УЛОГА НА ПАТРОНАЖНА СЕСТРА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОЕЊЕ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

ОСТЕ ,,НАЦЕ БУЃОНИ” КУМАНОВО

Практична настава по
Предемтот: ПЕДИЈАТРИЈА СО НЕГА

ТЕМА: УЛОГА НА ПАТРОНАЖНА СЕСТРА ВО


СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОЕЊЕ

Ментор: Изработила:
Д-р Мартина БогатиновскаKатеринаТодосовска-Јосева

Април 2024
Куманово
1
Содражина

1.Вовед..........................................................................................................................................................3
2.Доење.........................................................................................................................................................4
3.Фактори за доење....................................................................................................................................10
4.Доаѓање на патронажна сестра..............................................................................................................12
5.Совети од патронажна сестра................................................................................................................14
Боја на столицата................................................................................................................................14
Дали доенчето добива доволно млеко?........................................................................................14
Пеленски осип......................................................................................................................................14
Нега на папочната врвца...................................................................................................................15
Грчеви....................................................................................................................................................15
6.Заклучок...................................................................................................................................................16
7.Користена литература.............................................................................................................................17

2
1.Вовед
Патронажната посета е пружање на стручна помош и
следење на состојбата по породување на породилка и
на новородено дете со цел за зачувување и
унапредување на здравјето на родилката односно
детето, кај кои постои зголемен ризик од појава на
болести.Патронажната посета ја спроведуваат
медицински сестри од тимот на избраниот лекар -
гинеколог. За голем број нови родители, таа возбуда
може да биде оптоварена со многу прашања. Токму од
таа причина се толку важни домашните посети од
патронажните медицински сестри, особено во првите
неколку исцрпувачки недели додека мајката и бебето
се запознаваат.

3
2.Доење
Доење претставува најважен момент во животот
на доенчето затоа што се задоволуваат
потребите на доенчето за храна. Непосредно по
раѓањето, новороденчето треба да се даде на
мајката и да се стави на градата за да се оствари
првиот подој. На почетокот мајката го дои детето
кога тоа ќе посака. Во текот на првите 4 – 6
недели детето само си воспоставува ритамот на
доењето, кое се движи од 6 - 8 оброци на ден. За
доење мајката треба да завземе удобна положба
и мирно место во станот. Предходно детето е
преслечено а мајката треба да ги измие рацете и
дојките, положбата на мајката треба да е
полулегната или седечка, главата на детето
потпрена е на подлактицата на раката од истата
страна на дојката од која цица (ако мајката е во
полулегната положба), а пак подлактицата
потпрена на истостраната нога која е префрлена
преку другата (ако е во седечка положба), дојката

4
се фаќа со спротивната рака, брадавката се фаќа
меѓу показалецот и средниот прст со цел носето
на детето да не бидне притиснато од градата.
Детето се дои најмногу 20 минути. Доење
подолго од 20 минути ја мацерира дојката и може
да доведе до создавање на рагади, а веќе и
детето е изморено. Во почеток на детето се дава
да цица од двете дојки, а потоа по една на секој
оброк, секогаш од следната дојка. Мајката треба
во првите две недели да биде стрплива при
доењето бидејки во тој период сеуште не е
воспоставена полна секреција, детето во тој
период треба почесто да се става на градите
заради стимулација на лачењето на млекото и
празнење на градите. Количество на исцицано
млеко во текот на еден подој и во 24 часа не е
исто, тоа зависи од млечноста на дојката, од
траење на подојот и од виталноста на детето.
Утрински подои се најбогати бидејќи за време на
ноќта дојката добро се наполнува, а детето е
одморено и гладно. Попладне количество на
5
млеко се смалува, а навечер е најмало. Успешно
доење и лактација многу зависат од правилна
нега на дојките. Тие треба секојдневно да се
мијат со топла вода и сапун односно да се држат
чисти, посебно внимание треба да се обрне на
негата на брадавките, особено во првите денови
на доењето. Се препорачува внимателно миење
на брадавките со превриена млака вода пред и
по подојот. По секој подој брадавките се сушат со
парче вата или чиста крпа. Во интервалот меѓу
подоите градите се држат со чист градник, како
циркулацијата би се одвивала нормално.
Исхрана на мајката – доилка треба да бидне
разнообразна, богата со месо, јајца, млеко,
овошје и зеленчук.

