Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Човечкото срце може да биде најсветлото но и најтемното место кое постои.

Кога го претставува најтемното тогаш е навистина застрашувачко, зашто сите


нечовечни активности се закопани длабоко во него. Омразата и одмаздата
во човечкото срце може да предизвика повеќе последици отколку ураган,
повеќе смртни случаи отколку пожар.
Секој ден наидуваме на многу луѓе, но не знаеме ништо за нив. Нивниот
добар изглед, убавото лице и скромната облека не ни укажуваат ништо за
нивното срце. Слободно може да се каже дека секоја личност што ќе ја
сретнеме не поседува добро срце. Понекогаш немаат воопшто срце. Тоа е
само ладен камен што седи таму без навестување на чувство или емпатија.
Нивните емоции се суви како најсувиот песок на Сахара. Човекот без срце не
го разбира значењето на вистинска љубов и пријателство. Без срце, нема
топлина во неговите однесувања, ниту емпатија во неговите очи. За него,
односите се само трансакции, без душевна врска. Нечиј живот може да оди
кон уништување и неуспеси и тој нема да може да почувствува ништо за нив.
Некој може да умира, повторно нема да почувствува ништо. Повеќето од
личностите не избираат дали сакаат да бидат добар човек; тие се само
родени со горчлив студ во срцето.Луѓето се добри во криењето нивните
ладни срца зад затворени врати. Некои од работите што ги прават за
задоволство се толку вознемирувачки што нашите срца и ум не можат да
сфатат колку некој може да биде суров!
Од друга страна, во светот постојат и луѓе кој секојдневно ја одбираат
посветлата страна. Тие се фокусираат на позитивните аспекти на животот,
пронаоѓајќи ја среќата во малите и големите радости. Овој пристап може да
ја подобри нивната ментална состојба, но и целиот свет воопшто

You might also like