ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ

You might also like

You are on page 1of 16

проектот е

кофинансиран од ЕУ

ПОДОБРУВАЊЕ НА
ПОЛИТИКИТЕ
ЗА ПРИСТОЈНА
РАБОТА ЗА
ЖЕНИТЕ
РАБОТНИЧКИ

Краток документ за политики


проектот е
кофинансиран од ЕУ

ПОДОБРУВАЊЕ НА
ПОЛИТИКИТЕ
ЗА ПРИСТОЈНА
РАБОТА ЗА
ЖЕНИТЕ
РАБОТНИЧКИ

Краток документ за политики

Јануари 2024, Скопје


Краток документ за јавни политики:
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ПРИСТОЈНА
РАБОТА ЗА ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ

Издавач:
Фондација за менаџмент и индустриско истражување – Скопје

Поддржано од:
Проект „Достојна работа за жени работнички – Социјално
учество и зајакнување”, Северна Македонија: Тематска
програма за човекови права и демократија 2021-2022 година

Лектура:
Дејан Василевски

Дизајн и печатење:
„Винсент графика” Скопје

Тираж:
100 примероци

Скопје, јануари 2024

Оваа публикација е подготвена со поддршка на Европската


унија. За нејзината содржина единствено е одговорен издавачот
Фондација за менаџмент и индустриско истражување и истата
не ги изразува гледиштата на Европската унија.
3

ВОВЕД И
ПРИСТАП
Индексот на родова еднаквост во Македонија
за 2022 година бележи мало подобрување
од 2,5 поени во споредба со претходното ис-
тражување од 2019 година, вклучително и во
областите што се однесуваат на економското
јакнење на жените.1 Сепак, крајниот заклучок
е дека промените се случуваат со пребавно
темпо и неопходно е да се интензивираат
напорите. Една од најзабележливите не-
еднаквости што тврдоглаво опстојува и
директно ги погодува жените е родовата
нерамноправност на работното место.2
Жените сè уште се во понеповолна положба
во споредба со мажите кога станува збор за
вработување и напредување во кариерата и
поизложени на мобинг и дискриминација.
Имено, во 2022 година, стапката на актив-
ност кај жените била 54,3%, наспроти 78,4%
кај мажите.3 Поради родовите стереотипи и
патријархалните очекувања жените во Ма-
кедонија извршуваат 72% од неплатената до-
машна работа и грижата за членовите на се-
мејството.4 Освен тоа, родовиот јаз во платите
изнесува 12%, што укажува на тоа дека и во
рамките на платената работа жените претеж-
но работат во сектори и на работни места што
се послабо платени во споредба со мажите.5

1 Индекс на родова еднаквост во Северна Македонија (2022)


