Download as odp, pdf, or txt
Download as odp, pdf, or txt
You are on page 1of 8

СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ –

Животот и делото на Кирил и Методиј

СЛЕДБЕНИЦИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ НА СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ


ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ

•Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители,


ги описмениле словенските народи и го ширеле христијанството.

•Во првите децении на IX век во Солун


живеело семејството на висок службеник
на царската власт, Лав со сопругата Марија.
Семејството имало повеќе деца, но се
спомнуваат само имињата на најстариот -
Методиј и најмалиот Константин.

•Побожните родители ги упатиле своите


деца уште од најраното детство во
христијанството, трудејќи се да им
помогнат да ги применуваат христијански
учења.
•Костантин уште од мал покажувал голем интерес за
образование, па татко му го испратил во Цариград, да продолжи
да се образува, а таму освен богословските науки, изучувале и
граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија,
реторика.Константин учел и јазици, латински, еврејски и сириски.
•Откако го завршил своето високо образование, Константин бил
назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил
поставен за професор по филозофија во училиштето што го
завршил.
•Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
•Методиј, се здобил со световно образование и се посветил на
државната и воена служба. Живеел христијански добродетелен
живот и извршувал државнички и воени способности. Методиј
придонесол христијанството длабоко да се всади кај народот.
•Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите
браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината
Олимп, каде се подготвувале за своето епохално мисионерско
дело.

•Најзначајна е од мисиите е Моравската мисија, пред која,


заради потребата од ширење на богослужбата на
словенски јазик е создадена првата словенска азбука-
глаголицата.

•Константин со помош на Методија во 862 година ја создал
првата азбука-глаголицата, составена од 38 букви, од кои
24 по примерот на грчката азбука, а 14 измислил сам за да
одговараат на некои гласови од словенскиот јазик.
•Св. Кирил ги превел и книгите за богослужба на
словенски јазик и во 863 година заедно со Методиј,
заминал во Моравија каде отворил голем број
словенски цркви и училишта и описменил голем број
свештеници, за да ја шират богослужбата на словенски
јазик.

• До крајот на животот Св. Кирил жестоко се
противставувал на еврејските, грчките и германските
свештеници (тријазичниците).Неговиот аргумент бил
дека Бог не создал само три јазици и дека секој народ
заслужува да го слави Бог на свој јазик
СЛЕДБЕНИЦИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ НА СВ. КИРИЛ И СВ.
МЕТОДИЈ

•Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на


светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години им помагале на солунските
браќа во остварувањето на Моравската мисија.
•По смртта на св. Методиј кога неговите ученици биле жестоко мачени, а потоа
иСв.
протерани од Моравија
Климент Охридски
•Во почетокот на 886 година свети Климент заедно со свети Наум и свети
Ангелариј дошле во Бугарија, од каде што биле испратени во Охрид.
• Во Охрид св. Климент ја основал познатата Охридска книжевна школа
наречена и Прв словенски универзитет во кој оспособил над 3.500 ученици за
црковна богослужба.
•Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и
преведувачка дејност.
Глаголица
Кирилица

You might also like