Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

1. Како се вика процесот на создавање бактерија од спора?

Герминација
2. Кога настанува процес на гермниација? Кога спората ќе дојде во
поволни услови за живот
3. Кога настанува спорулација? Кога има неповолни услови за живот на
бактеријата
4. Зошто се употребуваат спорите? За билошка контрола на
стерилизаторите
5. За што се користат спорите на bacillus subtilis? За контрола на суви
стерилизатори
6. Кои се долги, а кои кратки израстоци? Флагелите се долги, фимбриите
се кратки
7. За што служат флагелите? За движење
8. Дали сите бактерии имаат флагели? Не
9. Од кој протеин се изградени? Флагеларин
10.Кој антиген се наоѓа во флагелите? Х-антиген
11.Каде главно се среќаваат флагелите? Кај стапчестите бактерии
12.Како може да бидат распоредени? Монополарно монотријално,
монополарно политрихијално(лофотрихијално), биполарно
политрохијално, перитрихијално
13.Како се движи бактеријата? Со помош на флагели, во сите насоки
14.Каде ги има аксијалните филаменти? Кај спиралните бактерии
15.Како може да се движат спиралните бактерии? Скоковито,сврдлесто
или змејовито
16.Кој има голема улога во исхраната на бактериите? Цитоплазматската
мембрана
17.Како се делат бактериите според изворот на енергија? Фототрофни
(сончева), хемотрфони(хемиски соединенија), паратрофни (мртви
органски материи), сапрофити (неоргански материи), паразити
18.За што се користи енергијата? Во процест на исхрана
19.Кој врши контрола на метаболизмот? Ензимите
20.Особини на бактериски ензим! Составен е од апоензим и коензим кои
заедно го формираат холоензимот. Апоензимот е граден од протеин,
одговорен за специфично врзување на ензимот, а коензимот е
одговорен за спицифичноста на дејството на ензимот. Ензимите може
да бидат егзоензими или ендоензими, конститутивни или индуцибилни.
21.Како се делат ензимите според местото каде се создаваат? Егзоензими
и ендоензими
22.Како се создаваат конститутивните и индуцибилните ензими?
Конститутивните ензими бактеријата може да ги излачи во било коре
време, а индуцибилните се лачат само во присуство на посебен
супстрат.
23.Фактори кои влијаат на ензимска активност?
24.Што е микробиостаза? Неактивна состојба на микробна клетка
25.Зошто цитоплазматската мембрана е најважна во процесот на исхрана?
Поради своето својство на семипермеабилност со кои врши селекција
на хранливите материи.
26.Каков може да биде транспортот на материи? Пасивен и активен
27.Кој го катализира активниот транспорт? Пермеаза системот
28.Кој е основен начин на размножување? Бинарна фисија или проста
делба
29.Од што зависи, кога, како и колку? По зголемување на бактериската
клетка се формира кружен септум кој ја дели цитоплазмата, јадрениот
еквивалент, плазмидите, епизомите и рибозомите на два еднакви дела
по што бактериската клета се дели на две еднакви половини.
30.Освен проста делба, кои други форми на размножување постојат?
Формирање на Л-облици, парасексуално размножување(коњугација)
31.Кои фактори влијаат? Хранливи материи, јаглероден диоксид, вода,
температура, Ph, површинска напнатост, присуство на инхиборни
супстанци
32.Како се делат бактериите според минимална, оптимална и максимална
температура? Психрофилни, мезофилни и термофилни
33.Во која форма микроорганизмите можат да останат во неповолни
услови? Спора
34.Што значи поимот убиквитарно? Распространето (се наоѓа насекаде)
35.Што е нормална микрофлора? Популација на микроорганизми во
организмот на здрав човек
36.Која е нејзината улога? Одржување на нормални функции и зачувување
на здравјето на човекот?
37.Што се зоонози, а што антропозоонози? Зоонози се бактерии кои ги
има само кај животните, а антропозоонози кај човекот и животните
38.Како навлегуваат микроорганизмите во човечкото тело? Преку
слузница и природните отвори.
39.Видови хоризонтална трансмисија!
40.Кои бактерии доминираат во дигестивниот тракт? Стрептококи,
лактобцили и бифидобактерии (кај бебиња)

You might also like