Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 11

2.

МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

2.1. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Предмет на ова истражување е процесот на развој на финансиските


производи и услуги, имплементацијата на финтек, односно техничките и
технолошките достигнувања во областа на банкарските производи и услуги,
конкурентноста на банкарскиот систем, трансформацијата на регулаторна-
та рамка и предизвиците со кои се соочуваат банките во дефинирање на
стратегиите на производи и услуги и во дефинирање на идните модели на
работењето.
Во моментов Република Северна Македонија се наоѓа во период на
приближување кон ЕУ, односно период на подготовка за приспособување
на банкарскиот систем во однос на имплементација на финтек-регулати-
вата. Се претпоставува дека со приближувањето на Северна Македонија,
преку процесот на преговори за влез во ЕУ ќе се зголемува интересот на го-
лемите европски банки за влез на македонскиот финансиски пазар, а особе-
но банките од регионот кои се присутни во соседството. Ова несомнено ќе
доведе до зголемено ниво на конкуренција, и тоа ќе претставува предизвик
за македонските банки, а тоа се очекува да биде најизразено особено за оние
банки кои не се дел од големите регионални банкарски групи и немаат
пристап до „know how“ во областа на финтек. Од друга страна, воочено е
дека банкарскиот систем во Северна Македонија е неподготвен за идниот
предизвик во однос на пристапувањето на Северна Македонија кон Европ-
ската Унија, односно дека ќе се соочи со извесни предизвици, односно зго-
лемено ниво на конкуренција којашто се очекува и постои објективен ризик
на микро економско ниво со потенцијален ефект врз макроекономската ста-
билност на банкарскиот систем, како и на директните и индиректните тро-
шоци која таа криза може да ги генерира.
Оттука, мотивот на ова истражување е да се идентификуваат слабос-
тите на банкарскиот систем во Република Северна Македонија, односно ид-
ните предизвици кои произлегуваат од конкурентноста и потенцијални ри
зици кои можат да се развијат заради несоодветна и неразвиена регулација
на македонскиот банкарски сектор во ситуација на воведување на финтек.
70 │ Иновативни финансиски технологии

2.2. ЦЕЛ И КАРАКТЕР НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Основната цел на истражувањето е емпириски и концептуално да се


истражат недостатоците и ограничувањата на регулацијата на македонски-
от банкарски систем во контекст на воведување на иновативни финансиски
технологии преку компаративна анализа во однос на хрватскиот банкарски
систем. Главна цел на истражувањето е да се анализира информираноста,
подготвеноста и стратешката определеност на актуелниот професионален и
менаџерски кадар во банките и на идните активни корисници и професио-
налци (студенти) за иновативните финансиски услуги во областа на банкар-
ството. За таа цел ќе се направи компаративна анализа на финтек во Репуб-
лика Северна Македонија и Република Хрватска, и од аспект на професио-
налниот и менаџерскиот кадар во банките и на идните активни корисници
и професионалци – студенти.
Истражувањето по својот карактер е теоретско (со интерпретативен
и дескриптивен карактер), емпириско, компаративно, квалитативно, кван-
титативно, меѓународно и современо. Истражувањето има карактеристики
на теоретско со елементи на интерпретативно и дескриптивно од при-
чина што истото третира соодветни теоретски сознанија за банкарските ус-
луги, законските регулативи, банкарските системи и иновативните банкар-
ски модели кои се релевантни за истражуваната проблематика. Истражува-
њето има карактеристики на емпириско, бидејќи проблемот се проучува
преку анализа на ставовите и мислењата на студентите и на професионал-
ниот и менаџерскиот кадар во банките. Статусот на компаративно истра-
жување го добива од причина што податоците кои се добиваат со истражу-
вањето ќе се компарираат меѓу две земји. Истражувањето има карактерис-
тики на квалитативно од причина што во трудот се врши теоретска анали-
за на релевантна документација и литература и квалитативно ќе се обрабо-
туваат прашањата од полуструктурираните интервјуирања. Квантитатив-
но е бидејќи во истражувањето се користат квантитативни постапки за об-
работка на податоците. Истражувањето, во сите фази ќе се спроведува во
Република Хрватска и во Република Северна Македонија, и од тука следува
и оправданоста да има меѓународен карактер. Современо е затоа што исто-
то третира проблем што е актуелен во областа на финансиите во Република
Северна Македонија и во Република Хрватска.
Методологија на истражувањето │ 71

