Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

СЕМИНАРСКИ ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ ТРГОВСКО ПРАВО НА ТЕМА:

ЦЕФТА – СПОГОДБА ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

ИЗРАБОТИЛА:

СОЊА ЈАКИМОВСКА

СКОПЈЕ, НОЕМВРИ 2021


СОДРЖИНА:

1. ОСНОВА НА ЦЕФТА И НЕЈЗИНА ПРИЧИНА

2. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕФТА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ЦАРИНА И ПОТЕКЛО НА


СТОКИ

3. СЛОБОДНАТА ТРГОВИЈА ПОМЕЃУ ЦЕФТА ЧЛЕНКИТЕ ВО УСЛОВИ НА


ПАНДЕМИЈА

4. РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

5. МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕН ВО ЦЕФТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ПРИМЕНА НА


НЕЦАРИНСКИ МЕРКИ

ЗАКЛУЧОК

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

2
ВОВЕД

Во услови на се поизразена глобализација во светската економија,


регионалната и субрегионалната соработка, засонваота на заеднички интереси и
потребни регионални партнери, добива се повеќе на значење. Во основа, таа
одржува потреба да земјите, со слични услови на развој и економски проблеми во
остварувањето на своите реформаторски цели здружат сили и средства за
поефикасно прилагодување на гловалните предизвици. Регионалната
иницијатива, која вклучува земји од Западниот Балкан, имаат за цел да го олеснат
одржливиот економски развој по пат на модернизација на инфтраструктурата,
поготово енергетската и транспортната, како и по пат на трговска либерализација
и потикнување на инвестиции. Проектот за усогласено регионално стратешко
пристапување кон еконмски развој на земјите од југоисточна Европа е во постојан
напредок, а еден најзначајните чекори со кој се извршува сето тоа е Договорот за
слободна трговија – ЦЕФТА, со кој е предвидено да се воспостави зона на
слободна трговија до крајот на 2010 година. Основна целна Договорот е
делотворно и во што поголема мера на користење на расположливи финансиски
средства на јавен и приватен сектор, со што во голема мера се користат
расположливи финансиски средства на јавниот и приватниот сектор, со значајно
се унапредува и подобрува деловната клима со која би се овозможиле поголеми
инвестиции и поголема вработеност.1

ЦЕФТА претставува договор со кои денес се дефинира единствена зона на


слободна трговија во Југоисточна Европа. Договорот донесување укинување на
бариери во трговијата на тоа подрачје, тргање на царински и други
административни прописи со стандардите на Светската трговска организација
(СТО), воведување на арбитража за решавање на спорот и правило на
дијагонална кумулација.

1. ОСНОВА НА ЦЕФТА И НЕЈЗИНА ПРИЧИНА


1
Vapa-Tankosić, J., Predavanja za studente FIMEK-a, Novi sad, 2010

3
Во сферата на глобализацијата на светското стопанство, се повеќе се
наметнува потребата за вклучување во светските стопански текови на сите земји
кои се пазарно ориентирани. Посебно е присутна потребата за интензивна
размена на стока, услуги, труд и капитал. За сите земји од овој регион, па така и за
Македонија, главен предизвик претставува приклучување кон Европската Унија.
Предизвиците се главно во усогласување на царинските и други политики,
институции, како и прилагодување на економијата на овие, претежно земји во
транзиција на принцип на либералното пазарно делување. Либерализација на
пазарот донесува многу олеснувања за трговија, како што се укинување на увозни
и извозни царини, слободен проток на стока и капитал, укинување на монополот и
поголема конкуренција која ќе донесе до пониска цена и подигнување на
квалитетот на произовдите и услугите за крајниот купувач. Од друга страна се
јавуават и некои негативни ефекти, по пат на губење на механизмот на заштита на
домашното производство, по пат на субвенции, квота и висока царина. Истотака,
влезот на странски, конкурентни производи доведување до опаѓање на
домашното производство, отпуштање на работници и намалување на нивниот
стандард. Меѓутоа, единствено е мислењето дека либерализацијата сепак
донесување повеќе корист отколку штета, затоа што доведува до ефикасна
алокација и користење на ресурсите, поради прилагодување на правилата на
2
светскиот пазар, како и полесен пристап на модерната технологија.

