Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

6 Пренос на информации во основниот појас

6.1 Вовед

Независно од тоа низ каков медиум се простира, воден (guided) или неводен
(unguided), сигналот слабее и се изобличува со зголемување на растојанието од
предавателот. И едното и другото зависи од карактеристиките на сигналот и
карактеристиките на медиумот. За да имаме што поквалитетен пренос, потребен е процес
со кој се врши адаптирање на сигналот на карактеристиките на медиумот. Во случајот на
воден медиум, сигналот може да биде основно-појасен (baseband) или пропусно-појасен
(passband), додека во случајот на неводен медиум, сигналот е редовно пропусно-појасен ,а
во најголем број случаи и - тесно-појасен. И аналогните и дигиталните сигнали можат
да бидат основно-појасни или пропусно-појасни. Нас овде ќе не интересираат само
дигиталните сигнали.

Слика 6.0 Канали и сигнали

Ниско-пропусен канал Појасно-пропуен канал

Пропусно-појасен сигнал канал


Основно-појасен сигнал

Oсновно-појасните дигитални сигнали фактички претставуваат секвенци од дискретни (во


вредноста) бранови форми со две или повеќе нива, а во согласност со информацијата што
ја претставуваат. Пропусно-појасните дигитални сигнали претставуваат секвенци од
синусоидални пакети со различни амплитуди, фази или фреквенции, а во согласност со
дигиталната информација што ја претставуваат. Како што веќе споменавме, спектарот на
основно-појасните сигнали е лоциран при ниски фреквенции, почнувајќи од фреквенција
нула. Спектарот на пропусно-појасните сигнали е лоциран во рамките на соодветен
фреквенциски појас.
Конверзијата на дигитални податоци во основно-појасен дигитален сигнал е
позната како линиско кодирање, а конверзијата на дигитални податоци во пропусно-
појасен дигитален сигнал е позната како модулација. И едната и другата конверзија има
задача да го адаптира (приспособи) сигналот што ја носи информацијата на преносниот
медиум.

Во ова поглавје ќе го разгледуваме линиското кодирање..

6.2 Линиско кодирање

Линиското кодирање претставува трансформација на дигитални податоци во


основно-појасен дигитален сигнал, како што е илустрирано на сликата 6.1. Најнапред ќе се
запознаеме со некои поважни параметри и особини на линиските кодови (број на сигнални
нива, сигнална брзина, константна компонента, спектар на сигналот, синхронизациска
способност, цена на имплементацијата), кои фактички ја определуваат нивната
применливост во дадена ситуација.

Слика 6.1 Конверзија на дигитални податоци во (основно-појасен) дигитален сигнал

(1) Број на сигнални нива. Во принцип, бројот на сигналните нива кај дигиталните
сигнали може да биде произволен. Овде, меѓутоа, ние ќе ги разгледуваме бинарните
дигитални сигнали кои се карактеризираат со две, а во некои случаи и со три нива. На
сликата 6.2 (а) е прикажан сигнал со 2 нива, а на сликата 6.2 (б) сигнал со три нива.
Забележи дека во двата случаи кодирана е истата бинарна секвенца.

(2) Сигнална (Бодова) брзина (Baud rate ). Сигналната брзина го определува бројот на
испратени сигнални елементи во секунда. Кај основно-појaсниот дигитален сигнал тоа се
бројот на испратени сигнални нива во секунда. Сигналната брзина кај линеарното
кодирање – зависно од кодот - може да биде поголема или помала од битската брзина. На
пример, во случајот на сликите 6.2 (а) и (б) таа е еднаква со битската брзина, т.е., N b =R b, а
во случајот на сликата 6.9 е N b =2 R b. (Забелешка: во случајот на m-арните дигитални
сигнали, каде што секое ниво може да носи по log 2 m бита секако ќе важи N b < R b ¿
6.2 (а) Сигнал со две напонски нива. (б) Сигнал со три напонски нива

(3) Константна компонента (DC-component). Линискиот код може да се


каракеризира со присуство на константна компонента (просечна вредност на сигналот
различна од нула). На пример сигналот на сликата 6.2 (а) има константна компонента.
Константната компонента не е пожелна бидејќи таа не може да помине низ некои блокови
на комуникацискиот систем, како на пример, низ трансформаторите. Нејзиното присуство
води кон дисторзија на сигналот, а со тоа и до креирање на грешки. Освен тоа,
присуството на константната компонента ги зголемува енергетските загуби во водовите.

