Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

Мит Универзитет

Факултет за Психологија
Предмет:Перцепција и помнење
Тема:Деменција
Семинарска работа

Професор: Студент:

Асс м-р Ана Ѓорѓевиќ Елена Ристова

Број на индекс
049/23

Скопје
Декември 2023

1
Содржина

1.Вовед....................................................................................3
2.Историја на деменција........................................................4
3.Причини за деменцијата.....................................................6
4.Знаци и симптоми................................................................8
5.Лекови за деменција...........................................................10
6.Превенција............................................................................11
7.Водење грижа за луѓе со деменција...................................12
8.Заклучок................................................................................13
9.Користена литература...........................................................14

2
Bовед

Деменцијата претставува сериозна загуба на способноста за осознавање на една претходно


здрава личност, покрај она што може да се очекува од нормалното стареење. Деменцијата
може да биде статична, да се појави како резултат на повреда на мозокот, или
прогресивна, која резултира од долготрајно влошување на здравствената состојба
предизвикана од болест или повреда на телото. Иако деменцијата е многу популарна
помеѓу геријатриските личности (личностите во длабока старост), може да се појави и
пред 65-тата година и во тој случај се нарекува „почетна фаза на деменција“.

Деменцијата не е единечна болест, туку претставува неспецифичен синдром (т.е. збир на


знаци и симптоми) во кој оштетени делови од осознавањето може да бидат меморијата,
вниманието, јазикот и решавањето проблеми.

Особено во подоцнежната етапа од болеста, лицата кои боледуваат од деменција може да


бидат дезориентирани во времето (да не знаат кој ден од неделата е, ден од месецот или
дури која година е), во местото (да не знаат каде се наоѓаат) и во личноста (да не знаат
ништо за себе или за луѓето околу нив). Иако понекогаш може да се подобри до одреден
степен, причинителите на деменција се прогресивни и неизлечливи.

Деменцијата не претставува проблем поврзан само со меморијата. Таа, исто така, ја


намалува способноста за учење, размислување, задржување на сеќавање или потсетување
на некое искуство од минатото, како и промена на начинот на размислување, чувствување
и работење. Други ментални и проблеми со однесувањето многу често се одразуваат врз
луѓето кои патат од деменција и може да влијаат врз квалитетот на животот, негувателите
и институционализацијата. Како што се влошува состојбата на деменција, така некои
поединци може да се запостават себеси и да се повлечат во себе и да не можат да се
контролираат при вршењето на физиолошките потреби.

3
Историја на деменцијата

Кон крајот на XIX век, деменцијата претставувала многу поголем клинички поим, во кој влегува
менталната болест и секаков вид на психосоцијална неспособност. Тогаш, под поимот деменција
се подразбирало секоја личност која ја изгубила способноста да размислува, психоза од некоја
ментална болест, "органски" болести како сифилис која може да го растрое мозокот и деменција
поврзана со луѓето во длабока старост, предизвикана од артиосклероза.

Деменцијата која се појавува кај постарите луѓе се нарекува старечка сенилност и се смета за
нормален и неизбежен дел од стареењето, а не како болест предизвикана од некоја бактерија. Во
исто време, во 1907 година, откриен е одреден органски процес на деменција во почетна фаза,
наречен Алцхајмерова болест. Тоа било поврзано со одредени микроскопски промени во мозокот,
но се сметала за ретка болест кај средовековните луѓе.

Како и многу други болести кои се поврзани со старењето, така и деменцијата била ретка болест
пред дваесеттиот век (иако во никој случај не била непозната), бидејќи луѓето ретко живееле
доволно долго за да ја доживеат.

Во периодот помеѓу 1913 – 1920 година, шизофренијата била дефинирана на ист начин како и
денес, а терминот предвремена деменција (предвремено лудило) се користел за да се укаже на
развојот на сенилната деменција кај помладата популација. Очигледно, двата термина се
соединиле, за да до крајот на 1952 година лекарите почнале да го користат терминот "предвремена
деменција" или шизофренија. Терминот “предвремена деменција” укажува на вид ментална болест
како шизофренијата (вклучувајќи ја и паранојата и намалената можност за осознавање) која се
очекува да се појави кај личности во подоцнежна фаза од животот. Тогаш, терминот деменција се
користел за да се опишат шизофренијата и сенилната деменција, но околу 1920 година, терминот
деменција добила поограничена дефиниција – опишува вид на трајно мозочно оштетување кое не
може да се излечи. Тоа всушност претставува и почетокот на користење на овој вид дефиниција,
онаа која нам ни е позната денес.

