Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА И ВОЗДУХОТ

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА
Загадување на водата е опасно за сите живи суштества. Тоа е всушност внесување
на штетни хемикалии во сите водни површини како реки, езера, мориња и океани.
Загадената вода не смее да се пие, не смее да се готви со неа ниту да се плива во
неа. Има органски и неоргански загадувачи. Некои органски загадувачи се
детергенти, споредни производи од дезинфекцијата, отпад од процесите на
производство на храна, некои горива (како бензин и дизел), отпад од дрвјата и
грмушките и други. Неоргански загадувачи се хемиски отпад, вештачкото ѓубриво,
тешки метали и други. Еден голем проблем со загадувањето е пластиката.
Пластиката е направена од природни материјали како целулоза, јаглен, природен
гас, сол и сурова нафта. Покрај тоа што е направена од природни материјали, таа
предизвикува голем проблем со загадувањето. На пластиката и треба повеќе од
100 години да се распадне, тој процес може да трае дури 1000 години! На само
едно пластично шише му треба околу 450 години за да се распадне. Пластиката се
распаѓа во микропластика, а таа
останува во почвата. Таа исто
претставува проблем и кај
загадувањето на водата, затоа што луѓе
фрлаат кеси и друг пластичен отпад во
водата. Животните кои живеат во
водата ја јадат пластиката, а потоа
умираат. Пример се желките, кои ги
јадат пластичните кеси мислејќи дека се
медузи. Друг проблем е и нафтата, со тоа што се претпоставува дека луѓето
истураат околу 12 тона нафта секоја година. Ако секој човек се грижеше за животна
средина и сите животни, загадувањето ќе беше на пониско ниво. Исто така, има
начини да се намали загадувањето на водата. На пример може да рециклираме, да
ја намалиме употребата на пластика, да не се фрла никаков вид на отпад во водите,
да не се користи премногу вода, да не се користат пестициди, а можеме и да
собираме отпад од водата и од почвата.
ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Загадување на воздухот е голем проблем кој човекот сам го направи, а сега прави
голема штета на сите живи суштества. Загадување на воздухот е всушност
контаминација на внатрешната или надворешната средина од кој било хемиски,
физички или биолошки агенс што ги менува природните карактеристики на
атмосферата. Најчестите загадувачи се гасот
кој го испуштаат автомобилите, мазутот и
природниот гас за загревање на домовите,
нуспроизводите од производството на
електрична енергија, електраните од јаглен,
хемиското производство и други. Од
загадувањето на воздухот може да се
добијат многу опасни болести, како што се
астма, бронхитис, рак на белите дробови и респираторни заболувања. Можеме да
го намалиме загадувањето на воздухот. Некои начини се: да го користиме
автомобилот по ретко, а да возиме
велосипед, да се одржува автомобилот за да
нема проблем со издувните гасови, да не се
гори ѓубре, да не се грееме на дрва, да се
засадат дрва и секаков вид на растенија, да
се рециклира, да не се користи премногу
пластика, да не се фрла никаков вид на
отпад на земја туку само во кантата за
отпадоци и да се чисти околината (односно
да се собира ѓубрето од земјата). Мора да ја заштитиме планетата Земја дека
немаме друга планета за живеење!

You might also like