Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Белвица

Марко

Белвица e вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки. Белвицата е ендемски
вид и може да се најде само во водите на Охридското езеро.

Во постарата литература белвицата е определена дека им припаѓа на родовите


Acantholingua и Salmothymus. Генетските проучувања, сепак, покажуваат дека таа е член на родот
Salmo и е најблиска до Salmo obtusirostris. Таа е доста различна од балканската пастрмка.

Илина

Распространета е во Македонија и Албанија во водите во Охридското Езеро, каде заедно


со летницата е еден од двата претставници на семејството Salmonidae и родот Salmo. Се среќава на
длабочина од 40 до 60 м. Рибата е предмет на масовен риболов и се одгледува во фарми за риба
од средината на дваесеттиот век.

Фактори кои ја загрозуваат популацијата на овој вид се хибридизацијата и загадувањето на


водите.

Андреј, Мартин

Белвицата е релативно мала риба, вообичаено помала од 30 см и полесна од 0,5 кг. Може
да достигне должина од 33,6 см и тежина од 685 грама.Охридската белвица е пастрмка со
сребрена боја на телото и ретки бледи црни и црвени пеги, со поголемо око во однос на главата
споредено со другите видови пастрмки како резултат на живот во подлабоките води. Има бавен
раст и потребно и е 12 години за да достигне тежина од 1 кг. во природни услови.

Бисера

Полова зрелост достигнува во втората година. Се мрести и во близина на подводни извори


на длабочини поголеми од 70 м. Најголемиот дел од популацијата се мрести во периодот од
втората половина на ноември до крајот на декември, вториот пик на мрестење е во пролетниот
период (март-април) и третиот во летниот период (јуни-август).

Животниот век ѝ е околу 12 години.


Петар

Охридската белвица има извонредно значење како објект како за рекреативен така и за
стопански риболов. Поради квалитетот на нејзиното месо, а особено по намалувањето на
популацијата на охридската пастрмка се зголеми притисокот врз неа, што води кон потреба од
поголема заштита на видот.

You might also like