Есеј2

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Есеј: Кои се најголемите стрес фактори во животот на тинејџерите?

Стресот е еден дел од животот на луѓето што преставува препрека која е неизбеглива и може да
има многу штетно влијание и да остави големи последици на физичкото и менталното здравје на
човекот. Стресот, во суштина, е неодделен дел од нашиот секојдневен живот. Тоа е реакција на
предизвиците и напоните со кои се соочуваме,но сепак е вообиечаена и нормална појава.

Стресот може да биде присутен во животот на човекот поради разновидни фактори и да влијае на
различни аспекти од животот,воглавно психичката и физичката благосостојба.

Во секојдневниот живот ,човекот за жал се соочува со стресот поради различни прилини кои
можат да бидат предизвикани од семејството,финансиите,здравјето или нешто сосема друго. Со
овој душевен немир и чувство на неволја се борат секојдневно и тинејџерите.Во едно
истражување направено на оваа тема се спомнува дека 60% од тинејџерите меѓу 13 и 17 години
велат дека своите најубави години ги поминуваат под стрес секој ден,кој е придружен со чувства
на анкциозност и неудобност.Некои фактори кои го предизвикуваат ова ги вклучуваат односот со
семејството,училишните предизвици и прифатеноста од врцниците.

Односите со семејството можат да бидат значителен извор на стрес за тинејџерите. Во оваа фаза
на нивниот живот, тинејџерите често се соочуваат со многу промени и предизвици. Во меѓувреме,
развивањето на нивната самостојност и потребата за независност може да предизвика конфликти
во односите со родителите и другите членови на семејството. Очекувањата од страна на
семејството за успех или одговорност може да предизвика стрес исто така. Како што е докажано
во истражување направено во 2017 година овие равоти драстично влијаат кај 65% од тинејџерите.

Училиштето, иако место за образование и развој, може да биде извор на значителен стрес
за тинејџерите поради неколку причини.Притисоците за успех се често застапени во
училишните средини. Тинејџерите се соочуваат со очекувања за добри резултати, оценки и
успех во школото, што може да предизвика големи нивоа на стрес. Ова може да произлезе
од различни извори, вклучувајќи ги учењето за тестови, завршување на домашни задачи,
напори за подобрување на резултатите или соочување со конкуренцијата помеѓу
врсниците.

Прифатеноста или нејзинито отсуство во односите со врсниците може да биде значителен фактор
за стрес кај младите. Врските со врсниците играат клучна улога во формирањето на идентитетот на
индивидуата, особено во периодот на тинејџерство. Малтретирањето и социјалното изолирање
можат да имаат длабоко психолошко влијание на тинејџерот. Тие можат да доведат до збунетост,
стрес, депресија и друго. Освен тоа, потребата за припаѓање и прифатеност во групата може да
предизвика притисоци за прилагодување на одредени стандарди или норми, што може да биде
извор на стрес.
Тинејџерите во овој период од нивниот живот се изложени на голем број стрес фактори но тие
треба да научат да се справуваат со оваа состојба на неудобност.

Справувањето со овие стресни фактори може да биде предизвик, но есенцијално е тинејџерите да


научат здрави начини за управување со стресот. Откривањето на начини за релаксација,
комуникација со блиските и потпора од околината може да им помогне да ги преминат овие
предизвици и да изградат здрав начин на живеење во овој период на нивниот живот.

You might also like