ВИДОВИ РЕЧНИЦИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ВИДОВИ РЕЧНИЦИ

Речничкото богатство и стилската разновидност на јазикот се претставува во одделни книги што се


нарекуваат речници.
 Речник е прирачна книга во која се забележуваат зборови според определен
редослед и се објаснуваат или се толкуваат на определен начин.
Зборовите во речниците обично се забележуваат според азбучен ред. Вака забележаниот збор се
нарекува заглавен збор.
Секој збор во речникот, по правило, се објаснува или се толкува преку одделна речничка статија.
 Според начинот на објаснување или на толкување на зборовите во речникот се
разликуваат два типа речници:
– енциклопедиски и
– лингвистички.
Енциклопедискиот речник е составен од речнички статии за предмети,
појави, настани, личности од општ или од одделен интерес. Во него се
претставуваат основни, научно проверени и потврдени информации и податоци
за заглавните зборови.
Според интересот, се разликуваат:
- општи енциклопедиски речници кои имаат општообразовен, општоцивизациски и
општокултурен карактер и
- специјализирани енциклопедиски речници во кои се претставуваат податоци од одделни
научни области. Одделен подвид претставуваат енциклопедиските речници на термини од одделна
научна област (лингвистика, информатика и други).
Лингвистичкиот речник ги претставува зборовите како јазични средства
(единици).
Притоа се изделуваат:
- еднојазични речници;

- двојазични и повеќејазични речници.


Во еднојазичните речници зборовите се претставуваат со помош на други зборови од истиот јазик.
Главно место меѓу еднојазичните речници зазема толковниот речник.
Во толковниот речник зборовите се толкуваат и се објаснуваат на описен начин. Притоа, се
наведуваат сите значења на зборот, почнувајќи од општоприфатеното значење на зборот што им е
познато на зборувачите на јазикот.
Толковниот речник на македонскиот јазик го претставува јазичното богатство на македонскиот
национален јазик.
Одделен подвид на толковните речници претставуваат речниците на туѓи зборови, како и
фразеолошките речници.
Во речникот на туѓи зборови, туѓиот збор се објаснува со соодветни зборови и изрази од домашно
потекло.
Постојат повеќе речници на туѓи зборови во македонскиот јазик. Тие ја содржат
интернационалната лексика која се употребува во македонската стручна терминологија и која
е зацврстена во лексичкиот состав на македонскиот јазик.

Во еднојазичните речници особено место зазема правописниот речник.


Во правописниот речник се покажува правилното пишување на зборовите во согласност со
нормата на литературниот јазик. Овие речници имаат практична цел.

 Првиот правописен речник на македонскиот јазик е објавен во 1950 година во


состав на книгата "Македонски правопис со правописен речник" од Блаже
Конески и Крум Тошев.
 Составувач на најновиот „Правописен речник на македонскиот литературен
јазик", објавен во 1999 година е Кирил Конески.

Задача:
1. Пронајди три зборчиња од речникот што го имаш и напиши го нивното значење во тетратката.
2. Пронајди три збора од странски јазик и напиши го нивниот превод.
3. Пронајди три збора од Дигиталниот речник на македонскиот јазик и напиши го нивното значење
во тетратката/

You might also like