2 A QUANTUM LEAP FOR GENDER EQUALITY, For a Better
Future of Work for All (2019)
3 Ибид.
4 Индекс на родова еднаквост во Северна Македонија (2022)
5 Мажите и жените на пазарот на труд- (не)еднакво учество
и третман
4
Традиционалните родови улоги и стере- Предвидените активности и цели во
отипи секако придонесуваат кон родовата проектот во голема мера се синер-
дискриминација, нејзиното толерирање и гетски со Националната програма
оправдување, но не се единствената при- за достоинствена работа 2023-2025
чина. Дисбалансот во поглед на обврски- (НПДР), која претставува клучен родо-
те и можностите за жените на работното во-сензитивен, среднорочен стратеш-
место и пазарот на труд мора да биде ад- ки документ за планирање на целите
ресиран наменски и целисходно преку и мерките за подобрување на сос-
сеопфатен пристап кон политиките, зако- тојбите во поглед на пристојна работа.
ните и услугите, но и насочен кон трајни Суштинска компонента на проектот
промени во општествената свесност за претставува подготовката на Студија
родовата рамноправност. Успешноста на за пристојна работа на жените ра-
јавните политики да се справат со тради- ботнички во Македонија, чии наоди
ционалните и новите предизвици е клуч- обезбедуваат детален приказ на рам-
на за обезбедување на пристојна работа ката на јавни политики и моментал-
за жените работнички, конкретно преку ната состојба со пристојна работа за
еднакви можности за пристап до обра- жените вработени во секторите индус-
зование, вработување и напредување во трија и трговија. Студијата, која комби-
кариерата; безбедни и здрави работни ус- нира квалитативни и квантитативни
лови; социјална сигурност и здравствена истражувачки техники, вклучително и
заштита; сигурност на работното место репрезентативна анкета на 500 жени
што штити од произволно отпуштање и работнички, се осврнува кон институ-
несоодветен третман; рамнотежа помеѓу ционалната, стратешката и правната
професионалните обврски и приватниот рамка за пристојна работа преку ин-
живот; слобода на здружување, колектив- терсекцијален пристап, односно со
но договарање и застапување во проце- комбинација на трудовите и родовите
сите на донесување одлуки. аспекти и дава препораки за подобру-
вање на јавните политики.
Во таа насока, проектот „Достојна ра- Наодите од Студијата беа предмет на
бота за жени работнички – Социјално дискусија на две консултативни сред-
учество и зајакнување“ се стреми да би со експерти од областа на пристој-
придонесе кон промовирање, поддршка на работа и родова рамноправност
и зголемување на социјалното учество и – претставници на институциите, со-
правата на работничките во Република цијалните партнери, граѓанските орга-
Северна Македонија. За таа цел, проек- низации, стопанските комори, профе-
тот го користи потенцијалот на Нацио- сионалните здруженија и академската
налната платформа за женско претпри- заедница. Овој документ ги сумира
емништво (НПЖП) во која членуваат клучните заклучоци и препораки од
многубројни граѓански организации што Студијата и релевантната дискусија во
се добро позиционирани да ја решат ро- поглед на законодавството и механи-
довата нееднаквост на пазарот на трудот, змите за заштита на правата на жени-
но немаат соодветно знаење и видливост те работнички.
во постојниот социјален дијалог.
5

ЗАКЛУЧОЦИ
6
ЗАКЛУЧОЦИ
Стратешка и правна рамка
»»
Пристојната работа, исто како и родова-
та рамноправност, се вбројуваат во ос-
новните човекови права и според тоа се
опфатени со низа меѓународни инстру-
менти за заштита на човековите права,
унапредување на правата на жените
Покрај НПДР, различни аспе-
и еднаквите можности, регулирање и
кти поврзани со пристојната
соодветно вреднување на трудот, како
работа се третираат во Нацио-
и отстранување на дискриминаторски
налната стратегија за врабо-
практики. Оваа интерсекцијалност
тување 2021-2027, Стратегија-
на трудовите и антидискриминатор-
та за безбедност и здравје при
ските аспекти е суштинска за унапре-
работа 2021-2025, Стратегијата
дување на политиките за пристојна
за родова еднаквост 2022-2027
работа за жените работнички.
и Националната стратегија за

»»
еднаквост и недискримина-
ција 2022-2026. Имајќи предвид дека пазарот на труд
и природата на работните односи
Во рамките на трудовото за- постојано еволуираат и се менуваат,
конодавство, основен закон е преку континуирано усогласување и
Законот за работни односи од унапредување стратешката рамка
2015 година (lex fundamentalis), за планирање мерки и активности
кој во рамките на следните, ги следи трендовите на светско и
предвидени измени, се очеку- на европско ниво.
ва дополнително да ги унапре-
ди правата на жените работ-
нички. Други важни прописи »»
Правната рамка во голема мера
обезбедува доволна и соодветна
се Законот за безбедност и
здравје при работа, Законот за заштита за правата на жените работ-
минимална плата, Законот за нички. Но, клучен проблем е несоод-
инспекција на труд, Законот за ветната или недоследната примена
заштита од вознемирување на на законите во практиката, поради
работното место и Законот за ограничен капацитет на надлежните
мирно решавање на работни- институции или други институционални
те спорови. ограничувања и проблеми поврзани со
владеењето на правото воопшто.

