Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБИРАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО

СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПРИЛЕП

1. Според новите Наставниот планови кои се Модуларно дизајнирани во средното


образование во трета и четврта година се изучуваат изборни предмети кои се
определени преку Изборни модули.
2. Ученикот во трета и четврта година треба да избере по еден изборен предмет од
понудените модули и ќе ги изучува по два часа неделно, освен во образовниот
профил Техничар за козметичка нега и убавина каде учениците во трета и
четврта година ќе може да изберат по два предмети од одреден модул со по два
часа неделно.
3. Ученикот во трета и четврта година може да избере изборни предмети од еден
изборен модул, или пак во двете учебни години да изучува изборни предмети од
различни изборни модули по негова желба.
4. Овие предмети ученикот ги избира по сопствена желба.
5. Раководителот на паралелката на почетокот на второ полугодие во втора година
на закажана родителска средба, ги информира родителите за изборот што треба
да го направат заедно со своите деца за избирање на предмети за трета и четврта
година, или може во трета да направат избор за во четврта година.
6. Раководителот на паралелката на учениците и на родителите им поделува изјави
на кои се дадени изборните модули и изборните предмети кои ученикот ќе ги
изучува во трета и четврта година, или изјави посебно за трета и четврта
година.
7. Раководителот на паралелката на ученикот и на родителот им остава време за
размислување и за одлучување.
8. Ученикот во консултација со родителот, изборот го прави со заокружување на
еден предмет од понудената листа од соодветната година (односно два
предмети за образовниот профил Техничар за козметичка нега и убавина ).
9. Педагогот на училиштето на Раководителите на паралелката на втора година,
им ги доставува изјавите каде за секој образовен профил се дадени изборните
предмети согласно Наставниот план.
10. Раководителот на паралелката овие анкетни листови ги чува во својата
евиденција како доказ за изборот што го направил ученикот односно родителот.
11. Доколку ученикот сака да го смени предметот за во четврта година , тоа може
да го направи до крајот на наставната година.

Педагог

Снежана Милошеска

You might also like