Во 1976 година, неврологот Роберт Кацман предложил врска помеѓу "сенилната деменција" и
Алцхајмеровата болест. Кацман укажал на тоа дека сенилната деменцијата, која по дефиниција
најчесто се појавува по 65тата година, патолошки е идентична со Алцхајмеровата болест која
се појавува пред 65тата година и затоа не треба да се лекува на поинаков начин. Тој забележал
дека "старечката деменција" не се сметала за болест, туку се сметала за дел од процесот на
стареење. Тој исто така истакнал и дека Алцхајмеровата болест, која се појавува по 65тата
година, е многу честа појава и претставува 4та или 5та водечка причина која доведува до смрт
(иако, од 1976 година тоа ретко се наведува во посмртницата).

4
Ова доведе до размислувањето дека деменцијата не е "нормална" болест и мора да претставува
резултат на некоја одредена болест и не е дел од процесот на стареење. Следната дебата води до
периодот на "старечка деменција од видот на Алцхајмерова болест" кај луѓе над 65 годишна
возраст, со "Алцхајмерова болест" дијагностицирана кај луѓе помлади од 65 години со иста
патологија. На крај, сепак дошло до заклучок дека старосната граница е поместена и дека
терминот Алцхајмерова болест е соодветен за луѓе со одредена мозочна патологија која постои во
болеста, без оглед на годините на пациентот. Сепак, се заклучило дека иако стапката на
појавување на Алцхајмерова болест се зголемува со годините (од 5-10% кај 75 годишни, до 40-
50% кај 90 годишни), но не постои граница на години во кои болеста почнува да се развива, па не
претставува неизбежна последица од страеењето, без разлика до колку години ќе живее еден
човек.

Исто така, по 1952 година, мозочните болести како шизофренија била избришана од списокот на
"органски мозочен синдром" и според тоа (по дефиниција) отстранета и од можните причинители
на деменција. Во исто време, традиционалната причина за стречката деменција
– артиосклерозата, претставувала збир од деменции предизвикани од васкуларни болести (мали
удари). Овие биле наречени мулти-инфарктни деменции или васкуларни деменции.

Во XXI век, голем број на нови видови деменција почнале да се диференцираат од Алцхајмеровата
болест и васкуларните деменции (овие две претставувале најчестите видови). Таа диференцијација
била направена врз основа на патолошки истражувања на мозочните ткива, симптоматологијата и
различни начини на мозочната метаболичка активност во SPECT (компјутеризирана томографија
со емисија на слободен фотон) и PET (томографија со емисија на позитрон) скенирања на мозокот.
Различните форми на деменција имаат различни прогнози (причинители на болеста) како и
различни видови на епидемиолошки фактори на ризик. Причинителската етиологија на многу од
нив, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, останува непозната, иако постојат многу теории како
што е растењето на белковинските плочки како дел од нормалниот процес на стреење, воспаление,
зголемено ниво на шеќер во крвта и повреди на мозокот.

5
Причини за деменција

Најразлични видови мозочни повреди може да предизвикаат постојано когнитивно


нарушување. Ударите (исхемички или интрацеребрални удари, субарахноидално,
субдурално или епидурално крвавење) или инфекции (менингитис и/или енцефалитис
(воспаление на мозокот) кои го напаѓаат мозокот, долготрајните епилептични напади и
акутен хидроцефалус можат исто така да остават долготрајни последици врз
осознавањето. Претерано консумирање алкохол може да предизвика алкохолна деменција,
а некои други рекреативни дроги може да предизвикаат трајна деменција; кога еднаш ќе
се прекине со консумирање, когнитивното нарушување преминува во постојано, но не
напредува.

Деменцијата која постепено почнува да се развива и потоа со текот на годините се


влошува најчесто се појавува како резултат на невродегенеративна болест; тоа всушност е
болест која ги напаѓа само или главно невроните на мозокот и предизвикува мозочните
клетки да забават со работа. Поретко се случува некоја недегенеративна состојба да има
второстепено влијание врз мозочните клетки, која може, но и не мора да се повторува ако
се земаат соодветни лекови.

Причините за појава на деменција зависат од тоа на која година започнуваат симптомите.


Кај постарата популација (најчесто кај луѓето над 65 години), поголем дел од случаите на
деменција се предизвикани од Алцхајмеровата болест, васкуларната деменција или пак и
од двете. Деменцијата со Луи тела е исто така многу чест причинител, а може да се појави
заедно или, пак, со една од горенаведените болести. Хипотироидизмот понекогаш
предизвикува когнитивно нарушување кое полека напредува и тоа претставува главен
синдром и истиот може да се излекува доколку соодветно се лекува. Нормалниот
хидроцефален притисок, иако е релативно ретка појава, многу е важно навремено да се
открие бидејќи со соодветно лекување може да се спречи неговиот развој и да ја подобри
состојбата на другите симптоми. Сепак, необично е да се појави когнитивно нарушување.