2.3. ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Карактерот, слоевитоста и обемноста на ваквиот вид истражување прет-


поставува реализирање на повеќе задачи, разновидни по својата природа.
Задача 1: Да се направи преглед на користена литература од истра-
жуваната област.
Задача 2: Да се изработи методологија на истражување.
Задача 3: Да се направи компаративна анализа на релевантната до-
кументација во Република Хрватска и во Република Северна Македонија
(финансиски системи, банкарски системи, законска регулатива).
Задача 4: Да се анализираат тековните состојби на дигиталните бан-
карски производи и услуги што ги нудат банките во Република Хрватска во
споредба со банките во Република Северна Македонија (каталози на банкар-
ски услуги итн.).
Задача 5: Да се испитаат ставовите и потребите на студентите во Ре-
публика Хрватска за употребата на иновативните финансиски производи и
услуги.
Задача 6: Да се испитаат ставовите и потребите на студентите во Ре-
публика Северна Македонија за употребата на иновативните финансиски
производи и услуги.
Задача 7: Да се направи компаративна анализа на резултатите од ис-
питаниците - студенти од Република Хрватска и од Република Северна Ма-
кедонија за употребата на иновативните финансиски производи и услуги.
Задача 8: Да се испитаат ставовите и потребите на актуелниот про-
фесионален и менаџерски кадар во банките од Република Хрватска за мож-
ностите и заканите од употребата на иновативните финансиски производи
и услуги.
Задача 9: Да се испитаат ставовите и потребите на актуелниот про-
фесионален и менаџерски кадар во банките од Република Северна Македо-
нија за можностите и заканите од употребата на иновативните финансиски
производи и услуги.
Задача 10: Да се направи компаративна анализа на резултатите од
испитаниците - актуелниот професионален и менаџерски кадар во банките
од Република Хрватска и од Република Северна Македонија за можностите
и заканите од употребата на иновативните финансиски производи и услуги.
72 │ Иновативни финансиски технологии

Задача 11: Да се идентификува платформа и/или апликација од те-


ковната понуда за дигиталните и иновативни финансиски технологии во Ре-
публика Хрватска којашто може да се имплементира во Република Северна
Македонија.

2.4. ХИПОТЕЗИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Општа хипотеза: Постојат разлики во информираноста, подготве-


носта и стратешката определеност на актуелниот професионален и мена-
џерски кадар во банките и на идните активни корисници и професионалци
(студенти) за користење на иновативните финансиски услуги во областа на
банкарството помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.
Посебна хипотеза 1. Постои разлика во нивото на развој на инова-
тивни финансиски производи и услуги при што понудата е понапредна во
Република Хрватска во однос на Република Северна Македонија.
Посебна хипотеза 2. Финансиски производи и услуги што ги нудат
финтек- компаниите, почесто се користат во Република Хрватска во според-
ба со Република Северна Македонија.
Посебна хипотеза 3. Ставовите на студентите од Република Хрватска
се понапредни во однос на ставовите на студентите од Република Северна
Македонија во однос на користење на иновативните финансиски производи
и услуги.
Посебна хипотеза 4. Ставовите на студентите од техничките факул-
тети се понапредни од ставовите на студентите од другите факултети во од-
нос на користење на иновативните финансиски производи и услуги.
Посебна хипотеза 5. Ставовите на актуелниот професионален и ме-
наџерски кадар во банките од Република Хрватска се понапредни во однос
на Република Северна Македонија во однос на користење на иновативните
финансиски производи и услуги.

