Дневна Подготовка- Култура На Говор

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ДНЕВЕН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН

Студент: Снежана Александровиќ


Бр. на индекс 142193 Возраст : Голема група / 5-6 години

Стандарди
Детето може да слуша и раззбира говорен јазик.
Детето може да зборува и комуницира
Детето може да препознае пишани симболи и букви
2. Наслов на дневната тема:
Составување на писмо – како специфична форма на раскажување

3. Цели:
Детето се вклучува во разговор, го разбира она што го слуша и соодветно реагира.
Детето ги кажува своите ид еи на повече начини
Детето именува букви во пишан текст.
Побудување на интерес и љубов кон училиштето.

4. Користени стратегии за рано учење и подучување: 5. Време на реализација:


09-09.30 часот
-Метод на набљудување; Метод на разговор;, Метод на
усно излагање. 6. Место на реализација:
-Фронтална и индивидуална форма на работа Занимална

7. Материјали и средства за реализација:


Писмо; Лист хартија; плик.
Активности:
Децата престануваат со слободната игра, со тоа што ги повикувам кај мене за да ги подготвам за
друг вид на активност.
Во тој момент вниманието ни го привлекува чукањето на врата. Влегува поштар и ни носи писмо.
Децата го отпоздравуваат поштарот кој им кажува дека носи писмо за нив. Го земам писмото и
гласно читам од кого е адресирано.
Адресата на писмото е напишана со големи печатни букви и покажувајќи го пликот давам
можност да ги препознаат и прочитат буквите.
Ајде да го отвориме. Сака ли некое од вас да го отвори?
Гледам дека многу ве интересира што пишува во писмото.
Што ли ни пишуваат
Јас ќе ви го прочитам.
ДРАГИ ДРУГАРЧИЊА ОД ГРАДИНКА
Ние вашите другарчиња од I одд. Од училиштето„Владо Тасевски“ веќе научивме да читаме и
пишуваме. Честопати ве гледаме како играте во вашиот двор. Играте ли само или работите и
нешто друго. Вие седите по цел ден во градинка. Како го поминувате денот? Имате многу
другарчиња и сигурно ви е многу убаво.
Нашето училиште се наоѓа близу до вашата градинка и затоа ве покануваме да дојдете да го
видите училиштето и заедно да си поиграме во нашиот двор.
Многу поздрави од другарчињата од I одд.
По мала пауза ги прашувам што им напишале другарчињата од училиштето.
По обавениот разговор во врска со писмото, децата ги ставам пред проблем на размислување.
Што деца да правиме сега?(Да им напишеме и ние писмо?... Да ги посетиме?...Сакаме да научиме
и ние да пишуваме и сл.). Им дозволувам на децата поединечно сами да се искажат и давам
одговори.
Пример- За да ги посетиме треба да се најавиме дека ќе бидеме гости и продолжувам да
одговарам на сите нивни прашања/искажувања се додека добијам одговор да напишеме писмо.
Децата ги ставам во реална ситуација, со тоа што се договоараме заеднички да им одговориме на
писмото.
Земам лист хартија и плик, седнувам и се подготвувам за пишување на писмото. Пред да почнам
со содржината на писмото ги прашувам децата да ми кажат кому му пишуваме писмо.(За
другарчињата од I одд.). Во пишување на содржината внимавам да опфатам повеќе детски
одговори со нивна консултација за писмото да претставува една целина од логично поврзани
реченици.
Бидејќи сите одговори на децата неможат да се опфатат во содржината на писмото, а со цел да
не се почувствуваат запоставени децата чии одговори не се внесени им кажувам дека со
посетатат во училиштето ќе можат да им кажат повеќе за нивното време поминато во градинката.
Занимањето го завршувам со тоа што писмото го адресирам со децата и сите заедно одиме да го
пратиме и го ставаме во поштенско сандаче.
ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:

Рефлексија:

Коментар и потпис на воспитувачот

You might also like