Пишување на Литературен есеј

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Литературен есеј

Литературен есеј се пишува за објаснување, критика или давање личен став за некое
литературно дело (расказ, роман, песна, драма…). Може да се однесува за целото дело
(во вид на лектира) или да се одговори на определена, конкретна тема (на пример, за
ликовите, за некој мотив од делото, за стилот на авторот итн.)

.
1. Во воведот на литературниот есеј е добро да се биде краток, да се дадат само
сугестии, односно да се посочи правецот кон што ќе се движи анализата во
понатамошниот текст.

2. Во својот план за пишување треба јасно да се издвојат околу 6 конкретни точки што ќе
се обработат и за кои ќе се дадат поконкретни детали. За секоја од овие точки треба да
се напише еден до два пасуса и тие незабележливо да се поврзат со наредните.

3. Кога ќе го кажете вашиот став, вашата поента – мора и да ја докажете. Кога ќе


коментирате за ликовите, врските меѓу ликовите, темата, стилот итн. мора да се поврзете
со изворниот текст, да дадете пример, или пак да цитирате – да го наведете целиот
извадок.
Цитатите мора да се во нов ред и во наводници.
Избегнувајте ја замката на просто прераскажување на целата приказна и сконцентрирајте
се на оние делови од книгата кои имаат врска со зададената тема. Мора да бидете
селективни. Непотребните раскажувања го оптоваруваат текстот, го прават здодевен и
често се надвор од темата (така се бега од темата).
Всушност, најважниот дел е да се одговори на зададената тема.

4. На крајот, заклучокот треба да биде збир од сите поенти. Тој треба најдиректно да
одговори на темата.

5. Стилот на пишување е најдобро да биде официјален, зашто разговорниот јазик изгледа


несериозно и не е прифатлив за вакви текстови (освен ако се работи за неформален
есеј).

6. Треба да бидете креативни. Не мора да се согласувате со официјалната критика. Но,


вашите оригинални идеи и ставови треба јасно да ги образложите и да ги поткрепите со
докази. Да се биде креативен значи да се има свој став, значи дека литературата (делото)
ве допрело на посебен начин и вие тоа го искажувате.

You might also like