Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

Меѓународен Славјански Универзитет

„Св. Никола“ – Св. Николе

ТЕМА:
МОЌ И ВИДОВИ НА МОЌ

Семинарска работа
по предметот Емоции и мотивација

Ментор:
проф. д-р Ана Чучкова
Кандидат:
Антонија Симона Неловска (1131029)
Св. Николе, 2023 год.

СОДРЖИНА

ВОВЕД ............................................................................................. 3
1. Дефинирање на моќта ............................................................................. 4
2. Видови на моќ според Пол Тагард ......................................................... 6
3. Нагон за моќ, доминација и автономија ............................................... 8
3.1. Доминација ......................................................................................... 8
3.1.1. Доминантна личност .......................................................................... 9
3.2. Автономија .......................................................................................... 10
ЗАКЛУЧОК ..................................................................................... 13
ЛИТЕРАТУРА ................................................................................. 14

P a g e 2 | 14
ВОВЕД

Често знаеме да слушнеме - „моќните владеат со светот“ или „каде што


има сила – нема правдина“.

Но, од каде потекнува потребата за моќ? Зошто некои луѓе се желни да


чувствуваат моќ, а други пак, избегнуваат ситуации во кои тие би ја имале
моќта?

Често за однесувањето на оние кои имаат моќ склони сме да го


обвинуваме поединецот и неговата личност. Но, постојат повеќе личносни
разлики кога е во прашање разбирањето на однесувањето на оние кои
поседуваат моќ. Всушност, тоа што често се крие се последиците кои моќта ги
има врз самоспознавањето и разните аспекти на нашето психичко
функционирање.

Можеме да увидиме дека зад секое наше однесување постои некаква


мотивација. Дури и најмалите деца покажуваат психолошка потреба и имаат
мотивација за развој на вештини. Малите деца безброј пати ќе одат од едно на
друго место без очигледна мотивација, освен едноставната желба да направат
нешто подобро од минатиот пат – поради потребата за компетенција.
Понатаму, децата сакаат да експериментираат со светот под сопствени правила
бидејќи сакаат сами да одлучат што, како и каде ќе прават нешто и дали
воопшто сакаат да го прават тоа – поради потребата за автономија. Колку
активностите, вештините и вредностите детето ќе ги смета за важни зависи од
неговите ставови, вредности и емоционалната клима која му е понудена од
важните личности во неговиот живот – поради потребата за поврзаност.

Заедно, овие психолошки потреби се нарекуваат организмички


психолошки потреби и осигуруваат природна мотивација за учење, раст и
развој. Во која насока и во која мера ќе се разива детето, зависи од повеќе
фактори, најмногу од семејството, но и од општествените норми, правила,
закони, стабилност на земјата, односно постојат директни и индиректни
влијанија како личноста ќе се развива и каква перцепција за себе ќе создаде.

Во секојдневниот живот имаме прилика да се сретнеме со повеќе моќни


личности или пак да дознаваме за нив преку разни медиуми, дали е тоа
P a g e 3 | 14
претседателот на државата, директорот на работното место или наставникот на
одделението – сите се карактеризираат со одредено ниво на моќ.

1. Дефинирање на моќта

Потребата и желбата на личноста да поседува моќ над другите луѓе и


покрај огромното значење што го има во политичките и општествените
настани, за жал е најмалку проучуван мотив.

Психолозите ја дефинираат моќта на повеќе начини, но постојат два


општоприфатени аспекти на дефинирање.

Прво, моќна личност е онаа која има контрола врз сопствените и туѓите
ресурси. Ресурсите можат да имаат многу форми (на пример финансиски
ресурси, или во попримитивна смисла земја или храна), но можат да бидат и
симболични ресурси (на пример признавање, статус). Второ, за некој може да
се каже дека е моќен кога таа личност има капацитет да влијае на некој друг, но
да остане имун на влијанието од другите.

