Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Лектира број 2

МАКЕДОНСКА НАРОДНА ЕПИКА

Обработени песни:

1. “Оро ми играле триста самовили”


2. “Аврамова жертва”
3. “Македон’јо земјо мила, заробена”
4. “Блажена горо зелена”
5. “Самовилско ѕиздање”
Прва песна

“Оро ми играле триста самовили”

I. Надворешни белези:
1. Дискурс – стих;
2. Композиција на песната – астрофична;
II. Внатрешни белези:
1. Наратор – тој (er – форма);
2. Нарација – хронолошки тип – објективно раскажување;
3. Фабула и сиже – се совпаѓаат бидејќи типот на нарацијата е хронолошки:
1.1. Триста самовили играат оро на планина;
1.2. Самовилата Ѓурѓа оди во Битола по мевтера (музика);
1.3. Во Битола самовилата Ѓурѓа го наоѓа Димо и го носи кај трите
самовили;
1.4. Самовилите му ја даваат Ѓурѓа на Димо како награда за тоа што успеал
да им свири три денови и три ноќи;
1.5. Самовилата Ѓурѓа цели три години е затворена во домот на Димо;
1.6. Димо ги отвора баџите и мазгалките (прозорците) на денот на
крштевката на нивното дете и самовилата Ѓурѓа побегнува.
4. Тема: Љубовта на суровата самовила Ѓурѓа кон слободниот живот не ја
заменило дури ни мајчинството.
5. ,
Мотив: Итроштината на самовилите за да уживаат во животот.
6. Композиција на песната:
6.1. Експозиција – Самовилата Ѓурѓа оди во Битола по мевтера и на
враќање со себе го зема и Димо;
6.2. Заплет – Димо ги натсвирува самовилите и за возврат на тоа ја добива
самовилата Ѓурѓа;
6.3. Кулминација – Димо ја затвора Ѓурѓа во својата куќа цели три години;
6.4. Перипетија – И покрај тоа што имаат машко дете самовилата Ѓурѓа со
помош на итроштин успева да ги измами Димо;
6.5. Расплет – Самовилата Ѓурѓа повторно живее слободно.
Епска широчина – ретардација – повторување (На врв на планина, на
рамна рудина; Ѓурѓа самовила, на крајна девојка).
7. Класификација на песната според темата – не истоиска – митолошка.
8. Идеја – Не му верувај на некој кој не го познаваш бидејќи не знаеш какви
скриени намери има.
9. Стилски фигури:
9.1. Епитети –(рамна на рудина, стара на самовила, машко на дете);
9.2. Анафора (И си ја однесе Димо в град Битоља, И си ја однесе во
својата куќа; И тој си затвори баџи и мазгалки, И тој си ја држа
токму три години);
9.3. Епифора (Таја му стигнала едно машко дете. Ими канил кумот да го
крстит дете);
9.4. Палилогија – (Ај да пушлиме Ѓурѓа самовила, Ѓурѓа самовила, на
крајна девојка).
Втора песна

“Аврамовата жртва”

I. Надворешни белези:
1. Дискурс – стих;
2. Композиција на песната – астрофична;
II. Внатрешни белези:
1. Наратор – тој (er – форма);
2. Нарација – хронолошки тип – објективно раскажување;
3. Фабула и сиже – се совпаѓаат бидејќи типот на нарацијата е хронолошки:
3.1. Желбата на Aврам да има свое дете и ветувањето на жртва за тоа;
3.2. Појавувањето на ангелот во сонот на Аврам и потсетувањето за
ветената жртвата и по девет години;
3.3. Аврам го испраќа синот во зелената ограда;
3.4. Аврам се подготвува да го заколи својот син и да го принесе како
жртва;
3.5. Ангелот се појавува повторно и носи два црни овна да ги заколи
Аврам.
4. Тема: Аврамовото жртвување за барем еднаш да се израдува на сопствено
дете;
Мотив: Посакувањето де се има сопствено дете;
5. Композиција на песната:
5.1. Експозиција – Аврам ги гости другарите и за возврат само бара да се
молат за да добие дете, за кое ветува и жртва;
5.2. Заплет – Ангелот му се појавува во сонот на Аврам и го потсетува за
ветената жртва;
5.3. Кулминација –Аврам е подготвен да го заколи и сопственото дете во
зелената ограда;
5.4. Перипетија – Ангелот се појавува повторно и со себе носи два црни
овна;
5.5. Расплет – Аврам среќно си живее со своето дете (не е раскажано во
песната).
Епска широчина – ретардација – повторување (Татко ти ќе доит, жертва
да чинит)
6. Класификација на песната според темата – не историска – митолошка.
7. Идеја – Бог секогаш им помага на вистинските верници
8. Стилски фигури:
8.1. Епитети – (гостољубец на Аврам остро на секирче маслинкои на дрва
црни на овна, божји на ангел, човечка на жртва);
8.2. Хипербола (Да ми даит господ чедо; на деведесет девет години);
8.3. Градација;
8.4. Анафора (Поканил Аврам гостољубец, поканил гости пријатели; Тога
Аврам се опули, тога виде до два црни овна);
8.5. Палилогија – (Врзи ми, татко, обете ноѕе, обете ноѕе, обете раце)
Трета песна

