Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Годишен тест - македонски јазик IVодд

Име и презиме

1. Никола беше сиромашно момче, со богато благородно срце и душа.


Подвлечените зборови во реченицата имаат:
а) спротивно б ) исто в) различно г) слично
2. „Ана и Игор стоеа покрај прозорецот од својата соба и тивко разговараа. Сакаа да ја
изненадат својата мајка за нејзиниот роденден. Ана ја суреди собата, а Игор го купи омиленото
цвеќе на мама.“ Од текстот дознаваме дека Ана и Игор се:
а) маж и жена б) братучеди в) брат и сестра г) соседи
3. За текст кој е напишан во стихови велиме дека е: а) роман б) песна в) бајка г) расказ
4. Кој збор е подмет во реченицата: „Штурецот цело лето свиреше“.? а) цело б ) лето в ) штурецот г) свиреше
5. Во реченицата: Петре гордо влезе во Училиштето„8 Септември“, неправилно запишан збор
е: а) Петре б) 8 Септември в ) влезе г) Училиште
6. Множина од именката дрво е: а) дрва б ) дрвја в) дрвца г) растенија
7. Во реченицата: Роза скина една роза, зборовите Роза , роза се со ... значење :
а) спротивно б ) различно в) исто г) слично
8. Во реченицата: Мачорот трчаше околу куќата, зборот мачорот претставува:
а) прирок б) подмет в) именка г) домашно милениче
9. Кој од следните глаголи е во сегашно време? а) пие б) одел в) ќе седат г) врнеше
10. Колку самогласки има во македонскиот јазик? а) пет б) осум в) шест г) четири
11. Зборовите кои ги појаснуваат именките се: а) заменки б) броеви в ) придавки г) глаголи
12. Зборовите Имер и Иле може да ги замениме со: а) тие б) ние в) тој г ) вие
13. Во реченицата:Околу вратот носеше свилена марама, извезена со црвени цветови е
прикажан опис на: а ) вратот б) марамата в) цветовите г) девојката
14. Група ученици добиле задача дел од текст од кирилица да го напишат на латиница. Како тоа ќе го направат
учениците? а) раскажување б) известување в) опишување г ) препишување
15. Славица добила задача да опише некој предмет. За да даде убав опис, таа најмногу ќе
користи: а) именки б) придавки( описни ) в) заменки г) глаголи
16. За да гледаме театарска претстава треба да појдеме во:
а) кино б ) театар в) музеј г) училиште
17 Кој од следниве зборови е апстрактна именка? а) видра б) радост в) радосен г ) цртаме
18. Кога треба да пишуваме за убавините на природата, тогаш треба да:
а) опишуваме б) раскажуваме в) сликаме г ) цртаме
19. Читање на текст по улоги го викаме: а) расказ б) песна в) басна г) драмски
текст
20. Кој работи има“. Оваа реченица спротивно би ја искажале како
А) Кој работи нема. б) Никој не работи . в) Кој неработи има. г) Кој неработи нема.
21.Кокичето го најави доаѓањето на пролетта“. Подметот во оваа реченица може да го
замениме со: а) тоа б) тие в) тој г) таа
22. Кога зборуваме за тоа каде се одвива настанот, мислиме за: а) место б) ликови в) време г) тема
23. „Литературниот конкурс е отворен до 20 мај 2014 година. Од сите пристигнати творби,
жири-комисијата на фестивалот, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите ќе настапат на
овогодишниот литературен фестивал.“ - Која година ќе се одржи литературниот фестивал?
а) 2013 б) 2015 в) 2014 г) 2012
24. Кој е во состав на жири-комисијата? а) ученици б) наставници в) автори г) новинари
25. Колку творби ќе бидат претставени на литературниот фестивал? а) 31 б) 30 в) 29 г) 50
26. Библиотеката е место каде:
а ) купуваме книги б ) учиме в) позајмуваме книги г) јадеме сладолед
27. Во идно време е употребен глаголот: а) седи б ) ќе патува в) учел г ) трча
28. Општа и конкретна именка претставува зборот: а) книга б ) Тамара в ) среќа г ) сон
29. Кој збор недостасува во реченицата : Седевме под дебелата сенка на старото дрво.
а) глагол б) подмет в) број г ) придавка
30 . Поетот своите мисли ги искажува преку пишување на:
а ) поезија б ) проза в) гатанки г ) раскази
*Секоја задача е бодувана со 1 бод бодови /30

Наставник Родител 1-8-(1) 9-13-(2) 14-20-(3) 21-25-(4) 26-30-

You might also like