Влијанието може да дојде во повеќе форми. На пример, некој може да


изврши влијание врз основа на стручност, харизма или едноставно да може
некому да му даде унапредување.

Стекнувањето моќ доаѓа со низа психолошки последици. Процесот на


стекнување моќ може да биде постепен (искачување низ хиерархијата на
мултинационална корпорација) или пак ненадеен (на пример, личноста
станува крал по ненадејната смрт на актуелниот крал). Првата серија
последици се случуваат така што носителите на моќ ги обработуваат
информациите од нивната околина. Истражувањата сугерираат дека
поединците помалку се ресејуваат од периферните информации кога се бара да
се фокусираат на задачите. Тие, исто така, имаат тенденција да станат повеќе
фокусирани на сопствените внатрешни состојби и емоции, а помалку на оние
на другите.

P a g e 4 | 14
Но, некои од најубедливите истражувачки докази дека моќта влијае на
начинот на кој ние психолошки функционираме потекнуваат од работата на
Галински (Galinsky) за моќта и разбирањето на туѓата перспектива. Во својот
експеримент, Галински ги ставил учесниците во позиција каде што се
чувствувале повеќе или помалку моќни. Потоа ги замолил да нацртаат буква на
нивното чело и погледнал како е напишана буквата – дали од перспектива на
личноста што ја пишува буквата (односно перспектива во прво лице или без
перспектива) или од перспектива на експериментаторот (односно перспектива
од трето лице или туѓа перспектива). Резултатите покажуваат дека поединците
кои биле ставени во позиција на моќ имале помала веројатност да нацртаат
буква што е читлива од страна на нивниот партнер, со што се сугерира дека
моќта го намалува капацитетот да се земе перспективата на другиот. Ефектот
на моќта оди подалеку од внимавање на перспективата, а истражувањата
покажуваат дека моќта ги наведува луѓето да користат повеќе стереотипи и да
ја зголемат објективизацијата за другите.

Во истражувањето спроведено од професорот Том Ридер (Tom Reader),


дојдено е до заклучок дека моќта го зголемува чувството на уникатност и
чувството на различност од другите и кај мажите и кај жените. Интересен
податок од ова истражување е дека моќта го намалува чувството за поврзување
со другите кај мажите, а спротивно, го зголемува кај жените.

Ефектот на моќта го надминува начинот на кој ги обработуваме


информациите. Моќта влијае и на доживувањето на емоциите. На пример,
истражувањата покажуваат дека на лицата на кои им недостасува моќ
стануваат поприлагодени на туѓите емоции, особено кога живеат во ист
физички простор. Моќните поединци, од друга страна, имаат тенденција да
посветуваат помалку внимание на емоциите на другите. Тие се способни да
влијаат на емоциите на другите и имаат тенденција да покажуваат чувства само
кога навистина доживуваат емоции (на пример, се смеат кога навистина
доживуваат емоција на радост). Општо земено, моќните личности доживуваат
повеќе позитивни емоции, а помалку негативни.

P a g e 5 | 14
Последната област на човечката псохологија која е афектирана од моќта
е типот на однесувања кај моќните луѓе. Истражувањата сугерираат дека моќта
нè прави поподложни да бидеме проактивни и да го направиме првиот чекор
(на пример, во преговори). Моќните лица, исто така, имаат поголема
веројатност да се впуштат во социјално неприфатливи однесувања, како што е
покажувањето на лоши манири на маса.

2. Видови на моќ според Пол Тагард

Според Пол Тагард, постојат четири основни видови на моќ: присилна,


моќ заради корист, моќ заради почит и нормативна моќ.

Најочигледниот вид на моќ е присилната моќ, каде што луѓето се во


можност со закани да ги натераат другите луѓе да вршат дејствија кои инаку не
би ги вршеле без надворешна контрола. Како пример Тагард го зема следниот:
политичкиот диктатор може да ги контролира постапките на луѓето со закани
како што се затвор, тортура и смрт.