Првите земјите членки со приклучувањето на ЕУ, го напуштаат овој договор, па


затоа е решено на 06.04 е донесена одлука за проширување на ЦЕФТА договорот
и приклучување на други земји од Југо-Источна Европа со овој договор. Оваа
одлука претходила со основање на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа,
кој е основан 1999 година. Под покровителство на Пактот, воспоставена е зона на
слободна трговија во регионот на Југоисточна Европа. Оваа зона е заснована на
Меморандум и олеснување во трговијата во 2001 година, со самото тоа
овозможила потпишување на билатерален договор за слободна трговија помеѓу

2
Скрипта:Договори од меѓународен промет, Универзитет Гоце Делчев-Штип

4
земјите членки, заснована на принципи на СТО. Со оглед на спроведувањето на
овие одредби на овој договор било комплицирано, бидејќи имало дури 32
членови, донесена е одлука за потпишување на горе наведениот Договор за
измена и пристапување кон Договорот за слободна трговија во Централна Европа
ЦЕФТА, 2006 во Букурешт. Потписници на овој договор се Србија, Албанија, Босна
и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија, Македонија, Молдавија и
УНМИК, односно тогашно Косово. Бугарија и Романија како први потписнички, по
влегувањето во ЕУ, го напуштаат овој договор.

Основни принципи и елементи на ЦЕФТА се:

- Заеднички комитет, кој претставува една од членовите на основа на


ротација, се менуваат секоја година, 2021 година е Македонија

- Поткомитет за стопанство и санитарна и фитосанитарни прашања

- Поткомитет за царина и правила на потекло

- Поткомитет за технички бариери во трговијата и нетарифните бариери

- ЦЕФТА секретаријат3

Секој од овие поткомитети може да основа сопствени тела по потреба, истотака


се одржуваат и редовни состаноци со одговорните министри на земјите членки.
Со оглед на тоа дека ЦЕФТА договорот е прилично важен за Македонија, ќе ги
погледнеме кои се елементите на овој договор:

- Поголема хармонзиација на стопанските односи во регионот имајќи ги во


вид дека мрежата на билатерлани договори поради различни шеми
значајно ги компликувала меѓусебните стопански односи, а со тоа и
наоѓање на деловни луѓе во нив

- Подобрен е механизмот за решавање на спорот до кој може да дојде во


текот на примената на Договорот што е значајно нов квалитет и фактор на
поголема сигурност на либерализација на трговијата во регионот.

3
UNCTAD- Конференција на Обединетите нации за трговија и развој

5
- Отворена е можност за примена на дијагонални кумулации на потеклото на
стоката, што силно станува извозен и инвестиционен капацитет во
регионот, раст на неговата технолошка опременост и конкурентност а со
тоа и потребно ниво на способност на производот за пласман на пазарот на
ЕУ како и во глобалниот опсег

- Со ЦЕФТА договорот 2006 се отворени и нови области на развој на


меѓусебните економски односи во поглед на либерализацијата на
трговијата на услуги, прашање на инвестиција, јавни набавки,
интелектуална сопственост.4

- За Македонија посебно е значаен овој ДОговор што предвидува што


меѓусебните трговски односи на членките на ЦЕФТА мораат да раководат
по правилата на СТО и ЕУ. Тоа практично значи дека и пред членстовото на
СТО и потпишувањето на Договорот за стабилизација и придружување на
системскиот амбиент Македонија влегува во прилагодување на нејзиното
производство.

2. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕФТА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ЦАРИНА И


ПОТЕКЛО НА СТОКИ

ЦЕФТА поткомитетот организира состаноци на кои присуствуваат високи


претставници од царинските управи и министерства на ЦЕФТА земјите (Албанија,
Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово), претставници на
ЕФТА земјите, како и директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, високи претставници
на Европската Комисија, Светска банка, ИФЦ и транспортната заедница на ЕУ.
На ваквите состаноци се изложуваат и објаснуваат приоритетите на Царинската
управа во однос на рамките на претседателството со ЦЕФТА поткомитетот, како
што се и прашањата за суштинско олеснување на трговијата.

4
https://cefta.int/legal-documents/#1463498231136-8f9d234f-15f9

6
Една од главните точки кои се тема на разговор е и отпочнувањето на
меѓународно признавање на сертификатот за Овластен економски оператор –
ОЕО на ниво на ЦЕФТА, со кое во голема мера ќе се олесни протокот на стока на
нашите економски оператори, ќе се забрзаат царинските постапки, ќе се намалат
трошоците и секако ќе се зголеми нивната конкурентност. 5 Тема на разговор била
и конвенцијата за потекло на стоки – ПЕМ конвенцијата, преку склучување
договори за слободна трговија со ЕУ, што всушност ќе биде олесување за нашите
економски оператори, зголемување на нивната конкурентност, особено на оние
кои извезуваат во земјите на Европската унија и ПЕМ зоната. Следна многу важна
точка од агендата на дискусии е развојит на електронска трговија помеѓу ЦЕФТА
земјите, кој, имајќи ја предвид моменталната ситуација со КОВИД кризата, во
иднина ќе биде од особено значење за економските оператори при размена на
стоки како во ЦЕФТА регионот, така и со ЕУ и ЕФТА земјите. На еден од овие
состаноци членките високо ја оценија досегашната соработка во рамките на SEED
системот (систем за размена на податоци помеѓу ЦЕФТА земјите), и се
договориле за проширување на системот со можност за размена на pre-arrival
информации, односно информации пред пристигање на стоката со ЕУ земјите.

