Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Есеј по предметoт Наследно право

Тема:Наследници

Наследувањето претставува пренос на правата, имотот, обврските и долговите на


починатото лице врз неговиот наследник или наследници.Наследници се лицата
на кои преминуваат стварите, имот ните права и обврски што оставителот ги имал
во моментот на неговата смрт.

Наследници се лицата на кои преминуваат стварите, имотните права и обврски


што оставителот ги имал во моментот на неговата смрт. Како наследници можат
да се јават физички и правни лица и тие стануваат наследници по сила на закон
во моментот на смртта на оставителот. Како наследник може да се јави секое
физичко лице без оглед на возраста, полот, етничката или расната припадност и
религиското уверување. Физичките лица наследуваат врз основа на закон и врз
основа на тестамент. За да може едно лице, било физичко или правно, да биде
наследник тоа пред се треба да биде способно за наследување, односно да
поседува правна способност..За да едно физичко лице биде наследник тоа треба
и да биде достојно за наследување.

Физички лица како наследници

Како наследник може да се јави секое физичко лице без оглед на возраста, полот,
етничката, расната припадност, религиското уверување и др. Но, за да може едно
физичко лице во конкретен случај да се јави како наследник тоа треба да биде
способно и достојно за наследување.Физичко лице станува секое лице од
моментот на раѓањето па сè до смртта. За да постои физичко лице како субјект на
правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да
има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава
правни задолженија и правни овластувања.
Физичките лица наследуваат врз основа на закон и врз основа на тестамент.
Притоа, за да може едно физичко лице да се јави како наследник треба да биде
способно и достојно за наследување.

Способност за наследување

За едно лице да биде способно за наследување тоа треба да биде живо во


моментот на смртта на оставителот. Способноста за наследување е изедначена
со правната способност на физичките лица поради што таа се стекнува
истовремено со раѓањето на детето кога тоа станува и субјект во правото.
Согласно законските одредби, наследник може да биде само лице кое е живо во
моментот на отворањето на наследството, и детето кое веќе е зачнато во
моментот на отворањето на наследството, се смета како родено ако се роди живо.

Недостојност за наследување
За да може едно физичко лице да се јави како наследник, освен способноста за
наследување, потребно е да биде и достојно за наследување. Во спротивно,
наследникот кој што е оквалификуван за недостоен нема право на наследство.

Откажување од наследство

Наследник нема да стане лице кое е повикано на наследство, а кое дало изјава за
откажување од наследство. Наследникот може да се откаже од наследство со
изјава на судот до завршувањето на расправата за оставината.Ова откажување
важи и за потомците на оној којшто се откажал, ако не изјавил изрично дека се
откажува само од свое име. Доколку потомците се малолетни, за ова откажување
е потребно одобрение од органот за старателство.Ако потомците се полнолетни а
наследникот не изјавил изречно дека се откажува само од свое име, ваквата
изјава ги опфаќа и нив бидејќи ги оневозможува да наследат врз основа на
правото на претставување.

Неспособност за наследување
Во нашиот Закон за наследување во членот 123 е наведено:

Недостоен е да наследи, како врз основа на закон така и врз основа на


тестамент, како и да добие нешто врз основа на тестамент, тој којшто:

1) со смисленост го лишил од живот оставителот или се обидел да го лиши од


живот;2) со присилба или закана го натерал или со измама го навел оставителот
да направи или да го отповика тестаментот или некоја одредба од тестаментот,
или го спречил тоа да го стори ;3) го уништил или го сокрил тестаментот од
оставителот со намера да спречи да се реализира последната волја на
оставителот, како и оној што го фалсификувал тестаментот на оставителот и4) ја
повредил потешко обврската за издршка на оставителот спрема кој имал законска
обврска за издршка, како и оној што не сакал да му укаже на оставителот нужна
помош..

Правен основ за наследување

Во современите законодавства правен основ за наследување се договорот за


наследување, тестаментот и законот. Во наследното право на Република
Македонија правен основ за наследување е само тестаментот и законот.
Тестаментот е посилен правен основ за наследување во однос на законот. Врз
основа на тоа, доколку завештателот оставил тестамент, прво ќе се распредели
оставината врз основа на тестаментот, а потоа врз основа на законот.

You might also like