Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Мит: ПЕГАЗ - Пегаз во старогрчката митологија е крилест коњ.

Скокнал
од крвта на Медуза кога Персеј ѝ ја отсекол главата. Белерофон го заробил Пегаз
и го јавал во многу свои походи, вклучувајќи ја битката со Химера, но кога се
обидел да го јава крилестиот коњ кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз
останал на небото како соѕвездие. Летот на Пегаз често се смета за симбол на
поетското вдахновение
Легенда: Настанувањето на цветот - За нејзиното настанување а се врзани
многу легенди. Една од нив вели дека ружата поцрвенела од срам кога Адам и
Ева биле исфрлени од рајот поради својот грев. Римската легенда раскажува за
преубавата Роданте за чија рака жестоко се бореле бројни јунаци кои во занес на
кавгите и борбите за неа ја искршиле вратата на нејзината прекрасна градина.

Фантастична Приказна: Пинокио - Мајсторот Џузепе пронашол парче дрво што


плаче и се смее како бебе. Тој му го подарил дрвото на мајсторот Ѓепето, кој
сакал од дрвото да направи кукла, која ја нарекол Пинокио. Веднаш по
изработката, Пинокио оживеал и започнал да прави палавштини.

Анегдота: ПОДАРОКОТ на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - Александар


Македонски на својот пријател Перил му подарил педесет таланти за свадбата
на ќерка му. Перил, возбуден од големиот подарок одговорил:
-Благодарам многу , но за свадбата ќе ми беа доволни и десет таланти!
Да за тебе можеби се доста, но за еден Александар Македонски воопшто не
личи да дава толку ситни подароци!

Басна: Лав и глушец - Лавот еднаш спиел, а глушецот претрчал преку неговата
уста. Лавот се разбудил, го фатил и се спремал да го раскине. Глушецот тогаш
почнал да го моли да му прости и да не го убива, говорејќи дека некогаш и тој ќе
му стори некоја добрина. Лавот се насмеал на овие зборови и го пуштил. Не
изминало многу време и навистина се случило лавот да дочека добрина и да го
спаси својот живот по заслуга на глушецот. А тоа станало вака: лавот се фатил во
мрежата што била поставена од ловџиите. Глушецот го чул рикањето и
стенкањето на лавот, дошол ја прегризал мрежата и ослободувајќи го рекол: “Ти
мене ми се насмеа кога ме пушти, зашто не очекуваше да ја вратам добрината
твоја. Сега знај дека и глувците знаат што е благодарност.”

Епска Песнa: Песна за Крале Марко

Гатанка: Дење и ноќе патува без да застане (река)

Пословица – Поговорка : БУНАР – Нов бунар копај, на стариот не плукај!

You might also like