2.5. ВАРИЈАБЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Независни варијабли во истражувањето се: законските регулативи


за банкарските системи во Република Хрватска и во Република Северна Ма-
кедонија; полот на студентите; возраста на професионалниот и менаџерски-
от кадар; возраста на студентите; вид на факултетско образование на студен-
Методологија на истражувањето │ 73

тите; земја на потекло на студентите; платформи за електронско банкарство;


апликации за мобилно банкарство; финтек-платформи.
Зависни варијабли во истражувањето се: ставовите, мислењата и
потребите на студентите во Република Северна Македонија и во Република
Хрватска за употребата на иновативни финансиски услуги; ставовите и мис-
лењата на актуелниот професионален и менаџерски кадар во банките од Ре-
публика Северна Македонија и од Република Хрватска за стратегиите, мож-
ностите и заканите од употребата на иновативните финансиски услуги пре-
ку користење на финансиски технологии; имплементирање на законска ре-
гулатива за финтек.

2.6. МЕТОДИ, ТЕХНИКИ И ИНСТРУМЕНТИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Во истражувањето се користат истражувачки методи кои обезбеду-


ваат квалитетни научни сознанија, и тоа: анализа (содржинска, структу-
рална), синтеза, дескрипција, индукција, генерализација.
Во процесот на добивање релевантни податоци се користат следниве
техники и инструменти: анкетирање, интервјуирање и анализа на сод-
ржина (релевантна литература, законски регулативи и документи),
Во истражувањето при спроведување на анкетирањето се користат
следните инструменти на истражување:
– Прашалник за студенти за иновативните финансиски услуги во об-
ласта на банкарството во Република Северна Македонија (П-1/МК
2020).
– Прашалник за студенти за иновативните финансиски услуги во об-
ласта на банкарството во Република Хрватска (П-2/ХР 2020)
Начин на спроведување на анкетирањето
Во првичната подготовка на процесот на анкетирање беше планира-
но прашалниците да се спроведат непосредно со испитаниците.
Но, заради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата
ковид-19, истражувачот во целост ги почитуваше протоколите дадени од
страна на релевантни институции, при што прашалниците беа дополнител-
но пренесени во електронска форма на google drive, а линковите до прашал-
ниците (линк на македонски јазик): https://docs.google.com/forms/d/luLYphjc
okW4Vbqc_RYCPr4GjjZg4wELi-qU5Px6hfU/closedform#responses;
74 │ Иновативни финансиски технологии

линк на хрватски јазик:


https://docs.google.com/forms/d/1ILPwbfkxAo1el6aQH9-waYkyq7KZFP
5VJ_-nafxYrDs/edit?edit_requested=true#responses) беа испратени до сите ун-
иверзитети во двете земји, по што следуваше споделување од страна на уни-
верзитетските служби до нивните единици (факултети).
Двата инструменти – прашалници наменети за студентите, содржат
два дела, и тоа: општ дел на прашања и втор дел на прашања кои се одне-
суваат на испитување на ставовите и мислењата на студентите за употреба
на иновативни финансиски услуги.
Во општиот дел се содржани вкупно 5 прашања, кои се однесуваат
на: држава: а) Република Северна Македонија, б) Република Хрватска; назив
на високообразовна институција; студиска програма: година на студи-
рање: а) прва б) втора в) трета д) четврта ѓ) петта; пол на лицето кое го
пополнува прашалникот; возраста на лицето кое го пополнува пра-
шалникот.
Вкупниот број на прашања во вториот дел од протоколот изнесува
вкупно 20 прашања, од кои: 10 прашања се од затворен тип, 6 прашања се од
отворен тип, 3 прашања се од комбиниран тип и 1 скала на проценка, соста-
вена од 8 категории. За секоја категорија е формулирано посебно прашање.
Потребно време за одговарање на прашањата: 20-30 минути.
Период на спроведување на анкетирањето:
Анкетирањето е спроведено во две фази.
Првата фаза од анкетирањето беше спроведена во периодот од 15 ју-
ни до 19 јули 2020 година, при што беа анкетирани вкупно 164 студенти од
Р. Хрватска.
Втората фаза, пак, беше спроведена во периодот од 19 септември
2020 до 29 јануари 2021 година, при што беа анкетирани вкупно 1.002 сту-
денти од РС Македонија.
Со тоа вкупниот број на анкетирани студенти во двете земји изнесува
1.166.
Добиените податоци ќе бидат користени исклучително за потребите
на оваа монографија. Истражувањето е од анонимен карактер.
Прашалниците за анкетирање се подготвени на македонски и на
хрватски јазик.
Методологија на истражувањето │ 75

