Природни науки 5одд Тема Сенки

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Светлината патува во права линија и се одбива од предметот

Предметите според тоа дали и колку ја пропуштаат светлината се делат на:


 провидни(кои ја пропуштаат скоро цела светлината и не прават сенки)
 непровидни (кои воопшто не пропуштаат светлина ја блокира сета
светлина, и прават темна сенка)
 прозрачни (кои делумно ја пропуштаат светлината ,но создаваат
посветла сенка)
Три непровидни работи: дрво, метал, пластика, гума
Три провидни работи: стакло, најлон, фолија
Прозрачни материјали се: обоен најлон, обоено стакло, перде
Кога светлината ќе падне врз непровиден предмет се рефлектира а позади
предметот се формира сенка
Сенка е темна површина која се создава кога светлината од некој светлосен
извор е блокиран од страна на некој непроѕирен предмет
Колку извори на светлина имаме ќе имаме толку сенки. Изворот на светлина
кој е најак ќе даде најтемна сенка а изворот на светлина кој е најслаб ќе даде
најбледа сенка
Големината на сенката зависи од
 оддалеченоста на предметот од изворот на светлина;
 од позицијата /аголот под кој изворот на светина го осветлува
предметот ;
 од големината на предметот.
Ако изворите на светлина се поставени на различна оддалеченост ќе имаме
различна сенка
Изворот на светлина кој е најдалеку до предметот ќе даде најдолга и
најбледа сенка
Изворот на светлина кој е најблиску до предметот ќе даде најмала и најјака
сенка
Сенката има иста форма како предметот но различна големина
Со помош на светлината може да се формираат сенки од главата или целото
тело кои се нарекуваат силуети
Силуета е надворешната контура на сенката на некој предмет
Во минатото и денес со помош на силуети се прават портрети и театар со
сенки
Сенките се менуваат во должина и позиција во текот на денот
• најголема кога Сонцето изгрева и заоѓа ,а најкртака е на пладне
Интензитетот (јачината) на светлината може да се измери.
Фотодиода е уред кој ја претвора светлосната во електрична енергија и се
користи за да се направат мерачи на светлина
Примери на примена на мерачите на светлина(мобилни телефони,
фотоапарати, улични светилки итн)
Во некои простории е потребна силна светлина(операциони сали) , а во
некои не многу силна светлина (музеи,галерии,цркви и др)
Јачината на светлината е величина која може да се мери.
Осветленост е колку светлина паѓа на еден квадратен метар.
Единица мерка за осветленост е лукс (lx)
Осветленоста можеме да ја мериме со направи наречени луксометри.
ЛУКСМЕТРИТЕ ја мерат осветленоста со помош на ФОТОДИОДА која ја
претвора СВЕТЛИНСКАТА ЕНЕРГИЈА во ЕЛЕКТРИЧНА и резултатите од
мерењето се прикажани во бројки.
Мерењето на осветленоста ни користи кога сакаме :
а. да добиеме податок за ЈАЧИНАТА НА СВЕТЛИНСКИОТ ИЗВОР
б. да се измери осветленоста во една просторија
Луксметрите се користат кај
-дигиталните фотопарати
-камерите на мобилни телефони.
Зошто има луксметар на фотоапарат?
Тој го мери осветлувањето на објектот што сакаме да го снимаме. Ако се
отчита мала осветленост која не е доволна за да се направи добра
фотографија автоматски се вклучува дополнителен извор на светлина -блиц

Одговори со точно или неточно


1. Сонцето не е единствен извор на светлина
Точно / Неточно
2. Сенка се зодава кога светлината не е блокирана
Точно / Неточно
3. Мојата сенка е најдолга наутро
Точно / Неточно
4. Сенките од непровидни и прозрачни материјали се исти
Точно / Неточно
5. Движењето на земјата во текот на денот не влијае на големината на сенката
Точно / Неточно
6. Изворите на светлина имаат иста јачина
Точно / Неточно
7. Во операциони сали потребно е светло со голема јачина
Точно / Неточно
8. Јачината на светлината се менува ако го зголемуваме растојанието од изворот на
светлина
Точно / Неточно

Заокружи го точниот одговор


9. Кога предметот се оддалечува од изворот на светлина, сенката
а)се намалува
б)се зголемува
в)останува иста
10.Непровидни материјали создаваат
a) најдобри сенки
б)најслаби сенки
в)не создава сенки

11.Супстнциите кои пропуштаат многу светлика се


а)провидни
б)прозрачни
в)непровидни
12.Јачината на светлината се мери со мерна единица
а)килограм
б)центиметар
в)лукс
13.Сенката на човекот напладне е
а)најкратка
б)најдолга
в)не се забележува сенка
14.Куклите за сенки треба да се направат од каков материјал
а)провиден
б)непровиден
в)прозрачен

Дополни
15.За оформување на 3Д очила потrебни се целофан со ___________ и
_____________боја.
16.Куклите за сенки се изработуваат од __________________ материјал.
17.Сенката на човекот е најмала_____________ а најголема ___________________.
18.Предметот што не пропушта светлина е ___________________ предмет.
Одговори на следниве прашања
19.Како се вика современата единица мерка за мерење на јачина на светлина, а која е
направата за мерење на јачина на светлината?
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
20.Опиши како се прави силуета?
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
21.Наброј 3 непровидни материјали и дефинирај кои се провидни материјали?
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
22.Како се менува големината на сенката кај предметот во зависност од далечината на
изворот на светлина?
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________

You might also like