Tекстуални задачи со мерење на зафатинина

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Tекстуални задачи со мерење на зафатнина 2 одд.

Име и презиме_______________________
1. Во една продавница имало 80 l масло за јадење. Продадени биле 13 l масло. Колку литри
масло останале непродадени?
_______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

2. Еден сад собира 10 l вода. Јана го полни садот со истурање вода од шишиња од 2 l. Колку
такви шишиња вода треба Јана да истури во садот за да го наполни?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

3. Млекото е спакувано во шише од 2 l. Колку литри млеко ќе има во 8 такви шишиња?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

4. Во едно буре собира 100 l вино. Во него има 48 l вино. Уште колку литри вино може да се
дополнат во бурето?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

5. Еден автомобил поминува 20 km со 9 l бензин. Колку километри пат ќе помине

автомобилот со 36 l бензин?
______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

6. Во едно буре има 30 l нафта, а во друго 50 l нафта. Колку литри нафта треба да се претури
од едното во другото буре за да има исто количество нафта во двете буриња?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

7. Една крава дава 18 l млеко. Друга крава дава 4 l повеќе млеко. Трета крава дава два пати
помалку млеко од втората крава. Колку литри млеко даваат трите крави?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

8. Во една продавница биле наредени 4 кофи. Во првата кофа имало 24 l вода. Во секоја
наредна кофа имало 2 литри помалку вода. Колку литри вода имало во сите кофи?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________
9. Во една продавница имало: 2 l сок од вишни, 8 л сок од портокали, 6 l сок од праски,

8 l сок од рибизли, 4 l сок од сливи. Ако соковите се еднакво распоредени на 4 полици, по

колку литри сок ќе има на секоја полица?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

10. Чичко Димо на пазар однел 97 l ракија. Претпладне продал 33 l, а попладне уште 48 l
ракија. Колку литри ракија останале непродадени?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

11. Во понеделник, во продавницата се донесени 16 l сок. Во вторник-2 пати повеќе, во среда

8 l повеќе од вторник. Колку вкупно литри сок се донесени за трите дена?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

12. Првиот ден се потрошени 4 l вода, вториот ден се потрошени 6 l вода, третиот ден се
потрошени 9 l вода, четвртиот ден се потрошени 11 l вода. Колку литри вода се потрошени
седмиот ден?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

13. Дополни ја низата:

23 l – 24 l – 26 l – 29 l – 33 l – 38 l – 39 l – 41 l - ________ - _______ - _______ - _______ .

14. Колку чаши од 200 ml можеш да наполниш со сок од шише кое содржи 1 l сок?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

15. Иван, Маја и Филип испиле по 1 чаша јогурт. Колкаво количество јогурт испиле заедно,
ако 1 чаша содржи 200 ml јогурт?

______________________________________________________________________

Одговор: ___________________________________________________________________

16. Еден слон пие 25 l вода дневно. Колку литри вода ќе испие слонот за 8 дена?