Во истражувањето при спроведување на интервјуирањето се корис-


тат следните инструменти на истражување:
– Протокол за полуструктурирано интервју (ППИ-1/КБ-МК 2020)
(за испитување на ставовите и потребите на актуелниот професиона-
лен и менаџерски кадар во банките од Република Северна Македони-
ја за можностите и заканите од употребата на иновативните финан-
сиски услуги. (Прилог бр. 3)
- Протокол за полуструктурирано интервју (ППИ-2/КБ-ХР 2020)
за испитување на ставовите и потребите на актуелниот професиона-
лен и менаџерски кадар во банките од Република Хрватска за мож-
ностите и заканите од употребата на иновативните финансиски ус-
луги. (Прилог бр. 4)
Протоколите за интервјуирање се подготвени на македонски и на
хрватски јазик.
Начин на спроведување на интервјуто.
Во првичната подготовка на процесот на интервјуирање беше плани-
рано интервјуата да се спроведат непосредно со испитаниците и истите, со
претходно одобрение од нивна страна да се снимат и да се направат аудио-
записи.
Но, заради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата
ковид-19, истражувачот во целост ги почитуваше протоколите дадени од
страна на релевантни институции и протоколот за полуструктурираното
интервју на интервјуираните лица е испратен по електронски пат.
Во истражувањето со анализата на содржината со примена на ме-
тодите на структурална, содржинска, компаративна и причинско-пос-
ледична анализа се анализира релевантна документација, од типот: закон-
ски регулативи во областа на платниот промет, законите за банки, и зако-
ните за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Север-
на Македонија и во Република Хрватска; директиви, регулативи и прописи
на ЕУ за финтек во областа на патниот промет, за работењето на банките и
спречување на перење на пари и финансирање на тероризам; платформи за
иновативни финансиски услуги.
76 │ Иновативни финансиски технологии

2.7. ПОПУЛАЦИЈА И ПРИМЕРОК НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Во истражувањето се опфатени повеќе суппримероци и тоа:


– финансиските и банкарските системи во Северна Македонија и во
Република Хрватска;
– законски регулативи во областа на платниот промет, законите за
банки, и законите за спречување на перење пари и финансирање на терори-
зам во Северна Македонија и во Република Хрватска;
– директиви, регулативи и прописи на ЕУ за финтек во областа на
патниот промет, за работењето на банките и спречување на перење пари и
финансирање на тероризам;
– платформи за иновативни финансиски услуги.
Со истражувањето се опфатени вкупно 15 банки од двете земји, и тоа:
– банки во Република Хрватска (3), од вкупно 20;
– банки во Република Северна Македонија (12), од вкупно 14.
Со истражувањето се опфатени вкупно 18 лица од професионален
и менаџерски кадар од двете земји, и тоа:
– професионален и менаџерски кадар во банки во Република Хрват-
ска (3);
– професионален и менаџерски кадар во банки во Република Северна
Македонија (15).
Со истражувањето се опфатени вкупно 10 универзитети од двете
земји, и тоа:
– универзитети во Република Хрватска (1);
– универзитети од Република Северна Македонија (9).
Со истражувањето се опфатени вкупно 57 факултети од двете земји,
и тоа:
– факултети во Република Хрватска (8);
– факултети од Република Северна Македонија (49).
Со истражувањето се опфатени вкупно 1.166 студенти од двете земји,
и тоа:
– студенти од Република Хрватска (164);
– студенти од Република Северна Македонија (1.002).
Методологија на истражувањето │ 77