Вештачка исхрана на детето е исхрана со


млеко од други цицачи или замена за млеко (соја)
наместо мајчино млеко. Таа са применува во
случај да постојат контраиндикации за доење или
кога количината на мајчино млеко е многу мала.

6
Денеска во светот а и кај нас вештачка исхрана
се спроведува со кравјо млеко кое е индустриски
модифицирано за да може со своите особини да
се приближи кон мајчино млеко.

Двовидна (мешовита) исхрана се спроведува


кога мајката нема доволно млеко, и неможе на
своето доенче да му обезбеди мајчино млеко.
Двовидната исхрана може да доведе до
дигестивни расртојувања и проливи, а исто така и
до побрзо одбивање на доенчето од градата и
конечно преминување на вештачка исхрана. Таа

претставува комбинација на природна и


вештачка исхрана, а тоа значи доенчето цица од
мајката и се дохранува со адаптирано кравјо
млеко. Ако се спроведува правилно, оваа
исхрана е по својата вредност исто така добра
како и природната.

Немлечна исхрана – според научните


истражувања најдобар период за воведување на
немлечна исхрана кај доенчињата е помеѓу 4 – 6-

7
от месец. По 6-от потребите на доенчето
неможат да се задоволат само со млечна храна,
а организмот физиолошки созрева за да прими
таков вид на храна. Воведување на новите
намирници во исхраната на доенчето треба да
биде постепено т.е. 1 до 2 намирници неделно.
Секоја нова храна од почетокот се дава во мали
количини, а потоа постепено се зголемува до
полн оброк. Поради функционалната незрелост
не е пожелно да се мешаат две намирници
оденаш. Најпрвин се почнува со овошје и тоа
првин овошен сок разреден со малку превриена
вода. Се дава една до две лажички два пати на
денот, додека доенчето се навикне на вкусот.
Потоа се воведуваат овошните кашички и
кашички од зеленчук. Веќе од седмиот месец се
воведува месото во исхраната (пилешко,
јагнешко,телешко, риба), млечни производи од
осмиот месец, житарици од шестиот месец,
тестенини од деветиот месец, жолчката од
јајцето во деветиот месеца белката во
8
дванаесетиот месец. Млечните оброци постепено
се заменуваат во текот на првата година, за тоа
време млекото останува главен извор на
хранливи материи. Првин се укинува ноќниот
подој, а потоа постепено немлечните оброци ги
заменуваат подоите. Оброците сто ги заменуваат
млечните треба да имаат иста хранлива
вредност како и млечните. Во храната на
доенчето не се ставаат зачини и сол, овошјето и
зеленчукот треба секогаш да биде зрело, свежо и
чисто. AD капки се даваат секојдневно и тоа во
доза која ја одредува педијатрот бидејки со
исхраната недоволно се внесуваат.

9
3.Фактори за доење
Сите мајки знаат дека мајчиното млеко е најдобра
храна за бебето. Меѓутоа, постојат уште многу други
факти во оваа чудесна течност кои досега, веројатно,
не сте ги знаеле

Заштита од болести

Доејќи го бебето, всушност го штитите од болести кои


би можеле да го „нападнат“ во иднина. Еве само некои
од нив: астма, ушна инфекција, инфекции на
дигестивните органи, детски тип 1 дијабет,

10
респираторни и уринарни инфекции, егзем и обезност
(дебелина).

Го штити здравјето на мајката

Жените кои ги дојат своите бебиња помалку од 3


месеци, имаат три пати помали шанси од другите во
периодот на менопауза да заболат од карцином на
јајниците и дојките. Освен тоа, значително се
намалува и можноста за појава на остеопороза.

Нема отпаден материјал

Мајчиното млеко е иделано по состав, така што


бебешкиот организам го искористува скоро 100%.

Не го прекинувајте доењето!

