Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Пеколот од Данте Алигиери

Пеколот, Данте го претставил како инка чиј крај завршува во центарот на земјата
каде се наоѓа Луцифер (ѓаволот).
Пеколот има 9 круга, но во подолните кругови има повеќе јами каде се
сместени грешниците, поточно, во седмиот круг има 3 ката, а во осмиот десет јами
(полјани), а во деветтиот четири појаси.
Влезот на Пеколот е опкружен со реката Ахерон која го одвојува
„предворјето“ од вистинскиот пекол. Таму се наоѓаат неодлучните — луѓе што
ништо не направиле во својот живот, ни добро ни зло.

Првиот круг во Пеколот


Пред портите на пеколот Данте ги сместува многубошците, античките поети и
филозофи: Хомер, Хорациј, Овидиј, Сократ, Платон итн.

Вториот круг во Пеколот


На влезот од вториот круг грешните ги пречекува Минос (човек со долга опашка) и
ги праќа во определен круг од пеколот – во зависност од тоа колкупати неговата
опашка ќе се обвитка околу грешникот.
Во вториот круг се сместени прељубниците, оние што се подале на сласт и
страст. Казната за овие грешници е иста како гревот, виорна љубов – виорен
ветер. Тука се сместени: Клеопатра, Елена, Парис, Тристан и Изолда, Ахил итн.

Третиот круг во Пеколот


Во третиот круг се сместени лакомите, алчните, завидливите. Таму владее
студена, дождлива атмосфера, а грешниците ги пречекува страшното троглаво
куче Кербер. Казната во овој круг е вечен дожд, леден град и ужасната смрдеа
што се шири.

Четвртиот круг во Пеколот


На влезот од четвртиот круг ги дочекува Плутон (бог на богатствата) кој е
претставен како страшен демон кој од злоба самиот себе се глода.
Во овој круг се скржавците, злобните, горделивите, расипниците чии претставници
се поповите, папите и кардиналите. Нивна казна е да туркаат огромни камења што
симболизираат вреќи со богатство, додека бранови вода се кршат врз нивните
голи тела.
Петтиот круг во Пеколот
Во петтиот круг се навлегува во каллива, мочурлива атмосфера пред портите на
градот Дис (градот на Луцифер, сатаната). Тука се наоѓаат гневните и злобни
властољупци.
Казната на сите злобни, што никому не направиле добро дело, што се бореле
само за власт, за висока позиција – тука се казнети да бидат најдолу, легнати во
калта.

Шестиот круг во Пеколот


Во градот Дис, двајцата посетители ги дочекува необична глетка, од кулата кон
нив долетуваат три фурии, трите еринии (Тизифона, Мегера и Алекта) кои ја
повикуваат горгоната Медуза да ги претвора грешниците во камен.
Атмосферата е жешка, вжарена, во гробниот мир по некој пискот се слуша, а на
полето од отворените гробови – лелек од болки.
Доаѓа Ангелот како гласник од Рајот кој ги предочува грешките на казнетите: тоа
се еретиците. Тие за време на животот биле глуви за Бога, па тука ја добиваат
соодветната казна — да лежат во вжештени гробови!

Седмиот круг во Пеколот


Седмиот круг има три ката. На влезот од кругот се наоѓа минотаурот.
Во првиот кат се наоѓаат оние што сториле грев врз ближните: измамници, крадци
и убијци на ближните. Тие се капат во крв.
Во вториот кат се самоубијците кои се претворени во дрвја.
Во третиот кат во жар и под огнен дожд се печат богохулителите, лихварите и
содомитите. Богохулителите лежат на грб, лихварите седат згрбавени, а
содомитите трчаат наоколу.

Осмиот круг во Пеколот


Герион е чувар на осмиот круг.
Герион е суштество со човечки лик и мазен образ, но со змиски труп во разни бои
и две канџи со влакна. Кругот е ограничен со насип по кој се качуваат луѓето, но не
можат да се искачат. Составен е од 10 зли јами.
Тука се сместени: лакомци, сводници, заводници;ласкатели;симонисти (трговци со
свети предмети);гатачи, волшебници, пророци;измамници; итн.
Деветтиот круг од пеколот
Како наредени околу бунар џинови закопани до папок го чуваат влезот на
деветтиот круг. Во него се е замрзнато од студот и ветрот што го прават крилјата
на Луцифер.
Чудовиштето Нимрод сам себе се глода и гази по главите на грешниците.
Во овој круг се сместени предавниците:
Каин кој ги симболизира предавници на својот род;
Антенор – ги симболизира предавниците на татковината;
Птоломеј – предавниците на пријателите (гостите) и
Јуда – предавниците на Христос.
На дното од јамата се наоѓа Луцифер, со крилја.

You might also like