“Македон’јо земјо мила, заробена”

I. Надворешни белези:
1. Дискурс – стих;
2. Композиција на песната – астрофична - шеснаестерец;
II. Внатрешни белези:
1. Наратор – тој (er – форма);
2. Нарација – хронолошки тип – објективно раскажување;
3. Фабула и сиже – само еден настан
3.1. Враќањето на борците од борбата за слободна Македонија.
4. Тема: Љубовта и пожртвуваноста за татковината.
Мотив: Чувството на недостиг кај синовите и сопругите на борците.
5. Композиција на песната – нема;
Епска широчина – нема;
6. Класификација на песната според темата – историска – партизанска.
7. Идеја – Борисе за слобода на татковината, но не заборавај на својата
фамилија.
8. Стилски фигури:
8.1. Епитети – (заробена и мила на земја, поцрнети, потемнети на синови,
затворни на жени, изгорени, исплачкани на куќи);
8.2. Градација;
8.3. Палилогија – (а куќите изгорени, изгорени испачкани).
Четврта песна

“Блажена горо зелена”

I. Надворешни белези:
1. Дискурс – стих;
2. Композиција на песната – астрофична - петнаесетерец;
II. Внатрешни белези:
1. Наратор – тој (er – форма);
2. Нарација – хронолошки тип - објективно раскажување;
3. Фабула и сиже – нема;
4. Тема: Блажената гора зелена.
Мотив: Поминувањето низ оваа гора на Делчев со неговата дружина.
5. Композиција на песната:
Епска широчина – ретардација – постојани епитети;
6. Класификација на песната според темата – историска – комитско –
револуционерна.
7. Идеја – Да се прикажи гората низ која поминуваат славните војводи.
8. Стилски фигури:
8.1. Епитети – (блажена и зелена на горо, зелена на горо, широки на сенки);
8.2. Анафора (На сека гранка бедранка, на сека гранка патронка, на сека
чука и бајрак; развивај горо зелена, развивај шума зелена);
8.3. Епифора (развивај горо зелена, развивај шума зелена);
8.4. Симплоха – (развивај горо зелена, развивај шума зелена)
Петтаа песна

“Самовилско ѕиздање”

I. Надворешни белези:
1. Дискурс – стих;
2. Композиција на песната – астрофична;
II. Внатрешни белези:
1. Наратор – тој (er – форма);
2. Нарација – хронолошки тип – објективно раскажување;
3. Фабула и сиже – се совпаѓаат бидејќи типот на нарацијата е хронолошки:
3.1. Самовилата гради град, ни на небо ни на земја;
3.2. Галеното машко дете од Марко го зема за да го намести на прозорец.
4. Тема: Ново градениот град на самовилата.
Мотив: Суровоста на самовилите кога прави тоа што ќе посака.
5. Композиција на песната:
5.1. Експозиција – Самовилата гради град;
5.2. Заплет – искористувањето на унаците, девојките и децата во гадбата;
5.3. Кулминација – Кога самовилата го зема и галеното машко дете.
Епска широчина – ретардација – повторување (На врв на планина, на
рамна рудина; Ѓурѓа самовила, на крајна девојка).
6. Класификација на песната според темата – не истоиска – митолошка.
7. Идеја – Секој си го гледа својот интерес, не размислувајќи за другите;
8. Стилски фигури:
8.1. Епитети – (одбрани на јунаци, девојки и дечиња, прегалено и машко на
дете);
8.2. Палилогија – (Марко имат машко дете, машко дете прегалено).

You might also like