»»
Во рамките на прописите од
областа на еднакви можнос- Дел од законите, како Законот за мир-
ти и заштита од дискрими- но решавање на спорови и Законот за
нација, рамката ја сочинува- здравје и безбедност при работа, би
ат Законот за спречување и требало да се надополнат со одредби
заштита од дискриминација за заштита од дискриминација.
(lex generalis) и Законот за
еднакви можности на жени-
те и мажите.
7
Институционална рамка
»» Институционалниот пејзаж за креирање,
спроведување и следење на јавните по-
литики во областа на работните односи,
трудовото право, политиките за вработу-
вање, безбедност и здравје при работа и
родова рамноправност го сочинуваат Ми-
нистерството за труд и социјална полити-
ка (МТСП), Државниот инспекторат за труд Клучна надлежна институција
(ДИТ), Комисијата за спречување и зашти- со соодветни сектори во сите
та од дискриминација (КСЗД), Народниот релевантни области е МТСП. Во
правобранител (НП) и Собранието.

»»
рамките на МТСП постои „Пра-
На институционално ниво често постои вен застапник“, кој може да од-
редуцирано разбирање за тоа што прет- лучува по поединечни барања
ставува родово-базирана дискримина- за нееднаков третман на работ-
ција на работното место и институциите ното место и да иницира по-
недоволно ја адресираат интерсекцијал- стапки по службена должност.
носта меѓу трудовите и дискриминаци-
ските аспекти кај жените работнички во рам- ДИТ е орган во состав на МТСП,
ките на нивните информативни, советодавни, кој врши надзор врз примената
превентивни и репресивни надлежности. на трудовото законодавството и

»» Дел од ограничувањата на ДИТ, КСЗД, НП и


правниот застапник во МТСП произлегуваат
треба да постапува за заштита на
правата на жените работнички.

од недоволен и несоодветен капацитет, орга- КСЗД и НП имаат надлежности


низациски, финансиски и логистички предиз- да постапуваат во случаи на
вици што ја отежнуваат нивната работа. дискриминација, вклучително

»» Во дел од институциите сè уште не


постои родово-разделена статистика
и на работното место.

Во рамките на законодавната
за случаите во кои постапуваат, која би власт, Собранието, пред сè преку
обезбедила целосен увид во обемот на Комисијата за еднакви можности
појавата, со цел креирање на посоодвет- на жените и мажите и Комисија-
ни политики засновани на докази и насо- та за труд и социјална полити-
чени конкретно кон жените работнички. ка, има можност да иницира за-

»» Постојат предизвици во поглед на видли-


воста и активноста на механизмот „Пра-
конски измени и да организира
надзорни расправи по прашања
поврзани со пристојната работа
вен застапник“, како и неговата независ- на жените работнички. Постојана-
ност, имајќи предвид дека е дел од Минис- та анкетна комисија за заштита
терството за труд и социјална политика.6 на слободите и правата на граѓа-
»» Потребен е поголем фокус на собра-
ниските тела кон правата на жените ра-
нинот исто така има надлежност
да расправа за правата на жени-
те работнички, вклучително и по
ботнички и подигнување на свесноста за поднесени граѓански претставки.
нивната надлежност во оваа област.
Освен тоа, Клубот на жени прате-
нички е уште една влезна точка
6 Родово базирана дискриминација и работнички права
за иницирање промени.
во Северна Македонија (2022)
8

Услови за иницирање постапки и механизми за заштита на правата


»» Постои недоволна информираност кај жените работнички за нивните
права и концептите на пристојна работа и родова рамноправност.
»» Во многу случаи жените работнички не знаат како или немаат доверба
да се обратат до институциите.
»» Граѓанските организации што работат во оваа област се сметаат за една од
клучните опции за поддршка и заштита на правата, преку обезбедување на
бесплатна правна помош, поднесување претставки и иницирање постапки.
»» Во моментот не постои значителен обем на завршени и решени постапки од
страна на институциите по основа на родово-базирана дискриминација за да
се направи соодветна анализа за резултатите од иницираните постапки.
»» Покрај управна постапка пред гореспоменатите институции, жените работ-
нички можат да побараат заштита на нивните права пред редовните судови и
пред Уставниот суд. Но, овие постапки најчесто се избегнуваат поради долгото
времетраење и високите трошоци за застапување и судски такси што жалител-
ката треба да ги плати однапред.

