Professional Documents
Culture Documents
Скопскиот земјотрес
Скопскиот земјотрес
Покрај наведените огромни штети, земјотресот сепак бил од локален карактер, а се смета
дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Иако според магнитудата од 6,1
степени спаѓа во групата на земјотреси со средна јачина (Пехчевскиот и Валандовскиот биле
значително посилни со 7,2 и 6,9 степени магнитуда), жариштето (хипоцентарот) било плитко,
што придонело за катастрофалниот ефект, големите штети и бројните жртви. Интензитетот на
земјотресот се движел помеѓу 5 и 6 степени според MCS во најмалку погодените делови од
градот, па сe до 10 степени каде што имало тотални уривања (околу плоштадот Слобода и во
Kарпош). Друга причина за големите разурнувања е и тоа што тогаш ниту една од зградите не
била сеизмички проектирана. Масовно биле урнати, пред се објектите со ѕидови од тула.
По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге
и на Адолф Циборовски (иако при тоа имаше и одредени пропусти кои денес влијаат на
поголемата загаденост на градот). Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и
претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на
фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.