Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Солите се соединенија изградени од метален или некој друг вид на катјон и анјон на некоја

киселина. Имињата на солите се образуваат така што најпрво се наведува името на металот
(односно катјонот) што ја гради солта заедно со неговиот оксидационен број (напишан во мала
заграда со римски броеви), а потоа името на анјонот на киселината според правилата за
номенклатура кај киселините.

Водородни соли

Кај овие соли, еден или повеќе атоми на водород од киселината не се заменети со некој катјон.
Според тоа, анјоните на ваквите соли содржат еден или повеќе водородни атоми. Овие соли се
изведуваат од најмалку двобазни киселини.

Ако во анјонот на киселината има само еден водороден атом, името се образува со додавање на
претставката хидро-. Кога има повеќе, пред оваа претставка се додава уште еден кој го покажува
бројот на водородни атоми. На пример:

Fe2(HPO4) - Железо(III)водородфосфат

KHSO4 - Калиум водородсулфат

(NH4)H2PO4 - Амониум диводородфосфат

You might also like