Примарната емоција во присилната моќ е стравот – луѓето го прават она


што се бара од нив бидејќи се плашат дека непочитувањето ќе доведе до
последици кои ќе бидат физички или емоционално болни.

Вториот главен вид на моќ, моќта заради корист, се потпира на


потенцијалните придобивки што луѓето можат да им ги обезбедат на другите,
без закани. Моќта на политичкиот лидер не доаѓа од закани, туку од способност
на лидерот да им обезбеди финансиски и други награди на луѓето. Двајца луѓе
зависат меѓусебно кога дејствијата на едниот го менуваат однесувањето на
другиот. Главна емоција во овој вид на моќ е желбата: субјектот на моќ има
желби кои контролорот може да ги задоволи со обезбедување сигурност,
просперитет или пак моќ над другите.

Присилната и моќта заради корист бараат од потчинетиот да ги разбере


последиците од согласноста и конформирањето, но постојат уште два вида на
моќ каде што однесувањето може да функционира со поимплицитни
механизми. Некои лидери се толку харизматични што можат да ги натераат
P a g e 6 | 14
следбениците да го прават она што го сакаат без закани или награди, бидејќи
нивните следбеници ги почитуваат. Главните емоции што ја поттикнуваат
моќта поради почит се допаѓање, восхит и доверба. Кога луѓето чувствуваат
восхит кон лидерот, тие се склони да го прават она што лидерот го сака,
независно од последиците засновани на страв и желба. Се разбира,
почитуваните лидери можат да ја зголемат или надополнат својата моќ со
закани или пак нудејќи бенефиции. Но, за да функционира моќта поради
почит, не треба да има експлицитна комуникација за потенцијалните казни
или награди, само чести суптилни и невербални комуникации кои генерираат
емоции на допаѓање, восхит, доверба и почит.

Последниот вид на моќ е уште посуптилен, бидејќи може да навлезе во


цели општества со мала свесност за неговото функционирање. Тагард ја
нарекува нормативна моќ, бидејќи општествените норми ги тераат нивните
поданици да конформираат со плановите или целите на поединец или група
преку договори кои им се чинат доброволни, без принуда. Наместо тоа,
доброволното потчинување или конформирање функционира според
општествените норми кои толку темелно се рашириле низ општеството што
луѓето можат да бидат предмет на контрола на другите, додека веруваат дека
тие самите ја избираат улогата која всушност им е доделена.

За овој вид на моќ, добар пример е положбата на жената во


патријархалните општества. Многу жени чувствуваат дека доброволно
избираат улоги што ги потчинуваат на мажите. Тие толку темелно ги
апсорбирале општествените норми кои го регулираат соодветното однесување
на жените и мажите што конформираат без да имаат свест дали резултатите се
добри или лоши за нив.

Емоциите поврзани со нормативната моќ се сложени. Доброволното


конформирање со општествените норми има емоционална димензија бидејќи
нормите може да имаат емоции вградени во нив, на пример кога од жените се
очекува да бидат скромни. Освен тоа, луѓето можат да имаат емоции засновани
на придобивките и последиците од општествените норми. Следењето на
општествените норми може да предизвика емоции на гордост и
P a g e 7 | 14
самозадоволство кај луѓето, додека прекршувањата може да доведат до
негативни емоции како што се вина, срам и самопрезирање. При целосната
емоционална комлексност, овие социјални улоги можат да функционираат
преку вгнездени емоции како што се стравот од срам или гордоста заради
послушност. Луѓето ги апсорбираат вредностите кои се централни за една
идеологија, на пример шеријатскиот закон во фундаменталистичкиот ислам и
конформираат со него затоа што секој друг начин на однесување е
емоционално неподнослив.

Кога општествените норми им служат на интересите и потребите на


членовите на општеството, на пример со поттикнување на цивилизирано
однесување како што се љубезност и учтивост, тогаш нормативната моќ е
корисна. Но, доброволното конформирање засновано на општествените норми
исто така може да се користи за одржување на погубни форми на моќ како што
се сексуална доминација или економска експлоатација.

