Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 17

Правоаголник

Правоаголник

Правоаголник е четириаголник со 4
еднакви агли (по 90°)

Вид Четириаголник

Рабови и темиња 4

Шлефлиев симбол {4}

Коксетер–
Динкинови
дијаграми

Група на симетрија D2, C2

Плоштина а·b

Внатрешен агол 90°


Обем 2a+2b

Својства испакнат

Во геометријата, правоаголник е

рамна, т.е. дводимензионална


геометриска фигура со четири прави

агли.[1][2]

Формално, правоаголник се
дефинира како паралелограм со
еден внатрешен прав агол. (Бидејќи

правоаголник е паралелограм,

спротивните агли се складни, а


соседните агли се суплементни. Ако
еден агол е прав, следува дека сите

4 агли се прави.)

Основна регулатива: Правоаголник

е потполно определeн со
должините на две соседни страни.

Формули и особини за
правоаголник
Нека е даден правоаголник со
соседни страни a и b. Во
долунаведените формули точката ·
означува множење.

Периметар
Плоштина

Дијагонала

Дијагоналите на правоаголник се
исти и

Доказ: Со Питагоровата теорема.

Следува и од формулите за
дијагоналите на паралелограм
бидејќи α=90° така
штоcos(α)=cos(90°)=0.

Пример: Нека е даден правоаголник


со страна a=3 км и b=4 км. Тогаш,
периметарот e
L=2·a+2·b=2·3 км+2·4 км=14 км.
Плоштината е P=a·b=3 км·4 км=12 км2
(квадратни километри). Дијагоналите
се складни и:
d=√(32+42)km=√(25)km=5 км.

Правоаголник има 4 Дијагоналите се


прави агли. складни. Дијагоналите го делат
правоаголникот на 2
пара складни
триаголници. Меѓутоа,
сите 4 триаголници ја
имаат истата
Средни линии се плоштина. (Доказ: 8-те
Дијагоналите се Правоаголник има
оски на осна се складни.)
преполовуваат. опишана кружница.
симетрија.

Бидејќи секој правоаголник е


четириаголник, збирот на
внатрешните агли е 360°.
Бидејќи секој правоаголник има
спротивни паралелни страни,
отсечките кои ги спојуваат средните
точки на спротивните паралелни
страни врват низ пресекот на
дијагоналите.
Бидејќи секој правоаголник е
паралелограм, дијагоналите се
преполовуваат.

Карактеризации на
правоаголник
Четириаголник е правоаголник ако и
само ако кој било од следните искази
и вистинит.

Паралелограм e со еден внатрешен


агол по 90°.
Четирите внатрешни агли се по 90°.
Дијагоналите се еднакво должни.

Впишана и опишана
кружница на
правоаголник
Правоаголник нема впишана
кружница освен ако е квадрат.

Правоаголник е тетивен
четириаголник, т.е. има опишана

кружница таква да сите четири


темиња на квадратот се точки на
кружницата.

Доказ: Еден потребен и доволен


услов за еден испакнат
четириаголник да е тетивен
четириаголник е да збирот на
спротивни агли бидат 180°. Значи

правоаголник е тетивен
четириаголник.[3]

Формула: Полупречникот R на
опишаната кружница е половина од
дијагоналата d на правоаголник,

односно
Симетрија
Правоаголник има осна симетрија
во однос на своите две средни
линии, т.е. отсечките кои ги
поврзуваат средните точки на
спротивни страни се оски на
симетрија.
Правоаголник има вртежна
симетрија од 2-ти ред, т.е. ако го
ротираме правоаголникот
360°/
2=180° се добива истиот
правоаголник.[4]
Обопштување на
правоаголник
Обопштување во 3Д: Квадар е
полиедар со 6 страни, секоја од која
е правоаголник.

Златен правоаголник
Златен правоаголник а правоаголник
со должина на страните во златен
сооднос, 1: (еден спрема фи), т.е.

или околу 1:1.618. (Види


златен правоаголник.)
Совршен правоаголник
Правоаголникот може да се
конструира од низа квадрати.
Правоаголникот што може да се
конструира од квадрати со различна
големина се нарекува 'совршен
правоаголник'. Кога ова не е можно,
тој е несовршен правоаголник.[5]

Наводи
1. Clapham, C.; Nicholson, J. (2009).
„Oxford Concise Dictionary of
Mathematics“ (http://web.cortland.e
du/matresearch/OxfordDictionaryMa
thematics.pdf) (PDF) (англиски).
Addison-Wesley. стр. 689. Посетено
на 1 септември 2013.
2. „Правоаголник“ (http://www.matho
penref.com/rectangle.html)
(англиски). Math Open Reference.
2009. Посетено на 1 септември
2013. интерактивен
3. Usiskin, Zalman; Griffin, Jennifer;
Witonsky, David; Willmore, Edwin
(2008), „10. Cyclic quadrilaterals“ (htt
p://books.google.com/books?id=Zko
UR5lRwdcC&pg=PA63) , The
Classification of Quadrilaterals: A
Study of Definition, Research in
mathematics education, IAP,
стр. 63–65, ISBN 978-1-59311-695-8
4. Stapel, Elizabeth. „ "Symmetry about
an Axis" “ (https://www.purplemath.c
om/modules/symmetry.htm)
(англиски). Посетено на 1
септември 2013. анимиран
5. Weisstein, Eric W. (2013). „Совршен
правоаголник“ (http://mathworld.w
olfram.com/PerfectRectangle.html)
(англиски). Math World- A Wolfram
Web Resource. Посетено на 1
септември 2013.

Поврзани теми
Квадрат, Ромб, Паралелограм,
Трапез
Четириаголник, Многуаголник
Квадар
Златен правоаголник
Совршен правоаголник

Надворешни врски
Стојановска, Л. (2010).
„Правоаголник“ (https://web.archive.
org/web/20130914042124/http://ww
w.emathforall.com/wiki/RecnikT/Prav
oagolnik) . Архивирано од
изворникот (http://www.emathforall.c
om/wiki/RecnikT/Pravoagolnik) на
2013-09-14. Посетено на 1
септември 2013. интерактивен
„Периметар на правоаголник“ (htt
p://www.mathopenref.com/rectanglep
erimeter.html) (англиски). Math Open
Reference. 2009. Посетено на 1
септември 2013. интерактивен
„Плоштина на правоаголник“ (http://
www.mathopenref.com/rectanglearea.
html) (англиски). Math Open
Reference. 2009. Посетено на 1
септември 2013. интерактивен
„Златен правоаголник“ (http://www.
mathopenref.com/rectanglegolden.ht
ml) (англиски). Math Open
Reference. 2009. Посетено на 1
септември 2013. интерактивен
Weisstein, Eric W. (2013).
„Правоаголник“ (http://mathworld.wol
fram.com/Rectangle.html)
(англиски). Math World- A Wolfram
Web Resource. Посетено на 1
септември 2013.

Преземено од
„https://mk.wikipedia.org/w/index.php?
title=Правоаголник&oldid=4887367“

Последната промена на страницава е


извршена на 30 ноември 2022 г. во 11:33 ч. •
Содржината е достапна под CC BY-SA 3.0
освен ако не е поинаку наведено.

You might also like