Докторите советуваат мајката да го дои своето


малечко најмалку една година. За жал, дури 80% од
жените го прекинуваат доењето по 6 месеци и
преминуваат на исхрана со адаптирано млеко и
кашички. Светската здравствена организација (WHO)
апелира до мајките да продолжат да дојат, барем
еднаш дневно, дури и по навршена годинка.

11
Влог во иднината

Научниците докажаа дека исхраната со мајчино млеко


во траење од 6 месеци го штити здравјето на вашето
дете во наредните 14 години од неговиот живот.

Голема заштеда

Земајќи предвид дека една кутија адаптирано млеко


чини околу 600 денари и трае 3 дена,

Го поттикнува развојот на мозокот

Докажано е дека бебињата чии мајки ги доеле


најмлаку 6 месеци имаат 30% повисок коефициент на
интелигенција од оние кои биле хранети со друг вид на
млеко

Моќен антибиотик

4.Доаѓање на патронажна сестра


Воспоставување на однос на доверба и блискост може
да отвори можности да се разговара отворено за сите
нешта што ги загрижуваат мајките. Ова е една од
најважните работи за патронажната сестра. Важно е

12
да се има предвид каде и во какви услови растат
малите деца.

Во “Прирачникот за родители на деца од 0 до 3


години” дадени се илустрации за мерење на висина и
тежина и пресвртните моменти во развојот на децата,
со цел да им се помогне на семејствата да следат како
расте и се развива нивното дете, а исто така и да им
помогне на патронажните сестри да воочат знаци на
тешкотии во развојот и да им даде поддршка на
родителите и семејствата.

13
5.Совети од патронажна сестра
Во првите месеци после породувањето мајката
нестрпливо ја очекува посетата на патронажната
сестра која ќе и покаже како да го негува
новороденчето

Боја на столицата
жолтеникава боја. Бојата на столицата значи само тоа
колку брзо храната се движела низ
гастроинтестиналниот тракт.

Дали доенчето добива доволно млеко?


Во првите три месеци од животот на доенчето тоа
треба да добива од 150 до 200 гр. телесна тежина
неделно.

Пеленски осип
Често менувајте ја пелената на доенчето
Кожата под пелената добро измијте ја со млака вода

14
Употребете крема која на кожата создава заштитен
слој
Доенчето не смее да има тесна пелена
Кога е можно оставете го доенчето без пелена

Нега на папочната врвца


Негата на папокот е една од важните обврски кон
новороденчето. Препорачуваме чистење со стерилна
газа и физиолошки раствор

Грчеви
На детето може да му помогнете со масирање на
стомачето, во правец на стрелките на часовникот, а
пред се бидете свесни дека овој период на плач ќе
помине, потребно е само трпение.

15
6.Заклучок
Голем број нови родители, подготовката за принова е
оптоварена со многу прашања. Токму од таа причина
се толку важни домашните посети од патронажните
медицински сестри.Советите кои ги добиват за
исхрана и подојување, имунизации, растење и развој,
орална хигиена, безбедност и сигурност на децата,
како и совети за начините на стимулирање на
мисловниот, физичкиот, социјалниот и емоционалниот
развој се од голем значај за родителите. Семејствата
со мали деца што живеат во пооддалечените подрачја
во земјата, како што се планинските села, имаат
најголема полза од посетите од патронажните сестри.

16
7.Користена литература
1. Учебник – Педијатрија за здравствена струка,

прим.д-р Ѓорѓи Османли

2.https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/приказни/
кога-доаѓа-патронажната-сестра%E2%80%8A
%E2%80%8Aтоа-е-како-да-ни-дошол-близок-роднина?
fbclid=IwAR0nBkL92357Pl1oR1p9g9MpqPiAeINmVsQtqd
6nim__8vPh5h0vUIcmRaY

3. https://fzo.org.mk/patronazhna-poseta

4.https://www.novalac.mk/interesno/soveti-odpatronazhna-
sestra/?
fbclid=IwAR3bj3_An08UgYxrZhsahlm4hSnbjYD1MzA9GO
DSDq_OsupxPIu7tVcX7ug

17

You might also like