3. Нагон за моќ, доминација и автономија

Нагонот за моќ е очигледен, ако погледнеме околу нас – и бил присутен


од постоењето на човештвото. Всушност, кај многу животни можеме да
забележиме дека има лидер на групата. Тука станува збор за доминација.
Најчесто тоа е единката со најголема физичка сила.

Кај луѓето, физичката сила не секогаш игра улога во одредување на


носителот на моќта.

Кога зборуваме за нагон за моќ, зборуваме за нагонот што го тера


човекот да има моќ врз другите луѓе. Но, некогаш не станува збор за моќ врз
другите, туку за ослободување на моќта која другите ја имаат врз нас – тогаш
зборуваме за автономност.

Автономноста се однесува на моќта на личноста да спротивстави, да


остане неповреден, да биде независен. Да може да владее со себе, да има сила
да совлада, да контролира, да управува со своите сопствени импулси, со своите
сопствени активности, со својата сопствена судбина.
P a g e 8 | 14
3.1. Доминација

Како луѓето и социјалните суштества формираат социјални хиерархии е


една од најстарите загатки на бихевиоралните и биолошките науки. Повеќе
истражувања укажуваат дека кај луѓето социјалното раслојување главно се
заснова заеднички врз основа на доминација (капацитет на принуда заснован
на сила, закана и заплашување) и престиж (капацитет на убедување заснован
на вештини, способности и знаења). Иако заплашувањето може да доведе до
потчинетост, хиерархиските односи засновани на доминација се генерално
помалку стабилни. Овде се земаат во предвид губитоците и придобивките од
секоја форма на хиерархиска структура за високо и ниско рангирани поединци
и се претпоставува дека луѓето еволуирале толеранција за стратисфакција
заснована на престиж и отпор кон присилната доминација. Кај луѓето и другите
социјални примати, инстиктите против доминацијата често ескалираат во
големи координирани напори за да се потисне моќта на присилните
доминирачи. Спротивно на тоа, престижот, кој дава взаемно добри резултати
со потчинетите е широко прифатен.

Традиционалните пристапи се фокусирале на асиметриите во


почитувањето и привилегиите меѓу социјалните животни како главно
организирани околу доминацијата – разликите во рангот биле утврдени преку
честите победи и порази во агонистички борби засновани на сила и агресија.
При ваквите судири за доминација, почитта е резултат на страв создадена од
поголемата застрашувачка способност на поединецот со повисок ранг (најчесто
поради неговата големина) и понискиот ранг – обично оној кој е физички
послаб.

Меѓутоа, поновите пристапи почнуваат да препознаваат дека кај луѓето


социјалните асиметрии не се само продолжување на хиерархиите засновани на
доминација. Луѓето поседуваат уште еден механизам – а тоа е престижот. Низ
општествата, луѓето бираат за лидери други луѓе – по сопствен избор – кои
поседуваат вештини, атрибути или знаења кои инспирираат почит.

3.1.1. Доминантна личност

Доминантна личност е онаа личност која што често се поведува себе и


другите во акција. Тоа е првенствено дефинирано со сеопфатна мотивација за
P a g e 9 | 14
моќ и чувство на гордост. Ова сепак, не значи дека доминантните личности
секогаш се желни да добијат моќ или да се однесуваат како тирани. Наместо
тоа, нивното однесување може да се одликува со карактеристики како
самоувереност или неуморност. Во 1928 година, Вилијам Мултон Марстон
(William Moulton Marston), напишал дека доминантната личност се одликува со
следните особини: нетрпеливост, манипулација, егоизам, тврдоглавост,
затапеност, одлучност, повлеченост, настраност, перфекционизам и немир.