85% од жените работнички пристојната работа најчесто ја поврзу-


ваат со финансиските аспекти. Освен тоа, иако 27% од испитанич-
ките се соочиле со психичко вознемирување на работното место,
само 20% од нив пријавиле, што дополнително укажува на низок
степен на доверба кон институциите дека пријавата би водела кон
некаков позитивен исход.
9

ПРЕПОРАКИ
10
ПРЕПОРАКИ

Постигнатите резултати во текот на изминатите години, особе-


но во поглед на унапредување на стратешката и правната рамка
за заштита на жените работнички, се охрабрувачки. Но, останува
да се работи на нивно континуирано подобрување и, пред сè, да
се надмине јазот во поглед на нивното спроведување од страна на
институциите за да се видат конкретни резултати во практиката.
Во таа насока, целиот екосистем на чинители активни и на полето на
работните односи и во областа на родовата рамноправност имаат своја
улога и обврски.
11

Во поглед на стратешката и правната рамка, потребно е:


»» да се преземат мерки за подобрување на рамнотежата меѓу
професионалниот и приватниот живот, унапредување на сис-
темот на здравствена и социјална заштита и намалување на
факторите што влијаат на родовиот јаз во формалното врабо-
тување и платите;
»» да се предвиди дополнување со одредби за заштита од дис-
криминација во релевантните закони од трудово право (ми-
нимална плата, здравје и безбедност при работа и мирно ре-
шавање спорови);
»» да се продолжи усогласувањето со Конвенциите на МОТ;
»» да се приоретизира усвојувањето на новиот Закон за работ-
ни односи и промените на Законот за мирно решавање на
работни спорови;
»» да се работи на подобрување на законодавството за заштита
од вознемирување на работа.

Со цел надминување на институционалните ограничувања,


неопходно е:
»» надлежните институции да развијат поголема свесност и
знаење за интерсекцијалноста на родовите и трудовите аспе-
кти што би водело кон посоодветно постапување во случаите
на родово-базирана дискриминација на работното место;
»» да се зајакнат институционалните капацитети, од квантита-
тивна и квалитативна гледна точка, за да можат институции-
те да одговорат соодветно на задачите поставени од правна-
та рамка во нивна надлежност, вклучително и преку подобра
меѓусебна координација и зачестени контроли;
»» да се воведе прибирање на родово-разделени податоци со
цел обезбедување на релевантна статистика што ќе води кон
креирање политики засновани на докази;
»» континуирано унапредување на образованието и знаењата
на стручните лица за здравје и безбедност при работа;
»» да се зголемат видливоста, ресурсите и активноста на Прав-
ниот застапник во МТСП;
»» да се зајакне соработката со релевантните граѓански организации.
12

За да се подобри состојбата во поглед на условите и механизмите


за заштита на правата, треба:
»» во соработка со граѓанските организации, да се зајакнат напо-
рите за информирање и едуцирање на жените работнички за
нивните права и достапните механизми за заштита;
»» да се работи на подигнување на свесноста за родовата еднак-
вост и препознавање на родово-базираната и другите видови
дискриминација, вклучително и на работното место;
»» да се зајакнат техничките и експертските капацитети на меха-
низмите за заштита и да се работи на активно информирање и
промоција на нивните надлежности;
»» да се обезбеди следење и консолидирање на судската практи-
ка, вклучително и преку усогласување со судската практика на
меѓународните судови, како Европскиот суд за човекови пра-
ва, водење евиденција за основите на дискриминација и родо-
во-разделенa статистика;
»» да се работи на унапредување и промовирање на вонсудските
механизми за заштита од дискриминација, заштита на право-
то на пристојна работа и мирно решавање на споровите.
проектот е
кофинансиран од ЕУ

ПОДОБРУВАЊЕ НА
ПОЛИТИКИТЕ
ЗА ПРИСТОЈНА
РАБОТА ЗА
ЖЕНИТЕ
РАБОТНИЧКИ

Краток документ за политики

You might also like