Меѓународните Односи По Втората Светска Војна

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Меѓународните односи по Втората светска војна

1. Париската мировна конференција


- во периодот од 29 јули до 15 октомври во Париз се одржала мировна
конференција на која учествувале земјите од антифашистичката коалиција и
земјите сојузнички на фашистичка Германија од Европа,
- целта била склучување на мир, но уште на почетокот имало големи
спротивности и недоразбирања,
- на оваа Конференција учествувала и Југославија, а Бугарија ги признала
правата на македонците во Пиринска Македонија,
- на Македонија не и било дозволено да одлучува во донесувањето на
решенијата на оваа Конференција.
2. Кинеската револуција
- во Кина избила граѓанска војна од 1946 до 1949 година , позната како
Кинеска револуција во која се бореле богатата кинеска буржоазија – на чело
со Чанг Кај Шек и сиромашното население предводено од Мао Це Тунг,
- победа извојувал Мао Це Тунг, а во Пекинг се одржало Народно Собрание
каде била прогласена новата држава Народна Република Кина, за чиј
претседател бил Мао Це Тунг.
3. Студената војна и односот меѓу големите сили
- спротивностите помеѓу големите земји се појавиле веднаш по Втората
светска војна,
- западните земји не биле задоволни од промените што биле извршени во
источноевропските социјалистички држави,а пак источноевропските земји не
се откажале од комунистичкото уредување – тамошните партии формирале
Информационо биро за заедничко договарање и соработка,
- оваа студена војна не била со оружје, туку со закани и притисоци.
4. Создавање на блокови
- како резултат од спротивностите меѓу големите сили, се создале
Северноатланскиот пакт (НАТО) во април 1949 година во чиј состав
влегувале западноевропските земји предводени од САД, и Варшавскиот пакт
во 1955 година во чиј состав влегувале земјите од Источна Европа предводени
од СССР.

You might also like