Professional Documents
Culture Documents
Белвица
Белвица
Марко
Белвица e вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки. Белвицата е ендемски
вид и може да се најде само во водите на Охридското езеро.
Илина
Андреј, Мартин
Белвицата е релативно мала риба, вообичаено помала од 30 см и полесна од 0,5 кг. Може
да достигне должина од 33,6 см и тежина од 685 грама.Охридската белвица е пастрмка со
сребрена боја на телото и ретки бледи црни и црвени пеги, со поголемо око во однос на главата
споредено со другите видови пастрмки како резултат на живот во подлабоките води. Има бавен
раст и потребно и е 12 години за да достигне тежина од 1 кг. во природни услови.
Бисера
Охридската белвица има извонредно значење како објект како за рекреативен така и за
стопански риболов. Поради квалитетот на нејзиното месо, а особено по намалувањето на
популацијата на охридската пастрмка се зголеми притисокот врз неа, што води кон потреба од
поголема заштита на видот.