Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Да се биде или не?

– спознавање за дилемата меѓу животот и смртта во


Шекспировиот Хамлет

„Човекот на прво место“ е основното мото на Хуманизмот. Човекот ослободен од


непознатото, човекот ослободен од феудалната милса која го терала да заборава на себе,
да дава повеќе за вербата во Бога и да го очекува својот крај кој ќе значи виза за вечноста.
Но, не! Хуманистите во својата потрага по реалноста ќе дојдат до заклучокот дека тие
подеднаково треба да добиваат, подеднакво треба да го живеат животот, па затоа и ќе ја
создадат фразата „Колку добива Бог, толку добивам и јас“. Литературата во својата
перцепција за животот во Хуманизмот и Ренесансата ќе ги отслика човековите потреби од
љубовта, пожртвуваноста, ближноста со семејството, но и предавството, имагинарноста во
постапките и пред сè борбата на човекот против неправдите.

Размислувајќи за животот, смртта и религијата, Хамлет го одбира животот со сите


негови убавини и недостатоци, а го отфрла ветувањето на религијата за вечен, прекрасен,
задгробен живот, бидејќи за тоа нема доказ. Хамлет е добар син и наследник на престолот.
Го почитува својот татко – стариот крал, и како татко и како човек и како крал. Неговата
желба, да се одмазди за убиството, послушниот син ја прифаќа и ветува дека ќе ја
исполни. На почетокот тој сепак се двоуми – дали да се одмаздува или да си го заврши
својот живот (да се биде или не?). Ако се самоубие брзо ќе ги реши сопствените страдања,
но така нема да го задржи своето и татковото достоинство. Затоа, решава да оди до крај и
станува одмаздник. Против се Хамлет се бори и изборува! На крајот тој го убива својот
чичко одбранувајќи ја својата и честа на татка си. Докажувајќи така дека постои
достоинство, чесност, приврзаност, љубов и човечност. „Да се биде или не – прашање е
сега“, не е само реплика која е дел од драмата на Шекспир „Хамлет“, оваа реченица
длабоко проникнува во размислувањето во секој од нас, тогаш кога сме на крстопат, кога
се двоумиме можеби каде понатаму во животот или тогаш кога навистина бараме излез од
безизлезна ситуација.

„Хамлет“ е драма на човековиот морал, семејна приказна која ја живее секој од нас.
Склон кон длабокото размислување – „да се биде или не“ е неговата недоумица која ќе го
направи смел и достоен принц на неговата земја. Пред сè дилемата што никој досега не ја
разрешил е јасно определена цел за Хамлет, да се продолжи животот така како што
вообичаено почитува мнозинството во општеството, без да се бори за своите права и без
да се разоткрива намерната намера на поединци или остро да се спротивстави на
неправдите и да се реши дилемата зачувувајќи го достоинството и своето но и на својата
земја.

You might also like