Firenca, Venecija, Verona So Avtobus 6 Dena

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

лиценца А бр.

210

ИТАЛИЈА
ФИРЕНЦА - МОНТЕКАТИНИ - ВЕРОНА - ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ди ЈЕСОЛО

01 ден СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ Состанок на групата пред училиштето во 18.30


часот. Поаѓање за Италија во 15.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце. Ноќно
возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
02 ден МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА Пристигнување околу 12.00 во Монтекатини,
живописно гратче прочуено по термалните води. Сместување во хотел. Краток одмор.
Заминување за Фиренца, колевката на ренесансната култура и уметноста, која е главен град
на покраината Тоскана. Разглед на градот: панорамата Дуома, камбанаријата и
крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата
Уфичи, плоштадот Сињори, Понте Векио, палатата Пити, црквата Санта Кроче, Санта
Мариа Новела и Сан Лоренцо. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
03 ден МОНТЕКАТИНИ - ВЕРОНА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО Појадок. По пјадокот
заминување за Верона. Разглед на градот: Резиденцијата Капулети, куќата на Јулија,
споменикот на Данте Алигиери, плоштадите Бра и Ербе. Продолжување за Лидо Ди
Јесоло. Сместување во хотел. Вечера. Вечерта, ( факултативно ) посета на дискотека.
Ноќевање.
04 ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО Појадок. По
појадокот заминување за Венеција со бротче. Пристигнување во Венеција во
претпладневните часови. Рзглед на градот со локален водич: каналот Гранде, мостот Риалто,
плоштадот и црквата Св.Марко, Дуждевата палата, Кулата, Прокуратите, Мостот на
воздишките... Слободно време за прошетки. Во попладневните часови заминување кон Лидо
ди Јесоло. Вечера. Вечерта, ( факултативно ) посета на дискотека. Ноќевање.
05 ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ТРСТ - СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на хотелот.
Посета на познатиот шопинг центар - град Палма нова во близина на Трст. Попладнето,
поаѓање кон Скопје. Ноќно возење преку Хрватска и Србија со попатни одмори.
06 ден СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз со туристички автобус;
- сместување во хотел 3*** , на база 3 полупансиони во Монтекатини
1ноќевање и Лидо ди Јесоло 2 ноќевања;
- разглед на Венеција со локален водич;
- брод Пунта Сабиони - Венеција - Пунта Сабиони;
- разглед на Фиренца и Верона;
- медицинско лице;
- организација и водство на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:


- влезници за посета на споменици во Венеција, Верона и Фиренца;
- влезница за дискотека;
- патничко осигурување;
- други влезници од културно - историски и забавен карактер.

ПЛАЌАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ ВО ГОТОВО ИЛИ НА РАТИ СО СИТЕ


ВИЗА И МАСТЕР ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

НАПОМЕНА:

- За реализација на аранжманот потребно е минимум од 45 патници по


автобус;
- За обезбедување од евентуални штети хотелот може да побара повратен
депозит од 30 евра;
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Ројал Стар
Травел и АТАМ.

Агенцијата остава простор и Училиштето да учествува со свои сугестии


и предлози доколку тоа не влијае врз цената и драстично не ја измени
основната програма

Туристичка агенција Ројал Стар Травел


бул. М.Х. Јасмин 42/1 -1 Скопје, тел. 02/32 39 132; 02/ 32 39 136; тел/факс 02/32 39 133
travel@rst.mk www.rst.mk

You might also like