Деменцијата многу ретко се појавува пред 65-тата година. Најчеста причина за нејзина
појава е Алцхајмеровата болест, но некои наследни форми од болеста доведуваат истата
да се појави и пред 65-тата година.
6
Кај средновечните луѓе (40-50 години) кои имале нормално ниво на интелигенција, многу
ретко може да се појави деменција. Најголем дел од когнитивното нарушување во оваа
годишна граница се појавува како резултат на психичка растроеност, консумирање
алкохол или некој вид дрога или, пак, од метаболичка растроеност.

Значаен процент од пациентите што се жалат дека имаат проблеми со меморијата или
други когнитивни симптоми страдаат од депресија, а не од невродегенеративна болест.
Често се појавуваат недостиг на витамини и хронични инфекции; тие најчесто
предизвикуваат други симптоми пред да се појави деменцијата, најчесто имитативна
дегенеративна деменција. Овде спаѓаат и недостигот на витамин Б12, фолна киселина или
ниацин и инфективни причинители како криптококен менингитис, ХИВ, борелиоза,
прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија, субакутен склерозирачки
паненцефалитис, сифилис.

Постојат повеќе невролошки болести во кои деменцијата се појавува само во


подоцнежната фаза од болеста или како еден мал дел од неа. На пример, кај дел од
пациенти со Паркинсонова болест, како придружна болест се појавува и деменцијата.
Исто така, хроничните воспаленија на мозокот може да го нападнат и центарот за
осознавање на подолг временски период, а тоа се мултипла склероза, саркоидоза.

7
Знаци и симптоми

Суптилни краткорочни промени на меморијата


Проблеми во меморијата може да биде лесен симптом за препознавање на деменција.
Често се работи за суптилни проблеми со краткотрајна меморија, како што е заборавање
каде оставиле нешто, мачење да се сетат зошто влегле во таа соба. Лицето што страда од
деменција може да се сети на нешта што се случиле во минатото пред неколку години, но
не може да се сети што појадувале утрото.

Промени во расположението
Ова може да биде тешко за пациентот да го препознае кај себе, но може да се открие од
луѓето околу нив. Лицата може да доживеат промена на личноста, состојба што може да
влијае на расудувањето. Типичен пример на лична промена кај лицата заболени од
деменција е состојба на срамежливост до состојба на екстровертност.

Тешкотии да ги најдат вистинските зборови


Личноста со деменција може да има тешкотии да најде соодветни зборови за изразување.
Водењето разговор со нив може да биде тешко и може да трае долго, пред да сфатите што
зборуваат.

Тешкотии во извршувањето на нормалните обврски


Поголеми тешкотии во извршувањето на секојдневните задачи, може да биде индикатор
дека некој има рана фаза на деменција. Ова вообичаено започнува со тешкотии за
извршување на покомплексни задачи како балансирање на чековна книшка или играње на
игри кои имаат многу правила. Освен борбата да ги извршат познатите дневни задачи, нив
им е тешко да научат нови нешта или да следат нови рутини.

Апатија и исцрпеност се јавуваат како симптоми на рана деменција


Лицето со овие симптоми може да изгуби интерес за хоби и активности што може да
значат, емоционално губење на интерес за поминување време со пријателите и
семејството.

Тешкотии во следење на приказни

8
Пронаоѓање и користење на вистинските зборови станува тешко, па така луѓето заболени
од деменција имаат тешкотии да следат приказни. Борбата да следат разговори на ТВ
програмите е ран симптом за откривање на состојбата.

Губење на чувство за насока


Чувството за насока и ориентација во просторот обично се симптоми што ја влошуваат
здравствената состојба на лицата со деменција. Ова значи дека се случува да не
препознаваат семејни знаменитости и забораваат насоки кои редовно ги користат, а може
да стане уште потешко да следат серија на насоки и инструкции чекор по чекор.

Проблеми со помнењето
Губење на меморијата и општата промена во однесувањето што доаѓа со деменцијата,
може да доведе до страдање од повторување на дневните задачи, или повторување на
истите прашања во разговорите, откако биле одговорени од другото лице. Тоа исто така
може да се види и од опсесивното собирање на предмети.

Борење да се прилагодат на промени


Тешкотиите во адаптација на промените е типичен симптом на рана деменција, како што
не се способни да запаметат луѓе кои веќе ги знаат или да следат што другите велат може
да предизвика кај нив страв од промена. Поради ова тие имаат потреба од рутина и се
плашат да доживеат нови искуства.