(4) Спектар на сигналот: Линискиот код има влијание врз дистрибуцијата на


спектралните компоненти на сигналот, па според тоа и врз ефективнна појасна широчина
(при дадена битска брзина).

(5) Синхронизациска способност: За коректна интерпретација на приманиот сигнал,


битскиот интервал на приемникот треба да одговара на битскиот интервал на
предавателот. Секое несовпаѓање меѓу нив може да води до погрешна интерпретација на
приманиот сигнал. Затоа на страната на приемникот обично се генерира такт сигнал,
синхронизиран со приманиот информациски сигнал, со помош на специјален хардвер,
познат како PLL (Phase Lock Loop). Меѓутоа, тоа може да се постигне само ако приманиот
сигнал има способност за само-синхронизација, т.е. има чести премини од ниско на високо
ниво и обратно ( по можност еден премин по бит).

(6) Цена на имплементацијата: Пожелно е техниката на линиско кодирање да биде


доволно едноставна за да не бара висока имплементациска цена.

6.3 Техники на линиско кодирање

Техниките на линиско кодирање можат да се групираат во четири пошироки


категории, како што е покажано на сликата 6.3, имено: униполарно, поларно, биполарно и
диполарно

Линиско кодирање

Унипoларно Поларно Биполарно Диполарно


Слика 6.3 Четири основни техники за линиско кодирање

Униполарно линиско кодирање: Во оваа техника се употребуваат само две напонски нива
и се користи само еден поларитет на напонот, обично позитивен, како што е покажано на
сликата 6.4. На единицата и се придружува позитивното ниво, а на нулата – ниво нула. За
жал, овде имаме константна (DC) компонента. Синхронизационата способност е лоша.
Имено, синхронизацијата може да се изгуби при подолги секвенци од 0 (нули) или 1
(единици). Значи, ова линиско кодирање е едноставно, но е непогодно.

Слика 6.4 Униполарно линиско кодирање

Поларно линиско кодирање: Во оваа техника се користат два напонски поларитета


(позитивен и негативен) за претставување на единиците односно нулите. Инаку
разликуваме два типа на поларно линиско кодирање: (1) NRZ (non return to zero) без
враќање на нула и (2) RZ (return to zero) со враќање на нула. Кај NRZ варијантите имаме
две напонски нива +А и -А , за претставување на битовите, а кај RZ варијантите имаме
фактички три напонски нива +А и -А за претставување на битовите и напонско ниво 0 за
претставување на нултиот поларитет (мирната состојба).

:NRZ-L шемa
Кај оваа шема на едната бинарна цифра и се придружува позитивно ниво а на
другата бинарна цифра негативно ниво Во слчучајот на сликата 6.5, на нулата и е
придружено позитивно ниво, а на единицата – негативно, но може да биде и обратно.

Слика 6.5 NRZ-L енкодирање


--------------
На сликата 6.7 е прикажан спектарот на моќноста (power spectral density, power
spectrum) на NRZ-L сигналите. Имено, на апсцисната оска е дадена фреквенцијата
нормализирана со битската брзина, а на ординатната оска спектарot на моќноста (нешто
како квадрат од апсолутната вредност на спектарот). Како што може да се забележи,
најголемиот дел од моќноста е концентриран од фреквенцијата нула до фреквенција
еднаква на половина од битската брзина, што е поволно бидејќи потребната појасна
широчина на каналот може да се спушти до половина од битската брзина што обезбедува
-1
спектрална ефикасност од 2 bs /Hz . NRZ шемите се едноставни, што е нивна предност,
но имаат и недостатоци. Проблем е појавата на DC компонента, а се карактеризираат и со
слаба синхронизирачка моќ (тешко се одржува самосинхронизацијата кога имаме во кодот
серија од повеќе нули или повеќе единици).
Normalized power spectrum density

