Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Зошто водата на Монт Еверест врие на 68 степени

Водата е хемиска супстанца со хемиска формула H2O: една молекула на вода


содржи два атома на водород, ковалентно поврзани со еден атом на кислород.
Во природата, водата се јавува во трите агрегатни состојби и на Земјата може
да заземе многу различни форми, како што се водните испарувања и
облаците на небото, морската вода и сантите мраз во поларните океани,
ледниците и реките во планините и течноста во Земјините водоносни слоеви.
Главните хемиски и физички својства на водата се следните:

Површинска густина на водата

 Водата е течност која на нормална температура и притисок нема ни вкус ни


мирис. Природната боја на водата и мразот има светлосина нијанса, иако во
мали количини изгледа безбојна. Мразот, исто така изгледа безбоен, а
водните испарувања се невидливи како гас.[8]
 Водата е проѕирна и поради тоа водните растенија можат да живеат во неа
бидејќи сончевата светлина може да стигне до нив. Само силна УВ светлина
се впива во помал интензитет.
 Бидејќи молекулата на водата не е линеарна и атомот на кислородот има
поголема електронегативност од водородниот атом, носи мал негативен
напон, додека водородните атоми имаат мал позитивен напон. Како резултат
на ова, водата е поларна молекула со електричен диполен момент. Мрежната
интеракција меѓу диполите на секојa молекулa предизвикуваат ефикасен
кожа-ефект на поврзувањето на водата со други субстанци, или воздух на
површината, последното ако има покачување на високиот површински
притисок на водата. Оваа диполарна природа придонесува до склоноста на
молекулата на водата да оформува водородни врски кои ги предизвикуваат
специјалните својства на водата.Поларната природа придонесува и за
прилепувањето кон други материјали.

Геометриска на молекулата на водата

 Секое водородно јадро е поврзано со централниот кислороден атом со пар


електрони кои се заеднички. Хемичарите овој зеднички пар електрони го
нарекуваат ковалентна хемиска врска. Во формулата H 2O, само два од шесте
кислородни електрони од надворешната обвивка се употребуваат за оваа
намена, оставајќи четири електрони кои се поделени во два пара слободни
електрони. Четирите пара електрони кои го опкружуваат кислородот имаат
склоност да се наредат што подалеку меѓусебе за да се намали одбивноста
помеѓу овие облаци од негативен напон. Ова најчесто резултира со
тетраедална геометрија во која аголот меѓу паровите електрони (од таму Н–
О–Н е агол на поврзување) е 109,5°. Но, бидејќи двата пара слободни
електрони остануваат поблиску до кислородниот атом, овие употребуваат
поголемо одбивање против двата ковалентни споени пара, со што ги туркаат
двата водородни атоми поблиску еден до друг. Како резултат на тоа се добива
искривен тертаедарен поредок во кој Н-О-Н аголот е 104,5°
Синџир на молекулите на водата поврзани со водородни мостови

 Како резултат на заемното дејство на овие својства, капиларното дејствување


се однесува на својството на водата да се движи нагоре во тесна цевка спроти
гравитациската сила. На ова својство се потпираат сите васкуларни растенија,
како на пример дрвјата.
 Водата е добар растворувач и често се нарекува универзален растворувач.
 Супстанците кои се раствораат во вода, како на пр. соли, шеќери, киселини,
бази и дури и некои гасови, особено кислород, јаглерод диоксид (газирање) се
познати како хидрофилични (водо-љубни) материи, додека тие што не се
мешаат со вода, на пр. масти и масла се познати како хидрофобни (кои се
плашат од вода) материи.
 Сите главни составни делови во клетките (белковини, ДНК и полисахариди),
исто така се раствораат во вода.
 Чистата вода има ниска електрична спроводливост, но таа значајно се
зголемува со растворање на мало количество јонски материјал како на пример
натриум хлорид.
 Точката на вриење на водата (и сите други течности) зависи од
барометарскиот притисок. На пример, на врвот од Монт Еверест, водата
врие на околу 68 °C , во споредба со 100 °C на морското ниво. Обратно,
водата во океанот близу геотермалните отвори може да достигне
температура од стотици степени и да остане течна.
Капиларно дејствување на водата во споредба со жива

 Водата го има највисокиот специфичен топлински капацитет од која било


позната супстанца после амониумот, како и висока топлина на испарување
(40.65 kJ•mol−1), што се резултат на многубројните водородни врски меѓу
молекулите.
 Овие две невообичаени својства ѝ дозволуваат на водата да ја регулира
Земјината клима со придушување на големи промени во температурите.
 Водата, најголемата густина ја достигнува на 3,98 °C.Таа станува дури
поретка кога ќе замрзне, проширувајќи се за 9%. Ова е резултат на еден
необичен феномен: цврстата форма на водата (мраз), лебди во течна вода со
што дозволува организмите да преживеат во делумно замрзнато водно тело
бидејќи водата на дното има температура од околу 4 °C.
 Водата може да се меша со многу други течности, како на пример етанолот,
притоа формирајќи хомогена течност. Од друга страна, водата и повеќето
масла се немешливи, најчесто формирајќи слоеви со густина која се
зголемува од врвот. Како гас, водената пареа е целосно мешлива со воздух.
 Водата оформува азеотроп со многу други раствори.
 Водата, со електролиза, може да се подели на водород и кислород.
 Како оксид на водородот, водата се формира кога водородот или водородните
соединенија горат или реагираат со кислород или кислородни соединенија.
Водата не е гориво, таа е краен производ на согорување на водородот.
Енергијата потребна да се подели водата во водород и кислород со
електролиза или на друг начин, е поголема од енергијата која се испушта кога
водородот и кислородот повторно се спојуваат.
 Хемиските елементи кои се повеќе електропозитивни од водородот, како на
пр. литиумот, натриумот, калциумот, патасиумот и цезиумот го истиснуваат
водородот од водата, создавајќи хидроксиди. Како запаллив гас, водородот
кој се испушта е опасен и реакцијата на водата со елементите, кои се повеќе
електропозитивни од водродот, може да доведе до голема експлозија.

You might also like