9
Лекови за деменција

Денес, не постојат лекови кои се клинички одобрени и можат да ја спречат или излекуваат
деменцијата. Иако некои од нив се одобрени за употреба при лекувањето на деменција,
истите ги лекуваат и когнитивните и симптомите кои се одразуваат на однесувањето, но
немаат никаков ефект на основната патопсихологија.

Ацетилхолинестеразни инхибитори Такрин (Когнекс), Донепезил


(Арисепт), Галантамин (Разадин) и Римастагмин (Екселон) се одобрени од Американската
управа за храна и лекови за лекување на деменција поттикната од Алцхајмеровата болест.
Истите може да се употребат и при лекување на други слични болести кои предизвикуваат
деменција, како што се Паркинсоновата болест или васкуларната деменција.

Ацетилхолинестеразните инхибитори целат кон зголемување на количеството на


невротрансмитерот ацетилхолин, чие количество е многу мало кај луѓето заболени од
деменција. Тоа се постигнува преку намалување на дејството на ацетилхолинестеразниот
ензим, кој го разложува ацетилхолинот како дел од нормалното функционирање на
мозокот. Иако овие лекови често се препишуваат, кај помал дел од пациентите овие
лекови може да предизвикаат несакани дејства, како што се брадикардија или синкопа.

Блокатори на Н-метил-Д-аспартат рецепторот: Мемантинот се продава под неколку


различни имиња од страна на повеќе фармацевтски компании како: Абикса, Акатинол,
Аксура, Ебикса, Мемокс и Намендиа. Кај деменцијата, овој вид на рецептори се
стимулираат преку глутаминат кој создава проблеми на невротрансмисијата (а воедно и
на осознавањето) и истото води кон уништување на невроните преку ексцитотоксичност.
Поради нивните различни начини на дејствување, мемантинот и ацетилхолинестеразните
инхибитори може да се искомбинираат.

10
Превенција

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Бари, Италија покажа дека група


на луѓе која конзумира алкохолни пијалаци има мало влијание врз појавата на деменција.
Во група од 1.566 возрасни Италијанци, 1445 немале никакво когнитивно нарушување, а
121 доживеале благо когнитивно нарушување и со истражувањето се утврди дека во рок
од 3.5 години, кај луѓето со благо когнитивно нарушување кои конзумираат помалку од
еден алкохолен пијалак дневно, се развива деменција до степен што е 85% побавно од
оние кои воопшто не конзумираат алкохол. Сепак, научниците кои го спроведоа
истражувањето изјавија дека откако појавата стана епидемиолошка, резултатите
може да бидат само показател за начинот на живеење, посочувајќи дека "просечниот
начин на живеење" всушност е поврзан со бавен развој на деменција. Истражувањето не
успеа да покаже врска помеѓу висок крвен притисок и развојот на деменција.

 Koнтрола на крвен притисок

 Контрола на гликемија

 Контрола на телесна тежина

 Здрава исхрана

 Физичка активност

 Избегнување на алкохол и цигари

 Грижа за сопственото ментално и физичко здравје

11
Водење грижа за луѓе со деменција

Психијатриските негуватели може многу да придонесат за менталното здравје на луѓето.


Четирите главни причини според кои се создадени психијатриските установи се:

 Негувањето е интерактивен, развоен процес кој е заинтересиран повеќе за


понатамошниот развој отколку за потеклото на личноста.
 Искуството со душевната болка поврзана со психичко растројство се искажува преку
разни пореметувања или пак настани од минатото со кои се запознаени само
негувателите.
 Негувателите и луѓето за кои се грижат се поврзани на посебен начин преку заедничко
влијание.
 Искуството со психичко растројство се претвора во секојдневен проблем и
негувателите ги забележуваат реакциите од болката, а не од нарушувањето.

12
Заклучок

Постојат многу други медицински и невролошки болести во кои деменцијата се појавува


само во подоцнежната фаза од болеста или како еден мал дел од неа. На пример, кај дел од
пациенти со Паркинсонова болест, како придружна болест се појавува и деменцијата.
Главната причина за појава на деменцијата заедно со Паркинсоновата болест може да
претставува деменцијата со Луи тела или Алцхајмеровата болест, или пак и двете заедно.
Когнитивни нарушувања се појавуваат и во Паркинсоновите-плус синдроми
на прогресивна парализа и дегенерација на кората на големиот мозок (и истата главна
патологија може да предизвика клинички синдроми на фронтотемпорална лобарна
дегенерација).

13
Користена литература

Линкови:
1. https://www.fakulteti.mk/mobile/news/13052022/demencija-simptomi-i-vidovi
2. https://nikobmedical.mk/2023/04/sto-pretstavuva-demencija/
3. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD
%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

14

You might also like