата е за моите ро...ро...роднини. Поздрав од
Ма...а...Македонија.
БОГДАН: А, Перо. Пак ми правиш проблем. Минатиот пат им
однесов ракија.
ПЕРО: Ми ре...рекоа дека би...ила многу убава.
БОСИЛКА: (Малку вознемирена поради патувањето.) Перо,
значи, на овие цвеќиња еднаш неделно ќе им ставаш вода.
(Богдан ги собира од масата пасошите и останатите
документи за патување и ги става во чантата. Панче
внимателно го мести шишето со ракија внимателно во еден од
куферите.)
ПЕРО: Во ред, Бо...Босилке.
БОГДАН: Сметките сами ќе ги плаќаме преку Интернет. Само ќе
нè известиш ако сатаса нешто друго по пошта.
ПАНЧЕ: Луѓе, ајде да се симнуваме, таксито сигурно нè чека!
БОСИЛКА: Перо, и те молам кога ќе проветруваш да не ги
заборавиш прозорците отворени.
ПЕРО: Не, никако.
БОГДАН: И заклучувај ја вратата откако ќе излезеш.
ПАНЧЕ: Аман бре, луѓе! Перо не е мало дете. (Ги врзува врвците
од патиките и облекува јакна.)
БОСИЛКА: (Ја зема чантата и ја става на рамо.) Перо, тебе
сме ти премногу благодарни. Да не беше ти, сè уште ќе
преживуваме во оваа наша држава.
БОГДАН: Така е, Перица! Ама затоа, кога ќе изразиш желба да
дојдеш во Германија, веднаш ќе ти резервираме билет. (Облекува
јакна и зема еден куфер.)
БОСИЛКА: Богдан е презадоволен од твоите роднини. Многу му
помогнале кога отиде прв пат. И да знаеш дека секогаш ќе бидеш
добредојден кај нас, ако решиш да нè посетиш.
ПЕРО: Не, не. Јас имам фо...фо...бија од ле...летање.
БОСИЛКА: Е добро де. Ќе дојдеш со автобус. (Се насмевнува.)
БОГДАН: И уште една молба, Перо.
ПЕРО: Кажи, Бо...о...Богдане.
БОГДАН: Не поместувај ми ја фотелјата. (Се смее.)

(Се поздравуваат и сите излегуваат од станот.)

Мрак
СЦЕНА ДЕСЕТТА

Перо ја отклучува вратата и влегува во станот.


ПЕРО: Ка...каде сум го о...о...ставил телефонот?! (Бара низ
дневната соба. Гледа кај троседот, на трепезариската маса.
Клекнува на подот и забележува дека мобилниот телефон е под
фотелјата.) Е...е...еве каде сум го и...и...изгубил. (Го зема
мобилниот, но зема и кутија со цигари. Внимателно седнува на
фотелјата.) Па...па фотелја...а...ва на Богдан била у...у...удобна.
И тој, како мене, си ги заборавил ци...и...цигариве и
за...запалката. (Ја отвора кутијата и вади само неколку цигари.)
О...о...тој сè и...и...испушил. (Гледа во цигарите и се мисли.) Да
про...про...бам едно димче? (Пауза. Ја става цигарата в уста,
но веднаш ја трга.) Не пушам, ама ќе про...о...бам. (Зема запалка
од масичето и ја пали цигарата. Повлекува еден дим и силно се
закашлува. Повлекува уште еден дим и продолжува да кашла. Од
масичето зема весник, се лади. Откако ќе се смири, го
разлистува весникот и почнува да чита на глас.)
Саем во саем! (Пауза.) Искористете го најголемиот попус во
нашите продажни салони. (Се чуди. Престанува да чита.)
Гарнитура за само петнаесет илијади денари. (Пауза.) Кревет
лик-клак - шест илјади и петстотини денари. Аголна гарнитура
со фотелја - дванаесет илјади денари. Кожена фотелја за триесет
и три илјади денари! (Го остава весникот на масичето и
станува од фотелјата. Мобилниот телефон му паѓа на подот. )
У...у..пичку ма...матер! Што фо...фотелја ќе беше о...ова?!
(Повлекува уште еден дим. Стои во едно место и гледа во една
точка.) Леле, колку е убава нашава држава! Сè е зелено. Дрвја,
цвеќиња, чист воздух! (Гледа десно.) Ене ја и реката како
жубори. Онаму погоре има и прекрасен водопад. (Вовлекува
воздух.) Тука е исто како да си на швајцарските Алпи или во
некоја парк-шума во Германија. (Пауза.) Се чудам зошто нашите
Македонци заминуваат во европските држави кога кај нас тече
мед и млеко. (Со јазикот ја лиже устата.) Тука сè е волшебно
и зелено. Ех! (Се врти во круг.) Македонија е земја на чудата!
Македонија е рајот на Балканот! Македонија е последното место
кое човек треба да го напушти. Тука функционира
општествениот систем! Законот! Институциите! Сите ја бараат
Европа, а Македонија е стопати поубава. Им се чудам и на
Богдан и на Босилка што го однесоа Панче да страда во
Германија. А детето тука убаво си работеше како келнерче.
(Шета низ станот.) Се остава ли ваква борова шума? (Пауза.)
Колку е прекрасен звукот на славејчињата што стојат високо на
гранките! (Погледнува нагоре.) Облаците како да ми се
насмевнуваат. (Се смее. Полека се движи накај фотелјата.) Ене
една срна. Или можеби е елен? (Пауза.) Ме гледа како да сум ѝ
најголем непријател. А не знае дека во Македонија нема
непријатели. Тука секој секому е пријател. Вистински, искрен.
Вистински пријател кој ја кажува само вистината. Просто на
човека да не му се верува дека ова наше парче земја е дел од рајот
на небото. Или можеби рај на земјата. (Занесен, се удира во
фотелјата и паѓа на земја. Полека станува и си заминува.)
У...у..пичку ма...матер! Што фо...фотелја ќе беше о...ова?!

Мрак
Стево Павловски е роден на 07.12.1980 година во Скопје.
Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на
групата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Магистер е по
филолошки науки (2014) на Катедрата за македонска книжевност и
јужнословенски книжевности во Скопје.
Автор е на книгите „Дискурсот на шокот во македонската
постмодерна драма“ (2017), „Одблесоци од средновековната и од
народната ризница“ (2019), драмските текстови „Последниот лет за
Европа“ (2020), расказите „Вистина“, „Приказната за Менахем и Бјел“,
„Фотографија“ и „Спомен“, како и на голем број стручни и научни
трудови кои ги објавува во списанијата „Театарски гласник“,
Современост“, „Македонски фолклор“, „Зенит“, „Литературен збор“ и
др.

You might also like