7odd MKD Od 30mart Do 03 April

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 7 ОДД.

Понеделник 30.03.2020 год.


Наставна содржина: Видови прирок

Одговори на следните прашања во тетратките за школска работа:


1. Кој е основен услов за создавање на реченица?
2. Од следните глаголи образувај реченици: јаде, жнее, стои, сака;
3. Кој реченичен член се нарекува прирок и каков може да биде прирокот?

Прирокот може да биде:

1. Прост глаголски прирок


Прирокот што е образуван само од глагол во лична глаголска форма се нарекува прост
глаголски прирок.
пр. Маја чита книга. Таа пее прекрасна песна.

2. Прост глаголско - именски:


Прирокот што се образува од формите на помошниот глагол сум во сегашно време и
некој друг вид збор (именка, придавка, заменка, број) или глагол со непотполно значење.
пр. Маја е добра ученичка. - е - форма од помошниот глагол сум.
Маја стана професор. - стана - глагол со непотполно значење.

3. Сложен глаголски прирок


Прирокот што се образува оддва глагола од кои едниот е глагол со непотполно значење
и да - конструкција се нарекува сложен глаголски прирок.
пр. Маја сака да учи. Тој може да учи.

4. Сложен глаголско – именски прирок:


Прирокот што се образува од глагол со непотполни значење , да констукција и некој
друг вид именски збор се нарекува сложен глаголско – именски прирок.
пр. Тој сака да биде одличен ученик. Тој сака да стане професор.

Забелешка: глаголската придавка (читан роман), глаголскиот прилог (читајќи),


глаголската именка (читање) се нелични глаголски форми и тие не се јавуваат во
функција на прирок.

На страна 114 од учебникот дополни ги речениците со лични глаголски форми.


Образувај по една реченица од сите видови реченици.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 7 ОДД.


Вторник: 31.03.2020 год.
Наставна содржина: Народна проза - Мит

Одговори на следните прашања во тетратките за школска работа:


1. Според содржината во кој вид ја вброивме лектирата „Перуновата стрела“?
2. За што се раскажува?
3. Какви се ликовите во овој текст?
Да се потсетиме :
Луѓето во минатото во својата фантазија измислувале натприродни сили за да си ги објаснат
натприродните појави.Така почнале да се создаваат приказни за: богови, самовили, змејови,
необични ликови и др. Така настанале митовите.

Приказни исполнети со фантазија и натприродни сили се нарекуваат митови.

Во грчката митологија имало таканаречени титани (полубогови), еден од нив бил Прометеј,
потсети се од историја кои се другите.

Прочитајте го извадокот „Митот за Прометеј“ од учебникот на страна 53 и 54 и одговори на


прашањата „Разговор за текстот“.

Домашна задача: Од книгата „Митови и легенди“ прочитајте митови или побарајте на


интернет.

На следната адреса ќе најдете видео предавање преку кое ќе ги проширите знаењата од


народна проза, мит и митологија: https://youtu.be/PkdK_gIrXRM.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 7 ОДД.


Среда: 01.04.2020 год.
Наставна содржина: Легенди и преданија

Одговори на следните прашања:


1. Кои се познати митологии и која е најстара?
2. Што е мит?
3. Какви настани се раскажани во митовите?

Во учебникот на стр. 55 прочитајте ги текстовите, правејќи споредба, согледајте ги


разликите меѓу нив (во однос на ликовите, темата, содржината).

Одговори на прашањата:
1. Што пронашол дедо Нојо според народното толкување?
2. Кои се фантастичните елементи во текстот за дедо Нојо?
3. Што е тема во ово текст?

Според темата првиот текст е легенда.


Легенда е творба во која на фантастичен начин се раскажува за појави од животот и од
природата (создавањето на светот, ѕвездите, сонцето, човекот и др), може и за натприродни
суштества (самовили, ѓаволи, вештици и др).
Има легенди кои раскажуваат и за историски личности чиј лик се преточува во легенда како
што се легендите за Крали Марко, Александар Велики и Кирил и Методиј.

Вториот текст е предание.


Предание е творба во која се раскажува за настани и личности од историјата кои можат
са бидат вистинити како и за измислени настани и личности, но и за постанокот на
некои места или објекти (село, град, река, езеро и др.).
- Определи што е тема и идеја во овој текст.
Забелешка: Понекогаш е многу тешко да се определи текстот дали е легенда или
предание затоа што се испреплетуваат елементи на предание и на легенда.

Домашна задача: Да прераскажете предание или легенда и да определите тема и идеја.

На следната адреса ќе најдете видео предавање преку кое ќе ги проширите знаењата од


народна проза, легенди и преданија: https://youtu.be/VietcNQkAB4.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 7 ОДД.


Четврток и петок: 02 и 03.04.2020 год. (забелешка: 7-5 одд. деновите во кои имаат македонски
јазик)
Наставна содржина: Легенди и преданија (прераскажување)

Во учебникот на стр. 56 и 57 да се прочитаат текстовите „Предание за Александар Велики“


и „Легенда за Преспанското Езеро“ и направете содржинска анализа според барањата:
- Според елементите, на кој вид текст му припаѓа?
- Определи ја темата и идејата;
- Пронајди учени стилски фигури;

Прашајте повозрасен член од семејството кој ќе ви прераскаже ваков вид творба, а вие
запишете ја во тетратките.

You might also like