Предлог одлука за транспарентност при носење ДУП -

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Врз основа на член член 62, од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на

Република Македонија“ бр.5/2002), член 153 и 154 од Деловникот на Советот на општина


Карпош ( Службен гласник на Општина Карпош 22.03.2006 год.) поднесуваме писмено

ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА

За поголема транспаретност и вклучување на јавност во процесот на носење на Детални


урбанистички планови во Општина Карпош

Член 1

Со оваа одлука се задолжува Општина Карпош известувањата за почеток на Јазна


анкета и Јавна презентација за Предлог или Нацрт Детален урбанистички план покрај
задолжителните известувања на огласната табла на веб страната на Општина Карпош, да бидат
објавени како посебни вести во делот – Последни вести

Член 2

Се задолжува општина Карпош извештаиите од одржаните Јавни анкети по Предлог


или Нацрт Детални урбанистички планови, да ги објавува на својата веб страна. Лични
податоци како ЕМБГ, бр.лична карта во извештајот треба да бидат прикриени, доколку ги има.

Член 3

За време на Јавната презентација на Предлог или Нацрт Детален урбанистички план


инвестиран од приватен инвеститор, планерската куќа која го изработува Деталниот
урбанистички план да има и 3Д презентација на промени вклучени во ДУПот.

Член 4

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесување, а ќе се објави во „Службен


гласник на Општина Карпош“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Целта на оваа одлука е да се овозможи поголема транспарентност и вклучување на


јавноста во носење на Детални Урбанистички планови. Сметаме дека со објавување како
ударна вест во делот – последни вести, покрај објавените информации на огласната табла на
веб страната ќе може информацијата да биде забележана од повеќе посетители со што ќе се
овозможи поголема вклученост на заинтересираните и засегнатите граѓани во Јавните анкети и
Јавните презентации. Презентирањето во 3Д форма на промените е исто така со цел појасно и
полесно на перцепирање на промените и како тие ќе влијаат во околниот простор, дали има
доволна одалеченост, осенчаност, каде се тие промени, како се вклопени во околниот простор
и слично. Извештајите од одржаните Јавни анкети и Јавни Презентации ја даваат сликата околу
заинтересираноста на граѓаните, нивното учество, бројност и забелешките на Предлог или
Нацрт ДУП,сите овие информации помагаат да се донесат вистинските одлуки при носње на
еден Детален урбанистички план

Подносител

Невена Георгиевска

Татјана Стојановска

You might also like