3. СЛОБОДНАТА ТРГОВИЈА ПОМЕЃУ ЦЕФТА ЧЛЕНКИТЕ ВО


УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

Пристапот до слободната трговија со стоки и услуги веројатно ќе биде


неопходен за да се ограничи директното влијание на пандемијата и да се олесни
закрепнувањето. Земјите од Западен Балкан пристапија кон олеснување на
нарушувањето на транспортот и трговијата на стоки откако Секретаријатот на
ЦЕФТА го усвои концептот на зелен лента. Концептот е започнат на 13 април 2020
година на определени гранични премини што исполнуваат конкретни услови. Како
што беше објавено од секретаријатот, зелените ленти беа отворени за сите стоки,

5
http://customs.gov.com.mk

7
а сообраќајот низ нив течеше 24/7. Избраните гранични премини беа оние каде
царинските и другите потребни постапки се вршат најефикасно. Приоритет им се
даваше на најосновните прехранбени производи, производи за животинска
исхрана и на медицинските средства дефинирани од Светската царинска
организација. Списокот на основни стоки може да се преоценува и да се менува, а
може да се определат и други гранични премини откако ќе ги исполнат условите.

4. РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Земјите од регионот на Западен Балкан денес се многу подобро поврзани


преку различни форми на соработка отколку пред десет години. Овој успех никако
не треба да се потценува. Споредувајќи ја моменталната состојба со онаа во 2000
година, постигнати се низа резултати во економската интеграција на Западен
Балкан. Како едно од позначајните постигнувања во оваа интеграција несомнено е
ЦЕФТА-договорот за слободна трговија (CEFTA – Central European Free Trade
Agreement) кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во
Југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите од
Средна Европа. Во однос на слободата на движењето на стоки, во земјите на
ЦЕФТА е постигнато 100 % укинување на царинските давачки, односно увозот на
стоки од кој било вид во ЦЕФТА-земјата не подлежи на плаќање на царина.

Во економска смисла, ЦЕФТА-регионот претставува потполна зона на слободна


трговија. Република Северна Македонија во 2020 година 10 % од надворешно-
трговската размена ја остварува со земјите членки на ЦЕФТА. И покрај целосниот
степен на либерализација на трговијата со стоки, обемот на интра-ЦЕФТА
трговијата во последниве 5 години расте со помала стапка во однос на порастот
на надворешно-трговската размена на земјите членки на ЦЕФТА со ЕУ. Овој факт
емпириски покажува дека се потребни сериозни подобрувања во напорите за
зголемување на растот на трговската размена и поголема регионална
интеграција, пред сè, преку елиминирање на нецаринските бариери и поголема

8
посветеност на олеснувањето на трговијата, либерализацијата на услугите и
слободата на движење на работници. Во 2021 година, претседавањето со ЦЕФТА
ќе биде од Република Северна Македонија.

Приоритети на македонското претседателство се: слободно движење на стоките,


либерализација на трговијата со услуги, отстранување на бариерите за трговијата
со стоки и услуги, склучување на дополнителен протокол кон ЦЕФТА-договорот за
воспоставување на механизам за решавање на спорови и понатамошен
институционален развој на ЦЕФТА. Клучните предизвици на македонското
претседателство, исто така, се поврзани со мерките за интегрираното управување
со границите и воспоставување на заеднички гранични премини заради побрзо
движење на стоките преку граница, заедничка акција против еколошките
предизвици што, исто така, покажуваат регионална димензија.

5. МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕН ВО ЦЕФТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И


ПРИМЕНА НА НЕЦАРИНСКИ МЕРКИ

Анализа на примената на нецаринските мерки во Република Македонија Во


магистерскиот труд истражувањето е насочено кон анализа на примената на
нецаринските мерки во Република Македонија, притоа посебно акцентирајќи ги
аспектите во однос на примената на техничките бариери. Анализата на оваа
проблематика се смета за особено актуелна, поради фактот дека во последните
неколку години изразито се нагласува потребата од преземање и унапредување
на нецаринските мерки во Република Македонија. Нецаринските бариери денес се
најважниот регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, помеѓу
кои и Република Македонија. Листата на нецарински бариери е исклучително
долга, а нивниот број со тек на време не се намалува, туку, напротив, се
зголемува, што отвора тема за долга дискусија. За илустрација, во меѓународната
трговија се регистрирани повеќе од 2000 различни видови нецарински бариери.

