Professional Documents
Culture Documents
Раскажување на филм -ТИТАНИК
Раскажување на филм -ТИТАНИК
‘‘ТИТАНИК’’
Општо за филмот
Титаник е американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во
1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот
на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите
времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и
рекордот во најголема заработка на кино благајните во светот.
Продукцијата на овој филм започна дури во 1995 година, кога Камерон успеал да
ги сними оригиналните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил
љубовната приказна и започнал со снимањето. Камерон изгради реконструкција на
бродот за публиката да може потполно да го доживее патувањето, а за
потонувањето искористи макети на бродот и компјутерски ефекти. Во тоа време,
Титаник стана најскапиот снимен филм, а големата сума од приближно 200
милиони американски долари беше финансирана од продуценските куќи
Paramount Pictures и 20th Century Fox.
Содржина
Во 1996, ловецот на богатства, Брок Ловет и неговиот тим ги истражуваат остатоците на
потонатиот брод Титаник, и се во потрага за дијамантната орглица “Срцето на океанот”.
Но во текот на првата експедиција, не успеваат да го пронајдат дијамантот туку една
папка со рачно цртани портрети во која се наоѓа цртеж на млада, гола жена која ја носи
споменатата огрлица, насликан точно на денот кога е потонат Титаник. Веста за
пронаоѓањето на цртежот наското доаѓа и до медиумите и привлекува внимание на Роуз
Калверт, 100 годишна жена, која трврди дека таа е девојката од цртежот. Таа и нејзината
внука Лизи доаѓаат во посета на Брок на бродот и Роуз почнува да се присетува на
патувањето кое и го променило животот.
1912, Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон “Кал” Хоклеј,
заминуваат на Титаник како припадници на првата класа. Исфрустрирана поради
свршувачката со Кал и неговата опсесија за непрекинато контролирање на нејзиниот
живот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен
уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како
вистинска љубовна, и страствена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и ѝ
забранува да се гледа со него.
Напоредно, Џек и Роуз се наоѓаат, и тој и вели дека чуствува нешто кон неа, на што таа се
преплашува, бидејќи е свршена за друг човек, и го одбива Џек. Но сепак, Роуз подоцна му
го понудува своето срце на Џек, отварајќи пат на забранета романса. Џек ја замолува Роуз
да ја наслика на двосед, носејќи го на себе само скапоцената огрлица “Срцето на
океанот”. Слугата на Кал, Спајсер Ловеј започнува да ги брка Џек и Роуз, но тие успеваат
да избегаат и се упатуваат кон паркингот за автомобили на бродот, каде во еден
автомобил водат љубов. Роуз одлучува дека после што бродот ќе исплива во
пристаништето во Њујорк, ќе побегне со него. Но набргу потоа, бродот се судира со
голема санта мраз. Кал во меѓувреме го открива цртежот на Роуз, и се заколнува дека ќе
му се одмазди на Џек, така што го остава накитот во капутот на Џек, додека овој не
обрнува внимание.