Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ЛАЈШМАНИЈА

Лајшманија (Leishmania) е едноклеточен паразит, предизвикувач на


паразитското заболување лајшманиоза.Природна средина
(т.н. резервоари) на паразитот се: луѓето, кучињата (домашни и
скитници) и глодарите. Кај кучињата карактеристично е паѓањето на
влакната, посебно околу очите и воспалителни промени
на слузокожата на очите.Постојат повеќе од 30 видови лајшманија,
кои по влегувањето во организмот ги
напаѓаат макрофагите (клетките на одбранбениот систем) и се
размножуваат во нив. Ако не се лекува, лајшманиозата станува
сериозно заболување кое може да има и смртни последици.

Пренесувањето на паразитот го врши заразена женка на мушичката Phlebotomus papatasi,


која живее во топлиот климатски појас. Во умерениот климатски појас активни се во текот
на долгите, суви и топли лета.
Овие инсекти меѓу народот се познати како невиди. Слични се на комарците, т.н.
влакнести или песочни мушички, долги се околу 2-2,5 мм, и тешко се воочливи затоа што
се ситни и не создаваат звук додека летаат. Активни се во летниот период,
на изгрејсонце и зајдисонце, а преку ден се повлекуваат и не напаѓаат, ако не се
вознемирувани. Живеат во рушевини, ѓубришта и камени меѓи. За разлика од комарците,
полупречникот на движење на невидите е мал (околу 100 м) и најчесто е околу леглото.
Убодот им е болен.
Инсектите се инфицираат со цицање крв од заразени луѓе или животни. За човекот
стануваат заразни по 7-21 ден. При убодот, флеботомусот ги исфрла паразитите
во кожата.
Многу ретки се случаите паразитот да се пренесува од човек на човек, а најчесто е
со трансфузија, употреба на веќе заразен шприц, со сексуален однос или пренос од
бремена мајка на плодот.
Лајшманиоза e паразитско заболување што го
предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од
родот лајшманија. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем
на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно
заболување и да доведе до смртни последици.
Лајшманиозата се јавува во три облици:

 Кутана (кожна)
 Мукокутана (кожно-слузничава)
 Кала-азар (“црна смрт“, со зафаќање на органите)
Годишно во светот заболуваат околу 1,5 милион лица од кожниот облик на лајшманиоза и
околу половина милион од Кала-азар.
Времето што поминува од инфекцијата (каснувањето на заразен Flebotomus) до појавата
на првите симптоми на болеста (времето на инкубација) изнесува:од 7 дена до неколку
месеци за Кутана (кожната лајшманиоза) и од 10 дена до неколку години за Кала-азар
Заболениот човек, пак, претставува извор на зараза за Flebotomus-от од неколку месеци
до две години.
По болниот убод на мушичката, на кожата се создава црвена раничка, која најчесто е
безболна и во наредните денови се шири. Понекогаш раничката
добива улцерозен карактер (од една или две ранички се создава рана која личи на вулкан -
со издигнати краеви и централен кратер). Во тој регион лимфните јазли можат да бидат
зголемени.
До излекување доаѓа спонтано или по спроведена терапија. Нелекуваните промени може
да траат со месеци, па и години. Подобро е промените на кожата да се лекуваат, отколку
да се остават сами да зараснат, бидејќи можат да остават грди лузни. Истот така, постои
опасност паразитот да остане скриен во организмот и по повлекувањето на промените
на кожата, и да дојде до рецидиви (враќање на болеста во случај на ослабнување на
имунитетот).

Распространетоста на лајшманиозата е условено од присуството на мушичката Flebotomus


на одредена територија.
Болеста е распространета во региони каде има долги периоди на суво и топло време,
односно во умерениот, тропскиот и суптропскиот климатски појас.
Запрашувањето на комарците со средства за дезинфекција, со цел да се
искорени маларијата, придонело и за намалување на бројот на Flebotomus-от и
заболените од лајшманиоза.
Болеста е регистрирана во 88 земји во светот, каде живеат околу 350 милиони луѓе:

 Централна и Јужна Америка


 Јужна Европа (Медитеран)
 Јужна Азија (изземајќи го југоисточниот дел)
 Источниот и северниот дел на Африка
Потешка форма на болеста, со зафаќање на внатрешните органи е регистрирана
во Азија (Индија, Бангладеш, Непал), Африка (Судан) и Јужна Америка (Бразил).

Мила Андоноска II2 клас

You might also like