9
Може да се каже дека нецаринските бариери имаат дискриминаторски карактер во
надворешната трговија, бидејќи тешко се идентификуваат, менуваат и
контролираат. Тие опфаќаат широк спектар на адиминистративни и нецарински
мерки, кои ги спречуваат нормалните надворешнотрговски текови и овозможуваат
дополнителна заштита на домашното стопанство. Во услови на неодамнешната
глобална финансиска криза беше многу веројатно да се очекува раст на многу
нарушувања во меѓународната економија, особено во меѓународните трговски
текови, како резултат на зголемената примена на нецаринските бариери. Тоа
беше основната причина за неопходноста за регулирањето на сѐ уште
нерегулираните области во меѓународната трговија на мултилатерално ниво.
Покрај иницијативата на СТО, можат да се забележат значајни чекори во
регулирањето на нецаринските бариери од страна на другите мултилатерални
организации.

ЗАКЛУЧОК

Регионалната соработка на Западен Балкан е едно од најчесто


споменуваните прашања последниве години. Како резултат на ваквите дискусии,

10
земјите од регионот на Западен Балкан денес се многу подобро поврзани преку
различни форми на соработка отколку пред десет години. Овој успех никако не
треба да се потценува. Како едно од позначајните постигнувања во оваа
интеграција несомнено е ЦЕФТА-договорот за слободна трговија кој денес ја
дефинира единствената слободна трговска зона во Југоисточна Европа, иако
името на договорот го опишува договорот на земјите од Средна Европа. ЦЕФТА
претставува договор за слободна трговија меѓу Албанија, Босна и Херцеговина,
Република Северна Македонија, Молдавија, Србија, Косово и Црна Гора.
Можеби и најбитна работа која овој договор ја носи е дијагоналниот систем на
кумулација на потекло, кој овозможува во финалниот производ вградува
компоненти на произведени во било која земја и зона без плаќање на додатни
царински давачки. Ова е добар сигнал за странските инвеститори, затоа што се
укинуваат бариерите кој се создавале поради бројни билатерални договори во
слободна трговија. Поготово е важно значаен приливот на СДИ, странски
директни инвестиции. Самиот тој претставвуа доста ефикасно средство за развој
на целото стопанство, затоа што освен свеж капитал, кој носи и бенефиции во вид
на увоз на нови производни технологии кои овозможуваат подобро искористени
предности на стопанството, како што се квалитетна работна сила и ниски трошоци
на производство. Сетоа ова со наведениот дијагонален систем на кумулација на
потекло на производство, ги прави ЦЕФТА земјите атрактивни за вложување на
странски инвеститори. Следна многу важна точка развој на електронска трговија
помеѓу ЦЕФТА земјите, кој, имајќи ја предвид моменталната ситуација со КОВИД
кризата, во иднина ќе биде од особено значење за економските оператори при
размена на стоки како во ЦЕФТА регионот, така и со ЕУ и ЕФТА земјите.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Vapa-Tankosić, J., Predavanja za studente FIMEK-a, Novi sad, 2010


2. Скрипта:Договори од меѓународен промет, Универзитет Гоце Делчев-Штип
3. Grandov, Z., Međunarodna ekonomija i globalizacija, Beograd: Beogradsko

11
trgovačko društvo, 2009
4. Технички бариери и нивното влијание врз надворешната трговија со
посебен осврт на Р. Македонија – Сандра Парнара 2014
5. UNCTAD- Конференција на Обединетите нации за трговија и развој
6. http://en.wikipedia.org/wiki/Central_European_Free_Trade_Agreement ,
31.05.2010
7. Трговската размена меѓу Р. Македонија и Р. Косово – Стопанска комора на
Р. Македонија
8. http://www.pks.rs/Default.aspx?alias=www.pks.rs/cefta 31.05.2010
9. http://www.cefta2006.com/cefta-structures 31.05.2010
10. United Nations Conference on Trade and Development (2011): “Technical Notes
on Trade Facilitation Measures”, United Nations, New York and Geneva.
11. Central European Free Trade Agreement, Elimination of Non-tariff barriers in
Cefta
12. https://cefta.int/legal-documents/#1463498231136-8f9d234f-15f9
13. https://cefta.int/

12

You might also like