Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ – првите македонски автори, печателе


книги на народен македонски јазик кои биле наменети да ја пренесуваат
христијанската религија.

Нивните книги имале религиозен (црковен) карактер и содржеле упатства за


народот од областа на религијата.

Јоаким Крчовски бил првиот Македонец ој пишувал и печател книги на


народен јазик (вкупно пет книги) и ги употребувал североисточните
македонски говори, но внесувал и особености од западномакедонските
говори.

Кирил Пејчиновиќ – меѓу првите учители и просветители во Македонија.


Своите две книги „Огледало“ и „Утешение грешним“, ги пишувал на
народен говор, поточно на тетовски говор.

Почетоците во собирањето на македонските народни умотворби се поврзани


со браќата Миладиновци, Димитар и Константин.

Тие, покрај својата учителска дејност, составиле голем зборник со


македонски народни песни кој го објавиле во Загреб, 1861 г.

Во почетокот на втората половина на 19 век, се формирале две гледишта во


врска со оформувањето на македонскиот стандарден (литературен) јазик:

1. Оформување на литературен јазик врз основа на


западномакедонските говори.
2. Оформување на литературен јазик врз поширока дијалектна основа.

Ѓорѓи Пулевски, покрај учебникарската дејност, пишувал реченици,


граматика, бил учител, а напишал и своја песнарка на чист македонски
јазик.
Партениј Зографски бил роден во 1818 година во с. Галичник како Павле
Тризлоски. Тој е првиот преведувач меѓу јужните Словени кој го превел
„Житието на св. Климент“ на народен јазик.

ФОНЕТИКА

(дел од науката за јазикот што ги проучува гласовите)


Кога два или повеќе збора се изговараат под заеднички акцент претставуваат
акцентски целости.

Правило е во акцентската целост еден збор да е носител на акцентот, а тој


паѓа на третиот слог од крајот на зборот.

МОРФОЛОГИЈА

(дел од науката за јазикот што ги проучува формите на зборовите)


Глаголските форми кои имаат промени по лица се викаат лични глаголски
форми; глаголските форми кои не разликуваат лице се нелични, а
глаголските форми кои имаат форми само за трето лице еднина, без
вистински да го означат лицето (подметот) се викаат безлични глаголски
форми.

БЕЗЛИЧНИ ГЛАГОЛИ

Глаголите кои покажуваат дејства што не се поврзуваат со вршител на


дејство (лицето) т.е. подметот се нарекуваат безлични глаголи.

Безличните глаголи се јавуваат само во форма на трето лице еднина.

Се означуваат:

Природни појави

Душевни состојби

При изразувањето душевни состојби, безличните глаголи се во состав со


кратки заменски форми.
НЕЛИЧНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ

Глаголски форми кои немаат промена по лица се нарекуваат нелични


глаголски форми

Такви се:

1. Глаголска л-форма
2. Глаголскиот прилог
3. Глаголската именка
4. Глаголската придавка

ГЛАГОЛСКА Л-ФОРМА, ГЛАГОЛСКИ ПРИЛОТ, ГЛАГОЛСКА ИМЕНКА И


ГЛАГОЛСКА ПРИДАВКА

Глаголска л-форма

Завршетоците на глаголите се: -л, -ла, -ло, -ле. Оттаму оваа форма на
глаголите се нарекува глаголска л-форма.

Ги има граматичките категории род и број.

Се образува од двата вида глаголи, свршени и несвршени.

Глаголски прилог

Неменлива глаголска форма.

Се образува од несвршени глаголи, со наставката –јќи.

Оди паралелно со глагол во лична глаголска форма и секогаш имаат ист


вршител (подмет)

Глаголска именка

Глаголските именки именуваат глаголски дејства.

Се образуваат од несвршени глаголи, со наставката –ње.


Во среден род, имаат еднина и множина и се членуваат.

Поретко глаголската именка се образува и со наставката –ние.

