Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 8

Одредување на параметри на BJT транзистори

С. Ѓоргиевска

1 Определување параметри на коло со транзистор со заземjена база


1.1 Цел на вежбата
Определување на коефициенти на засилување и надворешни и внатрешни работни отпори каj
транзистори со заедничка база.

1.2 Теориски основи


Споjот на BJT со заземjена база се користи за напонско зголемување.

Слика1. NPN (лево) и PNP (десно) транзистори со заземjена база


Напонското засилување се определува преку релациjата:
vin
A=
vout
додека струjното засилување преку:
Iout Ic
α= = (1)
Iin Ie
Влезни карактеристики
Влезните карактеристики на колото се емитерскиот напон и емитерската струjа. Од графичката
зависност на струjата од напонот, може да се пресмета влезниот отпор во емитерското коло. По
одредена вредност за напонот, струjата расте линеарно. Отпорот може да се пресмета како
реципрочна вредност на коефициентот на правец на волтамперската карактеристика.
Излезни и преодни карактеристики
Излезните карактеристики на колото се колекторскиот напон и колекторската струjа.Преодна
карактеристика е зависноста на колекторската струjа од емитерската струjа.

1
1 Определување параметри на коло со транзистор со заземjена база 2

1.3 Резултати од мерења на влезни карактеристики

Слика1. Влезна волт-амперска карактеристика на коло со заземjена база

Од графичката зависност на транзисторот со заземjена база се читаат приближнните вредности


за Ie и Vb .1

Ub (V) I1 (mA) I2 (mA) I3 (mA)


0.1 0 0 0
0.2 0 0 0
0.4 0 0 0
0.5 0 0 0
0.6 0.5 0 0
0.65 1.5 0.5 0
0.7 3.5 2 1
0.75 5 3.5 2.5
0.8 7 5.5 4

Коефициентот на права на секоjа од карактеристиките е всушност реципрочната вредност на


отпорот коj е поврзан во колекторското (излезното) коло.
1 Во табелата, вредностите на I1 ,I2 и I3 одговараат на колекторски напон од 20,10,1 V,соодветно
1 Определување параметри на коло со транзистор со заземjена база 3

Од графикот, jасно се гледа дека работниот отпор е бесконечен


1 ∆Ub
=
R ∆Ic,i

1 ∆Ub
=
R ∆Ic,i
За Uc = 1V ,
R1 = 37Ω
За Uc = 10V ,
R2 = 35Ω
За Uc = 20V ,
R3 = 30Ω

1.4 Резултати од мерења на излезни карактеристики

Слика1. Излезна волт-амперска карактеристика на коло со заземjена база

Од графичката зависност на транзисторот со заземjена база се читаат приближнните вредности


за Ie и Vb .2

Uc I1 (mA) I2 (mA) I3 (mA)


0 0 0 0
5 1 5 7
10 1 5 7
15 1 5 7
20 1 5 7
1 Во табелата, вредностите на I1 ,I2 и I3 одговараат на емитерски струи од 1, 5 и 7 mA ,соодветно
1 Определување параметри на коло со транзистор со заземjена база 4

Коефициентот на права на секоjа од карактеристиките е всушност реципрочната вредност на


отпорот коj е поврзан во колекторското (излезното) коло.
Од графикот, jасно се гледа дека за напони поголеми од одредена вредност (при кои што
настанува заситување), отпорот е бесконечно голем.

Преодни карактеристики при Uc = 10V


Коефициентот на емитерско засилување е коефициентот на правата Ic = Ic (Ie ):

∆Ic
α=
∆Ie
α=1
2 Определување параметри на коло со транзистор со заземjен емитер 5

2 Определување параметри на коло со транзистор со заземjен емитер


2.1 Цел на вежбата
Определување на коефициентите на засилување каj PNP И NPN транзистори со заеднички
емитер преку податоци добиени од графички приказ на волт-амперските влезни и излезни
карактеристики.

2.2 Теориски основи


Споjот со заземjен емитер е наjмногу употребуван поради тоа што каj него се jавува и напонско,
и струjно засилување.

Слика1. NPN (лево) и PNP (десно) транзистори со заземjен емитер


Влезниот круг во коло со заеднички емитер го формираат Vbe , базата и емитерот, а струjата коjа
течи низ колото е Ib .Базниот круг се поврзува во пропусна насока. Излезниот круг го формираат
Vce , базата и емитерот, а струjата коjа течи низ колото е Ic . Колекторскиот круг се поврзува во
непропусна насока (инверзен биас). За овоj вид на транзистори важи релациjата:

Ib + Ic = Ie

Влезните волтамперски карактеристики за транзистор со заеднички емитер, се добиваат со


држење на излезниот напон (Vc ) константен, и мерење на струjата коjа тече низ влезниот круг
при промена на влезниот напон Vb . Постапката се повторува за различни константни вредности
на излезниот напон.
Излезните волтамперски карактеристики се добиваат обратно, односно со менување на излезниот
напон додека влезниот се држи константен. Овие податоци, прикажани на график ги даваат
карактеристичните криви на транзистор во споj со заеднички емитер.
2 Определување параметри на коло со транзистор со заземjен емитер 6

2.3 Резултати од мерења на влезни карактеристики

Ub I1 (µA) I2 (mA) I3 (mA)


0.6 0 0 0
0.7 15 20 25
0.8 35 50 80
2 Определување параметри на коло со транзистор со заземjен емитер 7

2.4 Резултати од мерења на излезни карактеристики

Коефициентот на емитерско засилување е коефициентот на правата Ic = Ic (Ib ):

∆Ic
β=
∆Ib
β = 68.4
3 Врска помеѓу α и β 8

3 Врска помеѓу α и β
Од дефинициите за α и β,
Ic
α=
Ie
Ic
β=
Ib
и од врската на колекторска,емитерска и базна струjа:

Ic = Ib + Ie

изразите за α и β може да се преуредат за да се добие врската меѓу двата коефициенти:


Ic 1
α= =
Ic − Ib 1−β
Од погоре добиените вредности за α и β, добиваме дека врската во овоj случаj не важи, бидеjќи се
работи за два различни транзистори. Доколку во симулациите би се користеле исти транзистори,
горната релациjа би била исполнета.

You might also like