Сепак, според поновите истражувања се смета дека потребата да се биде


доминантен не се однесува само на негативното, контролирачко однесување.
Ова е само едниот крај на можностите зошто некој има доминантни особини.
Постојат и други можности, на пример, дека доминантната личност е
наметлива, храбра, проактивна и самоуверена. Оваа личност се одликува со
фокус и ориентираност кон целите. Овие поединци се однесуваат на начин кој е
општествено импресивен и предизвикува позитивни емоции кај другите.
Доминантниот тип на луѓе често имаат високо ниво на самодоверба и
самопочитување.

Доминантните луѓе, сепак, обично немаат силно изразени социјални


вештини. Наместо тоа, како лица кои се ориентирани кон целта, тие тешко
можат да прават компромиси и знаат да бидат ригидни во нивните процеси и
мисли. Обично имаат пониско ниво на емпатија и сочувство од другите.

Во односите со другите луѓе, доминантната личност може да сака да носи


одлуки во нивно име, но исто така може да ги поттикне и мотивира за акција.
Во некои случаи, доминантните тенденции можат да доведат некого да
однесува навредливо или токсично во односите со другите.

Сепак, ваквите однесувања, кои секогаш се однесуваат на моќ и контрола


врз другите, можат да бидат знаци на нарушена состојба на менталното здравје,
а не само личносни карактеристики.

3.2. Автономија

Автономијата е важна психолошка потреба. Таа се карактеризира со


своеволно насочување на мислите, чувствата и однесувањето. Автономијата се
однесува на перцепцијата дека самите управуваме со себе, наместо дека сме
управувани од надворешни сили.
P a g e 10 | 14
Луѓето сакаат сами да носат одлуки, да одредуваат свои цели и да доаѓаат
до свои сопствени идеи. Со други зборови, тие сакаат да се чувствуваат
автономни. Според теоријата на самоопределување автономијата е една од
трите основни психолошки потреби (заедно со компетентноста и поврзаноста)
кои се неопходни за оптимален развој и благосостојба. Кога луѓето се
чувствуваат автономни, тие ги перцепираат нивните потреби, мотивации,
преференци и сакаат да ги усогласат едни со други. Тие се чувствуваат како
управувачи на сопствениот живот и живеат според нивните интереси и
вредности. Кога се автономни, луѓето ги ставаат своите сопствени чувства и
постапки во највисок ранг на размислување. Оваа желба да се чувствуваме
самоуправувани е вродена. Сите поединци се стремат да ја исполнат оваа
потреба, сè додека нивната околина го олеснува или поддржува овој стремеж.
Ова имплицира дека поединецот е постојано вклучен во интеракција со
неговата околина и додека потребата за автономија е присутна кај сите
поединци без разлика на потеклото или културата, та бара хранливи материи
од околината за да се развива.

Иако автономијата е првенствено лична особина, сепак автономијата е


исто така и мотивирачка во својата природа – се однесува на одреден домен
или пак некоја задача. Што значи, иако поединецот може да чувствува
целокупно чувство на автономија во својот живот, чувствата на автономија во
специфични домени (на пример на работа, училиште, врски) или во контекст
на конкретни активности (готвење вечера, цртање слика) може да се
разликуваат од високо до ниско. Односно, истата личност може да се чувствува
високо автономна во своето семејство кога на пример, се носат одлуки што да се
јаде за вечера или каде да се оди на одмор, но да се чувствува ниско автономна
на работа каде од неа се бара да ги заврши непријатните задачи што се
наложени од работодавачот. Ова значи дека иако автономијата може да биде до
некаде стабилна на ниво на личноста, исто така може да варира од ситуација до
ситуација и од момент до момент.
Степенот до кој некој поединец ќе се чувствува автономен во секој даден ден,
или во било кој даден момент, во голема мера зависи од карактеристиките на
ситуацијата, карактеристиките на конкретната задача и квалитетот на
интерперсоналната интеракција.
P a g e 11 | 14
Чувството на автономија е субјективно. Сепак, истражувањата ширум
светот укажуваат дека кога е задоволена потребата за автономија, луѓето се
чувствуваат позаинтересирани, поангажирани и посреќни. Спротивно на тоа,
кога се занемарува потребата за автономија, тие се фрустрирани, се чувствуваат
поотуѓени, беспомошни, а понекогаш дури и непријателски настроени и
деструктивни. Бидејќи луѓето не можат да се одвојат од средината во која тие
живеат, благосостојбата на секој поединец во голема мера зависи од степенот
до кој околината може да обезбеди можности за задоволување на потребата за
автономија.