Глаголска придавка

Таа се образува од глаголи и претставува преодна форма меѓу глагол и


придавка.

Во промените се однесува како придавка: има форми за трите рода, за


двата броја и се членува.

ПРОСТИ И СЛОЖЕНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ


Простите глаголски форми се составени само од еден глаголски збор.

Сложените глаголски форми се составени од честичка (ќе, би) или помошен


глагол (сум, бев, имам) и проста глаголска форма.

Прости глаголски форми во македонскиот јазик се:

1. Неличните глаголски форми: глаголската л-форма, глаголската


придавка, глаголската именка и глаголскиот прилог.
2. Сегашното време, минато определено свршено и минато определено
несвршено време.
3. Заповеден начин.

СЕГАШНО ВРЕМЕ
Сегашното време означува дејство кое се совпаѓа во времето на
зборувањето (во сегашноста). Се образува од несвршени глаголи.

Наставки во а-група:

1л. –м 1л. –ме

2л. –ш 2л. -те

3л. - / 3л. –ат


Наставки во и-група:

1л. –м 1л. ме

2л. –ш 2л. –те

3л. - / 3л. –ат

Наставки во е-група:

1л. –м 1л. –ме

2л. –ш 2л. –те

3л. - / 3л. –ат

ЗАПОВЕДЕН НАЧИН
(Императив)

Директна заповед се искажува само за второ лице (еднина и множина)

Индиректна заповед за другите лица се искажува со честичките да и нека


и формите на сегашно време.

ПРИЛОЗИ
Прилозите се полнозначни зборови кои најчесто одат со глаголите и го
објаснуваат глаголското дејство според: време, место, начин, количество
и др.

Според значењето прилозите се делат на:

А. Прилози за време

Б. Прилози за место

В. Прилози за начин

Г. Прилози за количество
Иако прилозите спаѓаат во групата неменливи зборови, некои од нив
можат да се степенуваат, а некои и да се членуваат.

ЛИРСКИ ПЕСНИ
(социјални песни)

Во социјалните песни поетите ги искажуваат своите мисли и чувства за


неправдите кои ги доживуваат угнетените и експлоатираните работници.

РАБОТНИК – Коле Неделковски

ДЕНОВИ – Кочо Рацин

ЛИРСКО – ЕПСКИ ТВОРБИ

ЕЛЕГИЈА
Лирска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија се вика
елегија.

ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ – Кочо Рацин

БАЛАДА
Балада е лирско-епска песна со епски и лирски елементи која со многу
чувства опева некој настан кој често завршува трагично.

БАЛАДА ЗА ПРАДЕДОВСКАТА ПУШКА – Славко Јаневски

ЗАЉУБИЛЕ СЕ ДВЕ ЛУДИ МЛАДИ – Народна песна

БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ – Кочо Рацин

РОМАНСА
Лирско-епска песна, често хумористична, со ненадејни пресврти во дејството
и со неочекувани решенија, се вика романса. Во неа доминира темата за
љубовта која по низа перипетии се остварува.
ПИТАЛ ЈА СТОЈАН БОЈАНА – Народна песна

ЈАНКА ВЛАХИНКА – Народна песна

СТИЛСКИ ФИГУРИ

РЕФРЕН
Повторувањето на еден или повеќе стихови во една песна се вика рефрен. Со
рефренот се засилува емоционалноста на лирската песна и придонесува да
се поттикне музикалноста, односно ритамот во неа.

СМЕШЕН НАСТАН НА УЛИЦАТА – Србо Ивановски

ВЕТАР – Роберт Луис Стивенсон

АЈДЕ МИЛКЕ ДА БЕГАМЕ – Народна песна

МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ – Народна песна

АПОСТРОФА
Обраќањето на поетот кон неживи нешта, кон предмети и личности, или кон
апстрактни поими како кон живи сушстества, се вика апострофа.

You might also like