Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Реторика во поезијата

Реториката заедно со поетиката се најстарите дисциплини за кои постојат

полемики повеќе од 2500 години. Општо значење на зборот реторика е т.н.

говорна употреба на јазикот. Јазикот е пак средство за општење на народите.

Сосема е јасна тезата дека реториката на јазикот му дава моќ да владее, да

управува, да мудрува, да убедува... слични вакви тврдења се среќаваат и кај

Платон и кај Аристотел. Ако реториката има моќ на убедување изразена преку

некој јазик, тогаш е сосема јасно дека сите пишани текстови ( и прозни и поетски )

се реторички производи од кои ние денес учиме, се инспирираме, дебатираме и

сл.

Реториката е присутна во секоја пора од секојдневната комуникација. Во

зависност кои атрибути ќе се искористат, честопати знаеме да кажеме дека

одредени говорители или уметници користат ваква или онаква реторика, која

делува вака или онака на широките народни маси. Политичките говори содржат

одредена реторика која повеќе или помалку е препознатлива за одредени

политички елити. На база на тие реторики се граделе цели општествени системи

(демократијата, капитализмот, социјализмот, комунизмот...). Но сепак да се

вратиме на темата а таа е – реторика во поезијата-.

Би си земала за слобода да кажам дека реториката во поезијата би ја израмнила

со мотивите во истата. Мотивот како иницијација за создавање уметност ( поезија)

и јазикот како средство за комуникација преку кое се пренесува одредена порака,

емоција и сл. Од асиро – вавилонската, па преку хебрејската и старогрчката

литература се запознаваме со бисери на античката поезија пренесени преку

реториката на самиот дискурс т.е. текст. Ако реториката како дисциплина не го

дала готовиот производ „ Епот за Гилгамеш“, „ Библијата“ или пак „Илијадата“ ние

не би знаеле кои се реториките на цивилизациите пред нас. Што тие проучувале,

за што се интересирале, од што се инспирирале и сл. Пишаните документи

говорат за сите мотиви од кои подоцна се граделе цели правци во литературата.

Читајќи ги делата на одредени народи дознаваме за целокупната нивна историја,

бит и постоење. Не можеме туку така да го избришеме тоа што со векови се

создавало и надградувало. Реториката во дискурсите не може да се избрише,


напротив може уште толку да ја продлабочи суштината и значењето. Колку

илјадници години ќе поминат за да се намали духовното убедување на Библијата,

Тората или пак Куранот. Нели се ова книги од кои преку нивната реторика се

создадени цели религии и верувања, на кои до ден денес се поклонуваме.

Поезијата во овие свети книги се гледа во мотивот, а реториката во моќта на

убедувањето, нормално преку говорот како механизам. Никогаш не би знаеле за

Данте, Петрарка, Шекспир... и многу други автори кои своите реторички прашања

скриени во убавината на стихот не ни ги оставиле како духовна наслада се до ден

денес. Ние учиме од нив за бесмртноста на душата, за потрагата по бесмртноста,

за патувањето по пеколот, и за исчекувањето пред портите на рајот, за

хамлетовското „to be or not be“ и многу, многу други поетски убавини.

И ден денес се инспирираме од овие великани, од нашите и туѓите претходници.

Сите нив ги славиме како свои затоа што се вечна и неисцрпна муза. Нивните

версификациски – стиховни мајстории ќе ги следиме се додека постои

човештвото. Тие се препознатливи реторики. Автентични се. Не можеме да ги

смениме, а и не треба. Што сакам да кажам со ова?

Ако читаме поетски текст во кој постои некоја нерешлива дилема или колебање со

право ќе кажеме дека имаме хамлетовски проблем или шекспировски мотив

(реторика), или пак ако гледаме некоја уметничка слика во која доминираат ириси,

или сончогледи со полно право ќе кажеме дека во сликата доминира реториката

на Ван Гог, т.е. мотиви препознатливи за него.

За се се пишувало, творело и создавало во литературата и уметноста. Нема тема

за која не се напишани песни, романи, драми... или пак изработени слики,

скулптури, фотографии и сл. Тоа се дела создадени од рака на човек, вдахновени

со Божји благослов, кои се неуништиви траги на големината на човековиот ум и

креативност пренесени преку реторичките ( ораторски ) дебати, преку пишани

дела или пак преку боја на платно. Убавината на поезијата се гледа во големата

нејзина порака која преку говор ( ораторство ) се пренесува на секоја нова

генерација.

You might also like