Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Животински вируси

Вирусите се важни патогени агенси кај домашните животни. Болестите како


шап и лигавка и син јазик се предизвикани од вируси. Домашните животни како
мачките, кучињата, коњите и други, доколку не се вакцинираат постои опасност
да се заразат со тешки вирусни инфекции. Кучешкиот парвовирус, кој е мал
ДНК вирус, е инфективен и често фатален за млади кученца.] Беснилото е
тешка заразна болест од која може да заболи кој било цицач, вклучувајќи го и
човекот. Од него, сепак, најчесто заболуваат кучињата, волците, мачките и
лисиците. Предизвикувачот е РНК вирус, од групата на рабдовируси, кој се
наоѓа во плунката на заразените животни, и се пренесува со каснување.
И без‫׳‬рбетниците можат да бидат инфицирани од вируси, на пр., пчелите
подлегнуваат на разни вирусни инфекции. Многу вируси, сепак, коегзистираат
со домаќинот без да предизвикаат болест.
БЕСНИЛО

Беснилото претставува најтешко акутно инфективно заболување кое секогаш


завршува со смрт. Извор на инфекција се заболени животни, а се пренесува
преку плунка со директно каснување или при повредувања. Се размножува во
нервните клетки, предизвикувајќи нивна дегенерација и некроза. Причинител
на заболувањето е rabies virus. Истиот содржи RNK, и е широк 75 mµ, а долг
околу 180mµ, но можат да се сретнат и поголеми. Имаат форма на куршум.
Болеста ја предизвикува вирусот на беснило, кој има афинитет за нервно
ткиво.Toj е отпорен на ниски температури, а неотпорен на висока
температура. Вирусот кој е добиен од животните е наречен уличен вирус кој
предизвикува спонтано заболување кај животните со неодредена инкубација,
од неколку недели до една годинаВирусот на беснило кај заболени луѓе или
животни се наоѓа во периферниот нервен систем ( ПНС ), централниот нервен
систем ( ЦНС ), црниот дроб, слезинката, и друго. Кај заболени животни
вирусот се наоѓа во плунката и пред појавата на првите клинички симптоми.
Лигавка и шап

Е вирусна, многу заразна болест кај папкарите, која лесно се пренесува при
посреден контакт со заразените животни, а непосредно преку заразените
животински производи (месо, термички не обработено млеко, крв, сперма,
кожа, мокрача и др.Се пренесува и преку храната за животни и воздухот.Луѓето
исто така можат да го пренесат вирусот од еден на друг објект преку рацете,
нозе, облека, превозни средства и слично.Освен папкарите заболуваат и други
животни како и човекот а посебно децата.Болеста се препознава преку
лигавење, појава на карактеристични меури во устата, јазикот, непцата,
носните шуплини, меѓу папците и боските.Меурите пукаат и се ствараат рани
кои можат секундарно да се инфицираат.При приметување на појавата на
лигавката и шапот треба хитно да се извести најблиската ветеринарна станица.

Класична чума кај свињите

Свинската чума е заразна болест од која во природни услови освен свињите не


заболуваат ниту друг вид на добиток, ниту пак луѓето.Болеста ја предизвикува
вирус. Настапува мошне брзо, во одредени случаи може да дојде дури и до
недадејно угинување на животните, без претходни симптоми на болеста.
Смртноста е голема и се движи од 70 до 80%.Вирусот од болниот организам се
излачува преку исцедокот од носот и очите, урината и изметот. Заразата се
пренесува директно при контакт на здраво со болно животно, или идиректно,
преку заразени предмети и опрема, инструменти, превозни средства и
друго.Отпорноста на вирусот во надворешната средина е многу мала, така да
во урината и изметот се уништува за 1 до 4 дена.Колењето на болните животни
претставува голема опасност за брзо проширување на заразата, поради што се
преземаат мерки за сузбивање и искоренување на болеста.

Син Јазик

Синиот јазик е заразна болест кај домашните и дивите преживари што го


предизвикува вирус.
Појавата и ширењето на болеста е тесно поврзана со инсектите кои со
цицањето на крвта го пренесуваат предизвикувачот на болеста.Од убодот на
инсектот до појавата на симптомите поминуваат од 4 до 12 дена после што
животните се невесели, губат апетит, имаат оток на муцката, се појавува
исцедок од носот и слично.Некои од овците устата ја држат полу отворена
поради отокот на јазикот.Можи да се јават и побацувања, имаат проблеми со
рамнотежата, се јавува кривотница, слабо се движат и имаат забрзано
дишење.Кај говедата и козите се појавуваат истите видливи клинички знаци.

You might also like