Но, како поточно се задоволува основното ниво од потребата за


автономија?
Средините кои поттикнуваат автономија го олеснуваат развојот и
задоволувањето на оваа потреба преку нудење на избори и можности за
самонасочување. Тие негуваат внатрешни мотивациони ресурси, нудат
објаснувања и користат информативен јазик наместо директиви или команди.
Лидерите кои ја поддржуваат автономијата работат на усогласување на
активностите со туѓите интереси и преференци. Наставниците кои ја
поддржуваат автономијата, на пример, можат да помогнат да се зајакне
чувството на автономија кај ученикот преку нудење на разни академски избори
и опции или пак со пренесување на личното знаење за одредена задача со цел
да ја интерналицира нејзината значајност.

Чувството на автономност е директно поврзано со психичката


благосостојба, затоа што оние кои имаат чувство на висока автономија имаат
тенденција да бидат самоконгруентни во своите чувства, мисли и постапки; тоа
значи дека тие избираат цели, активности и правци на дејствување кои се во
согласност со нивните основни потреби и преференци. Овој процес го олеснува
развојот и самоинтеграцијата и луѓето кои чувстуваат автономија наместо да ја
перцепираат својата самодоверба како условена од општественото одобрување
или исполнување на очекувањата, тие се чувствуваат слободни да се изразат и
да бидат тие кои навистина се.

P a g e 12 | 14
Заклучок

Психолошките истражувања сугерираат дека моќта создава услови да


биде злоупотребена. Примери се принудната моќ во автократските општества
или пак сексуалното вознемирување на работното место. Важно е да се
напомене дека врската помеѓу моќта и негативното однесување не е автоматска.
Луѓето се социјални суштества и како такви, имаат потреба да припѓаат на
групата. Додека во минатото пресудна била физичката способностн на лидерот
да го обезбеди своето место во хиерархијата, денес повеќе се стремиме кон
бирање на лидери кои импресионираат со своите компетенции.

Сепак, во секојдневниот живот, често сме соочени со фактот дека лицата


кои поседуваат моќ, најчесто се егоистични и неемпатични. Затоа е важно да се
создава свесност кај оние кои ја имаат моќта за нејзините негативни
последици. Понатаму, со обучување и развивање на способноста на оние кои
имаат моќ да покажат поголема емпатија – cum patere, латинскиот корен на
зборот емпатија, што значи „страдај со“. Бидејќи истражувањата покажуваат
дека моќта ја намалува способноста да ја погледнеме перспективата на другите
и попрецизно да ги согледаме емоциите, обучувањето на лицата кои поседуваат
моќ повторно да се поврзат со другите може да биде начин да се надоместат
негативните последици од моќта.

P a g e 13 | 14
Користена литература:

1. С. Кочанковски, Емоции, 2021.


2. В. Арнаудова, К. Попоски, Мотивација, 2010.
3. J. Cheng, Dominance, prestige, and the role of leveling in human social
hierarchy and equality, 2019.
4. L. Legault, The Need for Autonomy, 2016
5. W. M. Marston, Emotions of normal people. 1928.
6. P. Thagard, Power and Emotion -
https://www.psychologytoday.com/intl/blog/hot-thought/201608/power-
and-emotion
7. A. D. Galinsky, Power and Perspectives not taken, 2006, -
https://journals.sagepub.com/doi/10.1111/j.1467-9280.2006.01824.x

P a g e 14 | 14

You might also like