Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Романтизмот претставува книжевен и уметнички правец кој протекол во Европа во

крајот на осумнаесетиот век. Како движење се развил за време на француската буржоаска


револуција како реакција на строгите правила на класицизмот, уметнички правец кој му
претходел. За разлика од класицизмот кој во прв план ги истакнувал разумот и
интелектот, романтизмот предност им давал на емоциите и фантазијата. Лулка на
европскиот романтизам е Германија. Она што денес го опфаќаме под терминот германски
романтизам е педесетгодишен период на буен развиток на германската литература,
теорија, филозофија и уметност. Гетовиот литературен профил ја наткрилува цела епоха
на германскиот романтизам. Најголемиот дел од неговиот обемен литературен и критички
опус, го опфаќаат бројни дела, како што е „Страдањата на младиот Вертер“.

Романот „Страдањето на младиот Вертер“ е едно од извонредните дела на


германскиот и европски романтизам, каде што Гете постигнал еден од најголемите
критички подвизи во пишувањето на Вертер, што во никој случај не може да се опише
како обичен сентиментален роман со љубовна приказна. Значењето на ликовите и
генерализациите кои ги изведува Гете е многу длабоко и широко. Исто така е важно да се
напомене дека трагедијата не е само приказна за несреќна љубов, туку во центарот на
романот има и филозофски значајна тема: човекот и светот, личноста и општеството.
Вертер на Гете ги исполнува овие неколку барања. Преку сликата за чувствата на еден
страдален млад човек, љубовен тријаголник и интриги се покренува социјална тема –
личноста и општеството. Современиците на писателот верувале дека во ликот на Вертер
тој се портретирал за време на неговиот живот во градот Вецлар, кога бил опседнат од
љубовниот интерес на на невестата на пријателката на Кестнер. Вертер е млад човек со
извонредни способности и со изразена чувствителност. Неговиот живот завршува
трагично поради неговата несреќна љубов, но за таквата судбина постојат и други
причини, страдањето поради нездравиот и распуштен живот на тогашната аристократија.
Иако Вертер е надарено момче, нему му недостасува практична работа во која би дошле
до израз неговите способности. Неговото срце е благородно, а тој лесно пламнува и брзо
се воодушевува, но исто така лесно запаѓа во болка и во тага. Често запаѓа во занес и
притоа ја губи врската со реалноста, поради што доаѓа во судир со средината, а тој се
повлекува во себе и енергијата ја троши во бескорисно анализирање на своето Јас.
Неговото пропаѓање е психолошки подготвено и мотивирано.

Романот „Страдањата на младиот Вертер“ има големо значење за развитокот на


германскиот романтизам и е еден од најзабележителните љубовни романи во кои
љубовната тема се спојува со „горчината на животот“, со отфрлање на постојаното
германско општество, ова е второ релативно големо дело на младиот Гете, кое му донело
светска слава. Овој роман го напиша Гете со толку голема моќ шро не може да не оденке
во срцата на сите луѓе од пререволуционерната Европа во осумнаесетиот век.

You might also like