Слика 6.7 Спектар на NRZ сигналите

RZ -L шема:
За да се обезбеди добра синхронизација, треба да има сигнална транзиција при
секој бит. Тоа го обезбедува шемата на сликата 6.9, позната како RZ - L, кај
Слика 6.9 RZ енкодирање

која имаме враќање на нула. Таа се карактеризира со три нива. Кај неа сигналната брзина е
двојно поголема од битската брзина. Како што рековме, нејзина добра страна е добрата
синхронизациска способност. Главно ограничување е зголемената појасна широчина.
Освен тоа, како и кај NRZ шемите и овде може да се појави еднонасочна компонента, на
пр. кога просечниот број на нули е поголем од бројот на единици.

Биполарно линиско кодирање: Биполарното линиско кодирање, познато уште како AMI
(alternate mark inversion), употребува три напонски нивоа (+А, 0 -А) за да ги претстави
двата бинарни симболи (0 и 1) и затоа претставува псеудо-тернарен линиски код. Нулите
се претставени со отсуство на импулс, т.е., со 0 V, а, единиците се претставени
алтетрнативно со +А и – А. Можни се NRZ и RZ и форми на биполарно сигнализирање,
Сл. 6-10

+A
Слика 6.10 Горе: NRZ форма на AMI кодот. .Долу: RZ форма на AMI кодот

Споменатите биполарни шеми се карактеризираат со следниве својства

 Три нива
 Нема еднонасочна компонента
 Слаба способност за синхронизација

Диполарно линиско кодирање Кај диполарното линико кодирање нулите или единиците
или и едните и другите се претставуваат така што во првата половина од битскиот
интервал имаме позитивно ниво, а во втората негативно ниво, или обратно.. Со овие шеми
се надминува не само проблемот на константна компонента туку и проблемот на
синхронизација на излезот со влезот. Последното е резултат на фактот што во текот на
еден битски интервал имаме барем еден премин од високо на ниско ниво или обратно.
Шеми од овој тип кои имаат голема примена во практиката се Манчестер кодирањето
(Manchester coding) и диференцијален Манчестер кодирањето (differential Manchester
coding), слика 6.11.

Слика 6.10 Манчестер и диференцијен Манчестер сигнали


Кај стандардното Манчестер кодирање постои транзиција во средината на
времетраењето на секој бит. Бинарната 1 одговара на транзицијата ниско – високо, а
бинарната 0 на транзицијата високо – ниско.

Кај стандардниот диференцијален Манчестер, енкодирањето на 0 е претставено


со присуство на транзиција на почетокот и во средината на битот, а 1 е претставена само
со транзиција во средината на битскиот интервал.
Клучни карактеристики на бифазното енкодирање:

 Сигналот има две нива


 Не се појавува еднонасочна компонента
 Добра синхронизациска способност (забележи дека овде е N b =2 R b
 Поголема појасна широчина со оглед на двојно поголема сигнална брзина од
битската брзина

На сликата 6.11 е дадена споредба меѓу спектарот на диполните (Манчестер и


диференцијален Манчестер) сигналите од една страна и поларните NRZ-сигналите од
друга страна. Гледаме дека овие шеми ќе бараат околу 2.4 пати поголема ефективна
спектрална широчина од поларните NRZ шеми при дадена битска брзина.
Normalized power spectrumdensity

Слика 6.11 Споредба на спектри на NRZ и манчестер сигналите

ЗАДАЧА: Определи ги и скицирај ги сигналите што одговараат на секвенцата 00101110 за


следните линиски кодови:

(а) NRZ-L (единица: + 5V !)

(б) AMI (првата единица: +5V !)

(в) Манчестер (нивоа: ± 5V !)


(г) Диференцијаен Манчестер (нивото пред стартот е ниско: −5 V ! )

(Забелешка За попрецизно претставуванје – цртајте на вообичаени “шпартани“


листови, Времетраењето на еден бит определете го со две хоризонтални
растојанија, а растојанието меѓу позитивното и негативното ниво - со две
вертикални растојанија. За ваша подобра орјентација, бараната скица поставете ја
под претходно нацртана скица на соодветниот униполарен сигнал)

You might also like