Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Скопскиот земјотрес - природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963

година во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди


во Скопје и Македонија, со измерени 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според
Рихтеровата сеизмичка скала). Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.[8]

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го


загубиле 1.070 граѓани. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста
дел од жртвите да биле веќе сохранети од своите роднини пред да ги евидентира Службата.
Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко
повредени, а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а
оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски


републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи
од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале
градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Покрај наведените огромни штети, земјотресот сепак бил од локален карактер, а се смета
дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Иако според магнитудата од 6,1
степени спаѓа во групата на земјотреси со средна јачина (Пехчевскиот и Валандовскиот биле
значително посилни со 7,2 и 6,9 степени магнитуда), жариштето (хипоцентарот) било плитко,
што придонело за катастрофалниот ефект, големите штети и бројните жртви. Интензитетот на
земјотресот се движел помеѓу 5 и 6 степени според MCS во најмалку погодените делови од
градот, па сe до 10 степени каде што имало тотални уривања (околу плоштадот Слобода и во
Kарпош). Друга причина за големите разурнувања е и тоа што тогаш ниту една од зградите не
била сеизмички проектирана. Масовно биле урнати, пред се објектите со ѕидови од тула.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге
и на Адолф Циборовски (иако при тоа имаше и одредени пропусти кои денес влијаат на
поголемата загаденост на градот). Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и
претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на
фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

You might also like