2.8. ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ

Во истражувањето се применувани квантитативна и квалитативна об-


работка на податоците. При квантитативната обработка се користат некол-
ку статистички постапки од областа на дескриптивната и инференцијалната
статистика, и тоа; определување на дистрибуција на фреквенција, процен-
туално претставување на фреквенциите и нивно табеларно и графичко (бар-
дијаграми) претставување на фреквенциите, рангирање, повеќекратна лине-
арна регресија и t-тест (податоци добиени од прашања од затворен тип). За
обработка на податоците од ваков карактер се користи Статистички систем
за социјалните науки (Stata 13.1) и (Microsoft Excel 16). Другите податоци до-
биени од анализата на содржината, прашањата од отворен карактер квали-
тативно се обработени и анализирани.
Начин на обработка на податоците добиени од анкетирањето
– Изработка на електронска матрица.
– Внесување на одговорите од прашањата од затворен тип во елек-
тронската матрица и нивна категоризација според зададените прашања.
– Групирање на прашања/одговори.
– Статистичка обработка на податоците.
– Процентуална дистрибуција на фреквенција. (дескриптивна статис-
тика)
– Табеларен и графички приказ на добиените податоци одговори.
(дескриптивна статистика)
– Пресметка на модели на регресија (инференцијална статистика)
– Квалитативна анализа на добиените податоци. За секое прашање
кое од отворен тип поединечно се прави квалитативна анализа, по што сле-
дува компарирање на резултатите.
– Извлекување заклучни сознанија и
– Давање препораки според добиените резултати.
Начин на обработка на податоците добиени од интервјуира-
њето
– Изработка на електронска матрица.
– Внесување на одговорите од прашањата во електронската матрица
и нивна категоризација според зададените прашања по земји.
78 │ Иновативни финансиски технологии

– Правење транскрипти на одговорите добиени од интервјуата што


беа спроведени преку онлајн платформа.
– Квалитативна анализа на добиените податоци. За секое прашање
поединечно се прави квалитативна анализа, за секоја земја одделно, по што
следува компарирање на резултатите.
– Групирање на прашања/одговори.
– Табеларен приказ на групираните одговори.
– Нумерички преглед на добиените одговори според зачестеност.
– Извлекување заклучни сознанија.
– Давање препораки според добиените резултати.

2.9. ОРГАНИЗАЦИЈА И ТЕК НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Истражувањето се спроведе во неколку фази, и тоа:


1. изработка на студиски проект во кој одделни поглавја се елабори-
рани со поголем интензитет и со анализа на поширока стручна литература;
2. критички литературен преглед за значењето на финансиските тех-
нологии врз банкарскиот сектор;
3. проценување на степенот на развиеност на финансиската регулати-
ва на банкарскиот сектор во Хрватска и Северна Македонија;
4. содржинска, техничка и јазична подготовка на истражувачките
инструменти;
5. обезбедување на релевантни истражувачки суппримероци;
6. добивање Потврда од Етичкиот совет од Економскиот факултет Сп-
лит при Универзитетот во Сплит;
7. спроведување на теренско и on-line истражување во Република
Хрватска;
8. спроведување на теренско и on-line истражување во Република Се-
верна Македонија;
9. креирање на матрици за внесување на квантитативните податоци
од истражувањето;
10. внесување на податоци во матриците;
11. кодирање на податоците;
Методологија на истражувањето │ 79

12. обработка на податоците;


13. табеларно и графички претставување на добиените податоци од
истражувањето;
14. обликување на теоретскиот дел во трудот;
15. анализа и интерпретација на податоците добиени од истражува-
њето (квалитативна и квантитативна);
16. пишување на заклучни согледувања и предлози.

You might also like