Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Учењето без размислување е губење време е мисла на мудрецот Конфучиј

Учењето без размислување, значи непронаоѓање на сопствените одговори за светот


околу нас и проблемите со кои се соочуваме.
Не постои начин на размислување кој е правилен. Мислењето и надградувањето на
сопствените согледувања треба да се развива целиот живот. Правилното учење е
истовремено црпење на знаењата и стекнување на сопствени критериуми, бидејќи учењето
е храна за умот. Но, од друга страна примањето на информации не треба да значи само
паметење на истите и нивно прифаќање, туку значи низ тоа учење, согледување на
вистинските вредности и создавање на сопствено согледување на нештата. Сопственото
согледувањ е вистинскиот начин за решавање на проблемите со кои се соочуваме и ќе се
соочуваме. Истото треба да биде флексибилно и логично изградено на создавање
сопствено мислење. Прифаќањето на информациите како такви, без длабок мисловен
процес е само прифаќање на туѓо мислење, без развивање на сопствено. Критичкото
размислување е препознавање на проблемите и нивно решавање. Апстракното учење,
треба да се поврзе во слика, која ќе формира палета на стекнување на квалитети за
согледување на реалното опкружување и создавање на сопствена перцепција за истото.
Само на тој начин, човек може да се соочи со предизвиците и да се спротивастави на
истите. Учењето е мисловен процес кој треба да го научи човек да размислува, со сите
меѓусебни влијанија од нашето опкружување. Креативноста за соочување со животните
проблеми и различните ситуации се стекнува токму со овој процес на себенадоградување.
Тоа значи дека со тоа што го учиме треба да создадеме не само сопствено мислење, туку и
критички да размислуваме и за сопственото мислење и со секое наредно учење да можеме
да ги согледаме и сопствените грешки. Мудрецот Конфучиј со оваа мисла,
размислувањето го става на највиокиот пиедестал, но тоа размислување мора да се црпи
од соптвената грижа за чисти мисли и правилна насока на менталното во животот.
Учењето не претставува само собирање на информации кои ги добиваме во
училницата, туку тоа е сложен процес, од кого треба да составиме сопствена палета на
размислување и правилно согледување на светот што не опкружува.
Мудриот човекги прифаќа информациите и она што го учи во целиот живот, но се
надградува себеси преку себеспознавање и црпењее вредности при тоа учење, секогаш
градејќи став со вистинските вредности создадени при тоа учење.

You might also like