Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Улогата и значењето на браќата Кирил и Методиј за словенската писменост

Македонија е лулка на словенската писменост и култура а ракописите и делата


создавани од IX до XVII век се најдрагоцените извори за проучување на
општословенската книжевна историја, јазик и култура. Овие ракописни споменици се дела
на нашите просветители и нивните ученици и следбеници Св.Кирил и Методиј,
Св.Климент и Наум итн.

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун. Прво постариот
брат, Методиј заминува на гората Олимп и се предава на монашки подвиг а подоцна му се
придружил и Кирил. Од овој момент започнува нивната просветителска дејност, нивното
дело за описменување на словенските народи а тие стануваат солунските браќа
просветители.
Браќата просветители учествувале во мисијата кај Сарацените, Хазарската,
Моравската мисија со цел да се изврши христијанизација на поголем број верници.За таа
цел тие ја создаваат глаголицата и започнуваат со превод на црковните книги од грчки на
словенски. Во краткото житие на Константин-Кирил напишано од нивниот ученик
Св.Климент се укажува на нивната храброст и непоколебливост во исполнувањето на
дадената мисија. Во Моравската мисија привлекле голем број на следбеници и го отвориле
училиштето за идни свештенослужители и учители на словенски јазик.
Благодарение на своите дела Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат
апостоли на Словените. Тие се светилник кој ги осветлува сите словенски народи, опеан
во многу житија, насликан на многу фрески не само во Македонија туку насекаде каде
што учествувал во мисиите и оставил неизбришлив траг.

You might also like